Американците гласаат. Светот зборува.

Зависници од политички вести, слушајте! Блогот на Глобал Војсис за американските изборите, Voices without Votes работи прекувремено за да Ви обезбеди постојана доза од светското мислење.

На денот на изборите во САД , африканските блогери му понудија солидарност на Обама, венецуелски блогер напиша поема за невозможноста за победа на црнец на изборите и во Париз блогерите планираат забави, забави, забави.


Хоа Куач на Voices without Votes, цитира азиски блогер кој ја поделил нивната вознемиреност за претстојните резултати пред да оди на спиење во далечната временска зона:

Во Инднезија, Маман напиша дека ја обзема „чуство на вознемиреност“. И покрај согласувањето на чласачите со неа, таа се припрема за победа на ГОП:
“Јас навистина имам чудно чувство за изборите во САД, тоа е чудно чувство кое што не можам да го опишам. Извештаите за гласањето секако одат во моја полза, ОБАМА ќе победи, но верувам дека трката ќе биде во конечниот резултат. Се обидувам да се заплашам себеси со реалноста АКО ГОП победи на овие избори, тоа ќе биде голем УДАР не само на мојот стомак, туку на повеќето просечни Американци.”

Во Јужна Кореа, Експат Џејн, пишува дека таа исто така чувствува „нервоза и вознемиреност“, но е возбудена да ги дознае резултатите:
“Бев многу смирена за време на оваа кампања. Барем кога станува збор за дебатата за победата на Обама бидејќи јас верувам дека ќе победи. Утре ова време ќе знаеме”

Не заборавајте да го посетите Voices without Votes за реакциите за победникот од највозбудливите избори во поново време…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.