Малави: Први веб награди и претседател со профил на Фејсбук

За првпат во историјата, граѓаните на Малави ќе имаат можност да го дадат својот глас за „Малависките веб награди 2008“. Наградите ќе бидат доделувани за различни категории, вклучувајќи веб претприемачи, онлајн емитување, музички видеа, социјални интерактивни медиуми, онлајн магазини, блогери, новинари, веб артисти. Исто така постојат категории за достигнувања кои не се базирани на интернет, вклучувајќи најдобра малависка личност и лидери на утрешнината. Со зборови на организаторите:

Малависките веб награди беа започнати со цел да се признаат придонесите од минатата година од страна на Малавијците. Мајависките веб награди најчесто ги признаваат индивидуалистите кои помагаат во промовирање на Малави и кои ја подигнуваат свеста за прашања кои влијаат на популацијата од Топлото срце на Африка. Оваа година номинираните ја подигнуваа свеста за Малави во различни области (политика, култура, забава).

Најавата е објавена преку три формати: на блогот Моментални вести од Малави на Калеб Фири, на настан креиран на социјалната мрежа Фејсбук, на сајтот за видео споделување YouTube.

Помеѓу десетиците луѓе номинирани за различни награди се Хазел Варен, Малавијка која оваа година беше на второ место на реалната телевизиска емисија Big Brother Africa, блогерите Вилијам Камквамба и Виктор Каонга, тренерот на националниот фудбалски тим на Малави, Кинах Фири, неколку ТВ и радио личности и музичари како Лавренс Мбенере, прикажани во видеото подолу:

За секоја категорија може да се гласа до петок, 19ти декември 2008 до 22:00 GMT. Резултатите ќе бидат објавени во понеделник на 22 декември 2008, на блогот Моментални вести од Малави.

Вестите за првите веб награди во Малави доаѓаат во време на најавата за креирање на Фејсбук профил на поранешниот претседател на Малави, др. Бакили Мулузи, со цел да се поврзе со младината на Малави од целиот свет. Како додаток на неговиот Фејсбук профил, др. Мулузи исто така креираше и Фејсбук група за своите поддржувачи:

Фрупа на Фејсбук на Бакили Мулузи

Моменталниот претседател на Малави, др. Бингу ва Мутарика, исто така има група на Фејсбук, која постои од мај 2008.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.