Rising Voices бара предлог-проекти за популаризирање на граѓанските медиуми

Краен рок за аплицирање: петок, 4 февруари, 2011 година до 23:59 часот

risingvoices1.jpgИма повеќе од три години откако Rising Voices започна со својата едноставна цел: да помогне во донесувањето на нови гласови од помалку застапените заедници на глобално ниво, преку користење на граѓанските медиуми. Го постигнувавме ова со обезбедување на микрогрантови, како и техничка и менторска поддршка на заедниците кои ги добија тие грантови. Од првиот микрогрант натпревар кој беше објавен во мај 2007 година, обезбедивме почетно финансирање на 24 проекти од целиот свет за да им помогнеме да ги претворат своите идеи во реалност. Различноста на финансираните проекти го направи Rising Voices уникатно веб место од каде може да се добие првичен поглед кон различни места во светот, како што се Таматаве, Мадагаскар и Уланбатар, Монголија, преку написите на овие нови блогери.

Од 11 јануари, 2011 година, Rising Voices ја објавува последната рунда на микрогрант финансирање и отсега па натаму прифаќа предлог- проекти од невладини организации (НВОа) или индивидуалци, за финансирање до 4000 долари за проекти за популаризација на дигиталните медиуми. Идеалните апликанти би биле оние кои би претставиле иновативни и детални предлози со кои би ги учеле помалку застапените заедници кои се не се во можност да ги откријат и да ги искористат придобивките од алатките, како што се блогирање, видео- блогирање или поткастинг, на техники за користење на ваквите граѓански медиуми.

Кој може да аплицира?

Ова финансирање е отворено и за НВОа и за приватни лица. Сепак, ако една НВО нема искусни тренери за граѓански медиуми во состав на нивниот персонал, особено е важно да побара соработка со локалната заедница на блогери, со цел да пронајде соодветен тренер(и) со потребните вештини. Од друга страна, би било особено корисно индивидуалните апликанти да склучат партнерство со постојна НВО од заедницата во која планираат да дејствуваат со цел да се зголеми ефектот од проектот.

Каков вид на проекти би можеле да се финансираат

Rising Voices бара предлог- проекти кои ја делат нашата мисија за донесување на гласови од новите заедници, како и од помалку застапените јазични групи на онлајн глобално ниво, со користење на граѓанските медиуми. Примарните активности на проектот треба да обезбедат тренинг работилници за користење на граѓанските медиуми на таргетираните заедници, како и постојана поддршка и менторирање на учесниците. Ве молиме погледнете го списокот на сегашни и алумни проекти кои добиле грантови, како пример за претходно финансирани проекти.

Примери за потенцијални проекти вклучуваат:

  • Дистрибуција на мали видео камери на локалните жители со цел да им помогнете да идентификуваат и документираат проблеми од животната средина и да предложат решенија.
  • Склучување на партнерство со локална библиотека, веќе опремена со компјутерска лабораторија, со цел тренирање на млади како да ја снимаат и документираат историјата на нивното локално соседство, преку користење на mp3 рекордери за интервјуирање на постарите од локалната заедница.
  • Организирање на работилници за блогирње за локалните занаетчии со цел да им се помогне да ги маркетираат нивните производи онлајн, но и да ја раскажат нивната приказна и историја.
  • Дистрибуција на дигитални камери од 10 долари на две различни групи во две различни соседства и креирање на група на Flickr на која би ги разменувале своите фотографски перспективи од градот.

Процес на аплицирање
Заинтересираните апликанти треба да ја пополнат онлајн апликацијата (линк тука), која што исто така треба да вклучи и детален буџет. Ако сакате да ги симнете прашањата од апликацијата за да ги пополните офлајн и ги прикачите подоцна на интернет, ве молиме симнете го текст документот тука (PDF формат). Иако се добредојдени и охрабруваме проекти од секој дел на светот, сите апликации мора да бидат пополнети на англиски јазик.

Rising Voices грантовите ќе се движат помеѓу 2000 и 4000 долари. Ве молиме бидете колку што можете попромислени, поспецифични и реалистични кога го составувате вашиот буџет. Охрабруваме апликанти кои ќе поднесат буџет помал од максимумот од 4000 долари, бидејќи помалите грантови ни овозможуваат да најдеме повеќе проекти.

Крајниот рок за аплицирање е петок, 4 февруари, 2011 година до 23:59 часот. Сите апликанти ќе добијат електронска порака со потврда дека сме ги добиле вашите предлози. Предлозите ќе бидат прегледувани од страна на комисија од вработени и волонтери на Global Voices, како и од членови на претходно финансирани проекти од Rising Voices. Добитниците на грантовите ќе бидат објавени на 28 февруари, 2011 година.

Очекувања за успешните грантисти

Успешните проекти ќе бидат важен дел од мрежата на Global Voices. Добитниците на грантовите ќе треба да потпишат договор за користење на грантот во кој ќе се дефинираат сметководствените работи, известувањето и други одредби и услови во врска со тоа како грантовите ќе бидат дистрибуирани. Грантистите ќе треба исто така да објавуваат, регуларно, ажурирања од нивниот проект на веб сајтот на Rising Voices, ќе треба да бидат во регуларна комуникација со персоналот на Rising Voices како и активно да учествуваат во заедницата на Rising Voices.

Слободно поставувајте прашања во делот за коментари сместен подолу или со испраќање на електронска порака на eddie [at] globalvoicesonline [dot] org.

3 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.