Македонија: Мислења од странските земји за протестите против полициската бруталност

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за Протестите во Македонија во 2011.

Реакциите на повеќето луѓе за протестите против бруталноста на полицијата во Македонија, го покажуваат стисокот на традиционалните медиуми, кои што не се заинтересирани да известуваат за такви „непопуларни“ вести, и ги потенцираат можностите за солидарност кога овие информации се обелоденија.

Јована Тозија, Македонка која живее во Германија, напиша [мк, en] за реакциите на нејзините пријатели :

Многумина од моите меѓународни пријатели ме прашуваа што се случува во Македонија, откако видоа дека објавувам многубројни линкови со чудни писма на Фејсбук и дека ја сменив сликата на профилот. Накратко им го објаснив инцидентот со убиството на Мартин Нешковски. Еве ги нивните реакции и моите лични анализи на нивните моментални реакции.

Една Русинка: И? Полицијата убила маж? Зошто толку се вознемируваш? Не можеш да направиш ништо околу тоа.

Очигледно дека свеста за слободата на говорот не е на највисокото ниво во оваа земја. Не знам дали проблемот е во тоа што тие се плашат или во тоа што се уште не е доволно развиена. Но, знам дека моќта на олигарсите е централизирана и не можете да направите ништо во врска со тоа.

Еден Иранец: Убиена е само една личност?

Тоа беше неговата првична реакција. И него не му е лесно: Тој има видено многу полошо. Минатата година, за време на т.н. „зелена револуција“ во Иран беа убивани млади луѓе од страна на Владата, бидејќи [Ахмадинеџад] не сакаше да признае дека изборите биле фалсификувани. Група на млади прогресивни луѓе протестираа, но безуспешно. Многумина од нив беа убиени, а Ахмадинеџат се уште е на власт.

Една Германка: Како е можно 2 дена да не е познат идентитетот на момчето и случајот да не биде пријавен?

Луѓето од оваа земја се навикнати дека државните институции си ги вршат нивните должности. Таа не беше заинтересирана за тоа дека член на специјалната полициска единица уби едно младо момче, туку како случајот може да се провлекува преку институциите.

Еден Хрват: Ох, Господи, полицијата сите нас ќе не испрати во гроб.

Немам коментар на тоа и не знам што треба да мислам. Претпоставувам дека тој е приврзаник на ACAB теоријата (сите полицајци се гадови).

Неколку дена по почетокот на протестите, бугарскиот блогер Јуруков напиша на неговиот блог:

„Зошто ниту еден бугарски медиум нема известено за овој протест веќе една недела? Зошто морам да се информирам на Твитер во врска со протестите, и тоа поради тоа што случајно следам неколку Македонци. Што чекате? Официјално мислење на Министерството за внатрешни работи или од [премиерот Бојко Борисов]? Дали веќе толку далеку стигнавме? Дали се плашиме дека медиумите ќе бидат обвинети за немири доколку протестите се префрлат во Бугарија? Зошто молчат дури и публикациите кои се познати по нивната независност? Или ќе мораме прво да чекаме вестите да станат популарни, па потоа да дискутираме за нив?

Јуруков забележа дека, неделата кога започнаа протестите, само два бугарски интернет портали известуваа за тоа: Dir.bg и News.bg. (Но, овие портали не објавија дополнителни вести за темата во наредните неколку недели)

Веб сајтот Стоп за полициското насилство објави статија за поддршката на протестите од словенскиот женски хор  „Комбинат“:

„Ви испраќаме фотографија за да ве поддржиме. Сликана е на нашиот концерт во [Целје], посветен на вас кои протестирате против полициската бруталност во Македонија. Ќе ви испратиме [петиција] потпишана на концертот. Луѓето во Словенија немаат претстава за тоа што се случува во Македонија, бидејќи нашите медиуми не пишуваат, ниту известуваат за тоа… Прифатете го нашето сочувство и поддршка. Ние сме со вас во нашите мисли и срца.

 

Концерт на хорот „Комбинат“ во Целје, Словенија. Фотографија од Комбинат, искористена со дозвола!

Македонските демонстранти продолжуваат да ги повикуваат луѓето од странство да ја покажат нивната поддршка за протестите, со пишување или правење видеа за нив.

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за Протестите во Македонија во 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.