Колумбија: Домородните заедници ја штитат безбедноста на храната

Домородните заедници во Колумбија преземаат чекори за да ја заштитат безбедноста на својата храна. Не само што ги учат нивните заедници да го јадат она што го произведуваат во нивните бавчи наместо да купуваат скапа храна увезена од странство, туку и протестираат против новите закони и прописи за ограничување на нивниот пристап кон млеко.

VegetablesПроизводи одгледувани од домородните заедници

Првото видео (на шпански) покажува собир на заедниците во локалниот резерват на Уелас Калото (Huellas Caloto) каде беа поканети различни области да донесат храна произведена од состојки што се одгледуваат на нивните сопствени парцели. Сок од тиква, пориџ (каша), торти од житарици и други производи беа искористени како вкусни примери за тоа како нивната исхрана не мора да зависи од увезените или купените добра, туку од локални и традиционални состојки.

Во следните две видеа (исто така на шпански јазик) можеме да ја видиме домородната заедница Мисак (Misak), која, меѓу другите, маршираше кон главниот град Богота во знак на протест против новиот закон според кој продажбата на свежо млеко ќе е нелегална. Во нивните заедници, каде што тие купуваат млеко од соседите и ја дополнуваат исхраната на локално ниво,  ограничување на свежо млеко би значело дека тие ќе мора да купуваат обработено млеко по многу повисоки цени, кои ќе влијаат и на купувачите и на продавачите. Видеата се насловени „Млекото во лименки не убива, но гладот убива“.

Прв дел

Втор дел

Безбедноста на водата е исто така важно прашање: во следново видео, Школата за комуникации од Северна Каука ни покажува два поединечни примери за проблеми поврзани со водата и за нивно решение. Во првиот случај, жената ги пере алиштата во реката и еден сосед доаѓа до неа и љубезно ѝ кажува дека поради тоа што таа ги пере алиштата во реката, по течението добиваат сапунеста вода. Таа му се извинува и признава дека не била свесна дека нејзините постапки имале негативно влијание за некој друг, но ќе праша дома дали можат да изградат дел за перење кој нема да ја загадува реката. Соседот на ова со задоволство одговара дека ќе ѝ помогнат да пронајдат решение и ќе помогнат во изградбата. Втората сцена покажува туристи во близина на брегот на реката, каде што тие се на пикник, но го оставаат ѓубрето. Потоа, доаѓа еден член на домородната заедница и се жали поради нередот и го собира ѓубрето.

Овие и други активности на домородните заедници во Колумбија можете да ги следите преку нивната веб-локација на шпански.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.