Позитивно блогирање: Разговор во живо за ХИВ/СИДА на 3ти декември

Рајзинг ВојсисРајзинг Војсис и Глобал Војсис одржуваат онлајн чет во живо за блогери и активисти во среда, на 3ти декември 2008 година (15 часот по локално време во Најроби) за тоа како да се користат граѓанските медиуми да се помогне во подобрувањето на освестувањето и информација за епидемијата СИДА. Четот ќе се одржи од страна на кениските блогери Серина Каланде и Дауди Вере.

Секој е добредојден.

Локално време: Њујорк 07:00 | Буенос Аирес 10:00 | Лондон 12:00 | Јоханесбург, Бејрут 14:00 | Најроби, Москва 15:00 | Њу Делхи 17:30 | Toкио 21:00 | Хонг Конг 20:00 | Сиднеј 23:00

Соба за чет: http://www.worknets.org/chat/

Информации за најавување: Кликнете на линкот погоре и најавете се користејќи го своето име. Тогаш селектирајте ја собата на која сакате да и се приклучите со притискање Enter. Штом влезете во собата, селектирајте боја и фонт од левата страна на екранот и придружете се на чeтот.

Чeтот ќе започне со фокусирање на двата проекти финансирани од Рајзинг Војсис,  REPACTED во Накуру, Кенија и AIDS Rights Congo со седиште во Бразавил. Ние ќе научиме како двете организации ги имаат имплементирано блогирањето и програмите за видео распространување со цел да се рашири свесноста за нивните иницијативи во превенцијата од СИДА и поддршка на правата на ХИВ-позитивните индивидуалисти.

Меѓу други теми за дискусија се: Кои се факторите што се мерат кога ХИВ-позитивните блогери излегуваат во јавност со својот статус? Како можат да се формираат онлајн блогерски мрежи за поддршка? Што е со онлајн форумите? Кои се другите нови медиумски алатки, како на пример миксовите (mashups), кои можат да се користат ефективно?

Доколку постојат други теми за кои би сакале да дискутирате за време на четот, ве молиме да додадете коментари подолу.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.