Мароко: Англискиот јазик како втор службен јазик

Во неодамнешното интервју во Африкан Рајтинг Онлај, Лаила Лалами, мароканско- американска авторка, го образложи нејзиното училишно воспитување. Лалами израсна зборувајќи мароканско-арапски до нејзината тинејџерска возраст, кога „конечно ги сретна мароканските новели кои беа напишани од марокански автори и кои опишуваа марокански карактери.“ Ова се должи на фактот што Лалами, како дете, учеше во француско училиште. Таа вели:

Францускиот јазик беше јазикот на кој јас најпрво бев изложена на литературата, започнувајќи со детските стрипови како што се Астерикс и Обеликс, па низ младешките новели како што се оние на Александар Дима и сѐ до класиките на Виктор Иго.

Сепак, Лалами ја објави својата прва новела, „Тајниот син“ на англиски јазик, откако се здоби со докторат за лингвистика на универзитетот во Јужна Калифорнија.

Искуството на Лалами е речиси вообичаено за студент во Мароко. Саид Белари, писател во Moroccoboard.com, се заложува за постепено искоренување на зависноста од францускиот и претставувањето на Англискиот јазик како втор официјален јазик во Мароко. Во неговиот есеј, ни го претставува ултрамодерниот концепт познат како „отписменување“:

Тоа значи дека тие лично говорат на погрешен јазик во Мароко и со останатиот дел од светот. Поради тоа ние не успеваме да се движиме со глобалните текови и се изолираме себеси сѐ повеќе и повеќе од развојниот раст на другите области во странство, како оние во Југоисточна Азија. Само да биде јасно уште на почетокот: со ова тврдење не сакам да кажам дека треба да престанеме да говориме арапски во Мароко. Allah yastar (Алах нека има милост)! Во најмала рака, можеби треба да го правиме тоа сѐ повеќе. Она што всушност мислам е дека, треба да целиме кон избледување на францускиот јазик што е можно побрзо. Истовремено,  на англискиот јазик треба да му дадеме свеж стимул во секој аспект на мароканското општество и да си го заземе местото како втор службен јазик во Мароко. Францускиот јазик, во таа смисла  не треба да биде ниту трет, ниту четврт јазик . Оваа промена од држава на франкофонија во една држава на „арапска англофонија“ ќе ја претстави втората ера на независноста (Istiqlal).

Јазикот е клучна компонента во формирањето на општеството.  Општествата се создаваат заеднички, базирани на заеднички вредности и една цел е да се формира начин на меѓусебна комуникација, за да се развива. Белари пишува дека самоуништувачко за мароканското општество е доколку продолжи да го има францускиот јазик како втор јазик:

Секој марокански академик, научник, претприемач, уметник, писател, доктор, политичар или било кој друг клучен општествен лик, лесно би признал дека францускиот јазик е Господар на мароканскиот универзум. Повеќе од 50години, Франција сѐуште успешно го држи Мароко во живот, во илузија и нафрлувајќи дека ние имаме потреба од нашите историски и културни врски со нив.

Исто така, поминаа 55 години од осамостојувањето на Мароко, но сепак француските влијанија се сѐуште јасни. Јазикот е автореференцијална алатка користена за изразување на општествениот идентитет. Секој јазик ги нуди своите тонови, гестикулации, изрази на лицето и акценти. Исто така, придружен е и од тешка историја. Во овој случај, Белари вели:

Во останатиот дел, Францускиот јазик како лингва франка во мароканското општество, свесно, но многу повеќе несвесно, сѐуште нѐ потсетува дека сме робови, дека сме зависни, во заден план, оневозможени и луѓе од втор ред или подобро кажано: да бидеме она што рацистите го мислат за нас, да бидеме од втор ред: јас сум помалку вреден, помалку способен.

Во прилог на разликувањето на националните идентитети, со зголемена употреба на англискиот јазик ќе се отворат нови врати кон светот на науката и технологијата. Еден блогер на Бла Франција, Хичам, го опишува недостатокот на напредок во научната сфера. Зависноста од францускиот јазик, посебно во образованието и истражувањето на науките, не мора да значи дека носи доволна заработувачка за Мароко. Хичам ги набројува следните статистики:

- 50% من الطلبة المسجلين في السنة الأولى يغادرون الجامعة قبل نهاية السلك الأول، دون الحصول على أية شهادة،
– 9,3 هو معدل عدد السنوات التي يستلزمها الحصول على شهادة الإجازة (أربع سنوات جامعية بالوثيرة العادية)،
– أقل من 10% من الطلبة المتخرجين فقط يحصلون على شهادة الإجازة في ظرف أربع سنوات، *

- 50% од студентите запишани во прва година на универзитет ги напушта студиите уште пред крајот на првиот рок, без да се здобијат со било каков сертификат.
– 9.3 е просечниот број на години потребни за дипломирање (најчесто трае четири години),
– помалку од 10% од дипломираните студенти добиваат диплома во рок од четири години.

И покрај тоа што високите трошоци се причина за ниската стапка на дипломирање, реалност е дека:

أزيد من نصف طلبة السنة الأولى في كلية العلوم لا يفهمون درس العلوم الملقن باللغة الفرنسية
Повеќе од половина  бруцоши на факултетите за наука, не ги разбираат предавањата на француски јазик.

Францускиот јазик е прилично распространет во Мароко, но повеќето студенти не би се нафатиле да учествуваат активно во научниот свет каде францускиот јазик е прв јазик. За да се подобри ситуацијата, блогерот кој цитира дел од делото на Калед Сами за потребата на научни е- документи на арапски, предлага:

إصلاح الدراسات الجامعية الراهن يخصص نصف السنة الأولى من التعليم الجامعي لتعلم اللغات وتقانات التواصل وهو ما يعني بالواضح، في حال كليات العلوم، تعلم اللغة الفرنسية. إلا أن هذا الإجراء، على صعوبة إثبات جدواه، ذو كلفة عالية، فمجرد توفير الأساتذة الأكفاء بقدر كاف أمر بعيد المنال، ناهيك عن واقعية تعلم اللغة في أربعة أشهر
Во моментов, со реформите во додипломските студии, предвидено е  во првата половина на првата година во високото образование да се учат јазици и комуникациски технологии, што значи, очигледно е, во природно- математичките факултети, е тоа што се учи на француски јазик.
Како и да е, оваа постапка, тешкотијата при одредувањето на нејзината остварливост, цената е висока, само обезбедување на доволно квалификувани наставници е неостварлив,  и да не спомнуваме за реално учење на јазик за четири месеци.

Обезбедувањето на интензивен курс по француски јазик е еден начин за да се смири ситуацијата, но Хичам ги охрабрува универзитетите да им дозволат на своите студенти да го истражуваат научниот свет преку нивниот сопствен народен јазик, арапскиот. Ова не го намалува огромниот број на научни изданија и интернет референците на англиски јазик. Интернационални форуми и организации во научната сфера преферираат повеќе да комуницираат на англиски отколку на арапски јазик или пак на француски.

Белари продолжува во неговиот есеј да говори за пропагирање на англискиот јазик како втор јазик, што би не одвело до:

вистински колективен плоден бран кој говори за моќта на волјата, само- потврдувањето, само- изразувањето и нова доверба, надеж и оптимизам за иднината. Тоа е колективниот напор на луѓето возејќи го Лараки на мароканската судбина,  а непрекинато кочат гледајќи во ретровизорот наместо да гледаат напред во 2050-та година и подалеку, во единствениот интерес за нашите деца и внуци.

Доколку англискиот јазик ја добие титулата на втор официјален јазик во Мароко, на жителите на Мароко ќе им се створат целосно нови извори на економски и социјални можности.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.