Кувајт: Дали графитите се уметност или вандализам?

Се повторува прашањето: Дали графитите се уметност или вандализам? Неодамна, ова прашање беше главна тема на дебатата на кувајтската блогосфера.

Марк, кој блогира на 248am.com, објави видео од Јутјуб и започна контроверзии кога напиша:

Една група во Кувајт која се нарекува БЛД започна да објавува видеа од нивните лудории со графити. Досега, тие објавија само едно видео наречено „Графити во Кувајт #1“ , а набргу треба да објават и второ видео. Јас, лично претпочитам пошарени графити кои се надевам дека ќе ги има во второто видео.

Досега, постот привлече 56 коментари, вклучувајќи мислења од оние кои мислат дека занимавањето со графити е подобро од  „вознемирување девојчиња“ во трговските центри, па се до оние кои изразија вознемиреност, па дури и предложија да се вклучи полицијата.

Стафа коментира:

Кул е да се видат деца кои се занимаваат со активности (дури и ако тоа е мал вид вандализам). Подобро тоа, отколку да се дружат со секакви луѓе во трговските центри, да бркаат и вознемируваат девојчиња.

b споделува инспиративна приказна за тоа како овој вид уметност е искористена во училиште од страна на директорот кој имаше брз начин како да ги одврати учениците од пушење:

Тоа не е ништо, минатата година бев во средното училиште во Аудалија и група студенти го имаа овој талент за графити, па така директорот на училиштето побара да направат слики и зборови против пушењето, внатре во училишниот ѕид во близина на бифето, бидејќи сите ученици таму пушат.

Жителите на Кувајт беа навредени:

… За жал… Јас сум толку многу вознемирена од она што го гледам… дали тоа е она што вие го научивте од приватните училишта..!!

Јас сум во моите 30-ти години…и не се сеќавам дека ние сме правеле такво нешто..тоа е непотребно трошење пари

зазеез предложува вмешување на полицијата:

Кувајт е мал и сите се познаваат меѓусебно. Овој вид графити уништува многу места во Кувајт и едно од нив е местото каде јас живеам. Затоа, навистина ги охрабрувам сите оние кои ги познаваат овие деца да го симнат видеото од Интернет и да ги пријават во полиција

Тој дополнително додава:

Треба да се пријави секаков нелегален чин. Без разлика дали тие ја поседуваат зградата, дали треба да се опустошува или не, е прашање кое подоцна треба да се испитува. Да, таквите луѓе го уништуваат моето соседство и не сум наклонет да гледам вакви работи без вкус на местото каде живеам…Ако не се согласувате со мене тогаш, не знам….не е легално, па затоа не е тема на која би се дискутирало.

Сега, откако блогерите и читателите во Кувајт го искажаа своето мислење, што мислите вие?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.