Египет: Чистење на Тахрир

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Египетски протести 2011.

Последниве неколку недели, како што Египќаните ја „исчистија“ својата земја од диктаторство, плоштадот Тахрир беше полн со луѓе, полн со радост и како резултат на тоа, полн со работи за расчистување. Иако активистите на центарот на плоштадот се погрижија за својот  привремен дом, сепак имаше уште многу работа како што народот се намалуваше.  Денес, извештаите велат дека централно Каиро е почисто од кога и да е, благодарение на многуте доброволци кои помогнаа.

Како што @CairoCityLimits истакнува на Твитер:

Централно Каиро: Најчистиот град кој некогаш постоел? Дури и рабовите се свежо фарбани. #јан25 #тахрир

@JonJensen додава:

Масивни напори за расчистување на Тахрир се во тек- најмногу од граѓаните на Египет. Првите коли почнуваат да поминуваат. #Египет

Надоврзувајќи се на фотографијата (подолу), Арва Махмуд (@arwasm) ја покажува тимската работа на дело:

Ја поправаме калдрмата што ја уништивме откако ги користевме камењата за да се заштитиме! #јан25 #египет http://yfrog.com/h2lcsqj

Група доброволци ја поправаат калдрмата на Плоштадот Тахрир

Абделрахман Хасан (@estr4ng3d) има да сподели слика од приземјена положба од плоштадот и ова да го каже:

Не претерувам кога велам  дека асфалтот на  #тахрир е  ЧИСТ КАКО СОЛЗА. Дури и мириса на средство за дезинфекција! http://yfrog.com/h49dehcj

Глетка на Плоштадот Тахрир од приземјена положба

Тој додава:

Буквално е предизвик да се најде прашина за да се исчисти на #тахрир сега.

И повторно, познатата египетска смисла за хумор се појавува, со коментарот на @SharifKaddous:

Се судрив со братучед ми, Исмаил Нагиб, на мостот Каср Ел Нил. Тој вели: „новото оружје е метлата“ #Тахрир #Египет


Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.