Судан: Високата технологија не е замена за обичните луѓе

Џорџ Клуни започна проект наречен Сателитски Чувар, кој се користи со сателитски снимки за анализа и технологијата за обележување на Гугл мапите, за да се спречи продолжување на војната помеѓу Северен и Јужен Судан. Проектот ќе обезбеди систем за рано предупредување и спречување на масовните злосторства:

Задоцнивме во Руанда. Задоцнивме во Конго. Задоцнивме во Дарфур. Нема време за чекање во Судан. Нашиот систем на мапи ќе комбинира анализа на сателитски слики и теренски извештаи со помош на технологијата за означување на Гугл мапите за да се спречи продолжување на војната помеѓу Северен и Јужен Судан.

Јужен Судан, на 9 јануари 2011 година, ќе одржи референдум за тоа дали треба или не да остане дел од Судан.

Карне Крос, поранешен британски дипломат, напиша критика за проектот на неговиот блог дискутирајќи дека високата технологија не е замена за обичните луѓе.

Тој вели, ” Во принцип, ова е добра идеја и намерата е сигурно беспрекорна. Но две прашања ми паѓаат на памет.”:

Првото е дека многу експерти веруваат дека било кој конфликт помеѓу Северот и Југот е малку веројатно дека ќе предизвика масовно движење на трупи или тенковски формации преку границата, или инвазија од Суданските Вооружени Сили (СВС) на нафтените полиња на граничните области- воени активности кои, се разбира, сателитски лесно можат да се воочат. Конфликтот во Судан напротив е многу поверојатно да се случи во форма на спорадично високо локализирано насилство можеби вклучувајќи и војски кои што работат како застапници за владата на Картум (како Џанџавид во Дарфур). Друга можност е локален судир на племињата охрабрен од владини провокации и разгорен со достава на оружје, вклучувајќи тешки оружја.

Неговата втора грижа е дека проектот се темели на скапа технологија и ги игнорира обичните луѓе на земјата:

Мојата втора грижа е дека оваа иницијатива, како и многу други од ова време на опседнатост со технологии, промовира „тешка технологија“, скапо и не треба да се каже – модерно решение над постојните механизми кои ги експлоатираат оние неупотребливи, немодерни и игнорирани ресурси, локалните луѓе.

Тој дискутира дека референдумот се приближува, најкорисната технологија на крајот може да бидат Суданските Гласачки Надгледувачи, кои користат Ушахиди платформа:

Како што Јужен Судан се приближува кон референдумот, на 9 јануари, за неговата самоопределба, покорисна технолошка платформа во претстојните недели може да биде оваа. Идејата на Суданскиот Гласачки Надгледувач е луѓето да праќаат смс пораки до централниот број со извештаи за насилство, проблеми на гласачките места, итн.

Суданскиот Гласачки Надгледувач е пилот проект предводен од Суданскиот Институт за Истражување и Политика (СИИП) и Асмаа Општество за Развој, во соработка со други судански цивилни организации и подржан од eMoksha.org и Ushahidi.com (технички партнери). Целта на иницијативата е да се користи информациска и комуникациска технологија (ИКТ) за подршка на независните надгледувачи и известување за гласачкиот процес и резултати.

Ушахиди (свахилски за “сведочење” или “сведок”) беше креирана како последица на спорните претседателски избори во Кенија во 2007 година за собирање на извештаи од сведоци на насилство испратени по емаил или смс порака и нивно поставување на Гугл мапата.

Суданскиот Гласачки Надгледувач ќе почне да објавува тековни извештаи од Цивилната Општествена Организација, медиумите и од индивидуалци за референдумот во Судан на 3 јануари 2011 година.

Иако, Суданскиот Гласачки Надгледувач користи „технолошко“ решение,

се потпира на широката опфатност и на основната технологија на мобилните телефони. Пред се, се потпира на мудроста и надгледувањето од локалните луѓе, сигурно најдобрите судии за тоа дали еден конфликт навистина се случува или е неизбежен.

Тој упатува дека крајно време е да ги вклучиме луѓето кои што се најмногу погодени и исто така најинформирани:

Како што дискутирав претходно, останува да се критикува дека во дискусиите на ОН, на пример на Советот за безбедност, премногу чест е случајот локалните луѓе да бидат отсутни, непоканети. Овие се луѓето кои се најпогодени од одлуките донесени од овие високи тела; тие се исто така најинформираните. Кога Советот на безбедност на ОН го разгледува Дарфур, нема претставници од Дарфур на состанокот. Ова е за жал случај со речиси сите такви дискисии, ОН како тело на владата не толерира не-државни актери, дури и ако тие се легитимни претставници на потиснатите луѓе, како обичните Суданци.

Тој заклучува велејќи дека сите ние треба да ги слушаме гласовите на локалните луѓе:

Локалните луѓе се без исклучок најмудри, најдобри и најтековно информирани за конфликтите и заканите по нивната безбедност. Сите ние треба да ги слушаме.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.