Иран: Надеж, радост, завист кога Египет се ослободува

Иранските блогери денес го поздравија заминувањето на египетскиот претседател Хосни Мубарак и со радост и со завист. Неверојатна коинциденција е фактот што Мубарак е симнат од функцијата точно на 32та годишнина од револуцијата од 1979 година кога шахот беше соборен.

Некои блогери исто така ја користат оваа прилика да ги потсетат читателите дека Зеленото движење ги повикува на демонстрации на 14 февруари, понеделник во име на Египет и Тунис.

Mamlkate Darim? (што значи „Каква држава?“’) пишува :

Египќаните спиеја на улиците 18 дена и сега се радуваат. Ние, Иранците, спиевме 32 години по улиците [зборувајќи за револуцијата од 1979 година]..каква држава имаме?

Sedaye Zendani (што значи „Гласот на затвореникот“) вели [персиски]:

Египетскиот народ ги доби своите права. На 25 Бахман (14ти февруари), понеделник, ќе излеземе на улиците да славиме за вас. Требаше и ние да ги добиеме истите права како и Египќаните, но тие беа попаметни и ги добија побргу од нас. Сега мораме да излеземе на улиците и да ги бараме нашите права и да ја прославиме волјата на овој народ за победа. За да прославиме победа на еден народ, не ни е потребен ни лидер, ниту пак дозвола.

Mihanparast (што значи „Патриот“) пишува [персиски] со иронија, „Зошто Мубарак мораше да замине сега, можеше да почека уште два дена и да замине заедно со Сејед Али [Ајатолах Хаменеј].“

Rag be Rag им честита [персиски] на египетските браќа и сестри и вели, клучот на победата е да се оддели религијата од државата.

Greenlights пишува [персиски] дека поради сета пролеана крв, тој ќе учествува во демонстрациите на 14ти февруари.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.