Треската Памела ја зафати Индија

Памела Надерсон. Фотографија од Фликер

Холивудската глумица и манекенка Памела Андерсон неодамна стана популарна тема на Твитер откако отиде во Индија да учествува во реалното шоу „Големиот Газда”, индиската верзија на „Големиот брат”. Таа доби грубо добредојде од нејзините луди обожаватели на аеродромот во Мумбаи, кои постојано ја допираа и бараа да се сликаат со неа  и да и земат автограм. Исто и индиските медиуми панично се обидуваа да стигнат до неа и да дознаат што повеќе, од нејзините облеки и поздрави до тоа што јаде. Индиските нетизени го рефлектираат мислењето на индијците за Памела.

Греатбонг напиша смешна забелешка на Случајни мисли на избезумени умови:

Повеќето индиски момчиња кои што растеле во 90-тите, фантазирале за денот кога ќе ја донесат Пам Андерсон дома како нивна баху (невеста)—-шармантна во своите црвени Бајуач-бикини обоено сари, нејзината мангалсутра светка на измешаните светла, доаѓа во собата држејќи чаша млеко.

И тогаш таа се наведнува и ни ги допира стапалата.

Бар се наведна.

Но знаевме дека е само фантазија. Па и зошто би доаѓала во Индија кога си има сончеви плажи во Калифорнија за веселење? И покрај се, што имаме ние индиските момци, со нашата способност да ја рецитираме таблицата за множење дури до 23, да и понудиме што таа не може да добие од Томи Ли и Кид Рок?

Блогерот продолжува:

Епа сега има. Дури и ако е потребен дополнителен доказ за тоа зошто Индија сјае, тоа е поради тоа што конечно успеавме да ја добиеме, од месо и крв. На кого му е гајле што сега е постара и гаранцијата на силиконите и истекла? Сепак, ако ние Индијците не направиме просечен службен договор, кој ќе направи?

Памела веќе ја разбранува Индија со нејзиниот изглед во белото сари (како овде), а индиското министерство за радиодифузија додаде повеќе драма со тоа што го забрани реалното шоу „Големиот Газда” (заедно со уште едно друго) во ударно време, како што пренесува Сантос К. Чоудури:

Министерството за радиодифузија денеска издаде известување според кое „Големиот Газда” и „Ракхи ка Инсааф” не се погодни за сите возрасти и во иднина овие канали ќе можат да бидат емитувани само помеѓу 23 часот приквечер и 5 часот на сабајле, а со тоа е додадено и дека не е погодно за деца и дискрецијата на родителите е неопходна.

Индиските твитерџии брзо го кажаа своето мислење:

iSuvigya: Претпоставувам дека Памела си го загубила багажот, можеби тоа е причината зошто носи само едно парче ткаенина на себе! за никаде.

fillevampire: „Големиот Газда” треба да се пренесе на ноќните каналите на сателитска. Вулгарно е, безобѕирно и откако влезе Памела дури и ефтино, меко порно.

rohsudaa: „Големиот Газда” нема голотија ниту пцофки, па зошто тогаш да се помести времето на емитување?

whistlepodu: Како што му ветивме на Обама, почнавме да даваме работа на американци….Памела е првата регрутирана

sonampawar85:  Поместувањето на „Големиот Газда” и „Ракхи ка Инсаф” во 23 часот, само ќе предизвика децата да остануваат до подоцна за да ги гледаат.

Sourav_RB: Од друга страна Врховниот Суд во Бомбај останува на тоа „Големиот Газда” да биде поместен од 23 часот .

Мајанк Шарма, кој коментираше на постот на Греатбнг, дава најдобар заклучок:

Тоа што ја добивме е навистина достигнување. Тоа е едноставна бизнис зделка-3 дена за околу 550,00 американски долари, но ние мислиме дека се гагаме на неа исто како во случајот со Обама…. колонијален мамурлак, комплекс на потчинетост….како сакате наречете го.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.