Аргентина: По 35 години, да живее карневалот!

Carnaval Porteño

Фотографија од Фликр од владата на градот Буенос Аирес (Криејтив Комонс, Наведи извор 2.0)

Кога се зборува за карневалот во другите земји во Латинска Америка тоа е вообичаено како и дискусијата за политика, салса и румба, но карневалот во Аргентина веќе многу години му припаѓаше на минатото. Во јуни 1976, за време на воената диктатура, карневалот како празник беше отстранет од календарот на неработните денови со закон бр. 21329. Законот беше изменет минатата година и Аргентина оваа година го прослави карневалот на 7 и 8 март кои ги одбележа како празнични денови.

Заради забраната од 1976, се изгубија многу традиции: ги снема празниците, парадите во соседствата, посипување вода на минувачите на улица или познатите водени балони и кофи полни со вода. Сепак, многу градови во државата одржаа карневалски прослави како што се меѓу другите: Гвалегвајчу [шпански], Кориентес [шпански], Салта [шпански] и Умахуака [шпански]. Буенос Аирес не ја изгуби традицијата и продолжи со „мургаси“ или она што вообичаено е познато во другите земји како „компарсас“ (карневалски улични бендови). Но, Аргентина сè уште немаше датум за државни неработни денови за да ги овековечи празничните свечености.

Во 1983, со враќањето на демократијата во Аргентина, познатите аргентински мургаси [шпански] започнаа повторно да се појавуваат, но карневалските празници во голема мера останаа неостварени.

Во ноември 2010, претседателката Кристина Фернандез де Кирхнер со измените и дополнувањата во законот 21.329 го врати назад задоволството, особено кај оние кои се бореа за повторно воведување на карневалските празнични свечености како Здружението Мургас [шпански] кое ја постигна својата цел по 14 протести:

Después de 27 años en democracia y tras 14 multitudinarias marchas carnavaleras que las murgas realizamos año tras año en reclamo de la restitución del feriado nacional de lunes y martes de carnaval, logramos un hecho histórico, sin precedentes y de una profunda y enorme alegría: volver a tener los feriados de carnaval

По 27 години демократија и 14 масовни марша организирани од страна на карневалските улични бендови кои настапуваа од година на година и со тоа настојуваа да го вратат државниот карневалски празник кој ќе се прославува во понеделник и вторник, го постигнавме историскиот настан, без преседан кој предизвика огромно задоволство; ние повторно ги имаме карневалските празници
Carnaval Porteño
Фотографија од Фликр од владата на градот Буенос Аирес (Криејтив Комонс, Наведи извор 2.0)

Блогови како Ла република де лас палабрас [шпански] (Република на гласоот) го искажаа своето задоволство за враќањето на карневалските празници. Многу весници во Латинска Америка, како еквадорскиот Ел Комерсио [шпански], гватемалскиот Пренса Либра [шпански] и боливискиот Ел Дебер [шпански] го објавија враќањето на карневалот.

Ако земеме во предвид дека поминале 35 години од прекинувањето на карневалските празници, ова значи дека многу генерации не го знаат значењето на веселбата или причината за тоа задоволство и прослава. Или можеби мислеле дека треба да отидат во Бразил за да го доживеат карневалот. Перла А. во својот личен блог пишува за искуството на генерациите каде младите учат за веселбата од приказните кои се раскажани од страна на нивните родители или баби и дедовци:

Todos lo que tenemos entre 30 y 40 años hemos crecido con los relatos de los carnavales de nuestros padres, de los disfraces que usaban y de la atmósfera festiva que se vivía, no en vano una canción dice: por esos cuatro días locos que vamos a vivir, en clara referencia a este festividad.

Сите ние кои сме на возраст од 30 до 40 години израснавме со приказните на нашите родители за карневалот, за носењето костуми и празничната атмосфера која постоела тогаш. И песната не кажува напразно „ние ќе живееме во текот на тие 4 луди дена“ која очигледно се однесува на овој фестивал.

Тоа е причината зошто многу луѓе во текот на долгиот викенд ја искористија можноста за патување. Капацитетот на хотелот беше пополнет со повеќе од 80% домашни туристи кои уживаа во краткиот одмор. Сега сигурно ќе има процени за тоа дали одлуката за овој нов празник е добра или лоша идеја, особено затоа што ова е година на избори; но на прв поглед, нема негативни гледишта со оглед на прометот на туристи во текот на празникот. Аргентинскиот карневал повторно е државен празник.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.