Српска школа за веб-новинарство: Креирање на идни трендови во новинарството

Школа за веб-новинарствоБлогирањето во Србија е помалку популарно во однос на многу други земји во Европа. Љубиша Бојиќ, српски новинар и блогер во Global Voices, реши да преземе нешто во врска со тоа. Со поддршка од Српската асоцијација на новинари тој успеа да отвори школа за веб новинарство во Белград во март 2008 со цел да обучи почетници и искусни новинари за новите медиуми и социјалните мрежи. Идејата е овие новинари да научат да ги користат новите технологии и да ги применуваат во секојдневната работа, креирајќи идни трендови во српското новинарство. Школата не само што е уникатна во Србија, но исто така и во југоисточна Европа. Rising Voices овозможи средства за да го поддржи вториот циклус од Српската школа за веб-новинарство.

Студенти

Неколку од студентите од втората рунда на работилници на Српската школа за веб-новинарство

Онлајн новинарството е дефинирано како известување за факти, кои се создадени и дистрибуирани преку интернет (Википедија). Традиционалните новинари често не ги сметаат блогерите без професионално искуство за новинари. Но, од 2005, блогирањето генерално привлече повеќе внимание и доведе до некои промени врз традиционалното новинарство. Повеќето интернет корисници се согласуваат дека онлајн изворите се често помалку пристрасни и поинформативни од официјалните медиуми.  Овие денови професионалните новинари се повеќе ги користат овие моќни медиуми. Оваа школа ќе им помогне на амбициозните српски новинари да се вклучат во веб-новинарството.

Повеќе за наставниот план на Српската школа за веб-новинарство може да погледнете тука. Во основа студентите учат како да користат блогови, да уредуваат веб-содржини, да работат со фотографии и видео новинарство, да научат за подкаст, социјално обележување на сајтови, социјални мрежи итн. Тие исто така ќе се запознаат со кибер-активизмот, онлајн маркетингот и новите медиуми. Сето ова се изучува преку 12 модули во 12 недели.

Втората рунда од работилниците започнаа на 23 ноември 2008. Учесниците во оваа рунда се најчесто млади дипломци по новинарство, политички науки и професионални новинари. Профилите на учесниците, како и фотографии од нив може да се погледнат на следниов линк.

Сите учесници

Српската асоцијација на новинари и Министерството за култура на Србија имаат одобрено грантови за седум од четиринаесетте студенти, со цел да компензираат за школарината и за они кои се останати без работа поради работилницата.

На 29ти ноември, новинарот Предраг Прокопљевиќ одржа теоретска сесија за две форми на новинарството: известување и вести и потоа следуваше и практична сесија. Славољуб Кацаревиќ, одговорниот уредник на магазинот Балкан одржа предавање за како да се изведуваат интервјуа.

На 30 ноември Љубиша Бојиќ презентираше кратка историја за интернетот и зборуваше за граѓанското новинарство, новите медиуми, дигиталната промоција, користењето на Gmail и отворање на блогови со помош на WordPress. Според нивниот блог на Rising Voices, студентите биле мотивирани за да го истражат интернетот и да ги креираат своите први блогови.

Еве линкови до новите блогови на учесниците:

Сајтот Netvibes ги собира сите фидови од блоговите на студентите на српски јазик.

Ќе бидете зачудени колку добро овие студенти ги искажуваат своите мисли на блоговите, користејќи фотографии и текст.

Расел Гордон

Расел Гордон во Српската школа за веб-новинарство. Фотографија: Горан Нечин

На 6ти декември, американскиот фотограф и репортер Расел Гордон одржа предавање на тема „Медиумска војна – правилно и неправилно користење на фотографијата“. Прочитајте тука повеќе информации за презентацијата и реакциите на некои од студентите кои  напишаа за тоа на нивните блогови.

По презентацијата студентите го интервјуираа Расел Гордон:

Наредната недела закажано е Расел Гордон да одржи курс за фото-новинарство за студентите од школата за веб-новинарство. Еве дел од слајдовите кои ќе бидат презентирани:

Курс за фото-новинарство на Српската школа за веб-новинарство

Милица СтојковиќНа 13 декември Школата за веб-новинарство имаше еден специјален гостин: госпоѓа Милица Стојковиќ, познат виолинист и сликар. Таа има 77 години и е најстариот, но многу активен веб-новинар во Србија. Пред неколку месеци таа учествуваше во првата рунда на работилници во Школата за веб-новинарство и доби диплома како еден од најуспешните студенти. Интегрирајќи музички делови од познати композитори и нејзините слики изработени до мрсни бои, Милица Стојковиќ сега може да креира мали мастер-дела, музички и комерцијални видеа, кои можат да се користат за промоција и најави на музички настани.

Тука може да најдете детали за нејзината сесија за комерцијални видеа.

Слајдовите од презентацијата се достапни тука. Еве неколку слајдови кои се создадени од учесниците.

Се надеваме дека со користење на алатките на новите медиуми овие веб-новинари ќе создадат различна култура во новинарството во Србија, која ќе се заснова на интерактивност со помалку правила и помалку ограничувања.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.