Уганда: Дали е криминал да се пешачи до работа?

Граѓаните на Уганда, на интернет се прашуваат дали е криминал да пешачат до работа. Двајца лидери на опозициите, д-р Киза Бесигу и Норберт Мао, беа обвинети за поттикнување на насилството и неуспехот да ги исполнат законските наредби. Тие беа уапсени додека одеа кон работа во знак на протест поради високите цени на горивото/храната.

#walk2work е популарна тема во твитерсферата на Уганда.

@RosebellK:

#Полицијата на Уганда брутално продолжува http://twitpic.com/4jm8b5 @newvisionwire. #пешачење до работа #пешачење во Уганда

@Coco_Bobo:

бидејќи цените на горивата се превисоки, луѓето во кампала избраа да се откажат од своите автомобили и #пашачење до работа и владата ги АПСИ поради тоа! #како е тоа можно?

@malonebarry:

Полицијата во Уганда ги притвора лидерите на опозициите http://tinyurl.com/3ohtplr #Уганда #Гласа на Уганда #пешачење до работа #пешачење во Уганда

@DrSsebo:

#Бесигу е обвинет за поттикнување на насилството и неисполнување на полициските наредби #пешачење до работа #пешачење во Уганда


@Snottyganda
:

@DrSsebo Кога ќе биде ослободен и кога ќе реши да пешачи до дома, ќе биде ли пак уапсен? или однесен со полициски превоз #пешачење до работа #пешачење во Уганда


@RosebellK
:

ДП Претседател #Мао е одведен во судот Накава. #пешачење на работа #пешачење во Уганда

@schneidermanns:

апсење на Кампелианци кои бираат да одат пешки на работа, поради поскапувањето на горивото? Штооо?!!! #пешачење до работа

@niyimic:

@josephpowell Мислам дека овие претеруваат и ги драматизираат работите. Требало да ги остават оние да пешачат #пешачење до работа

@josephpowell:

#Пешачење на работа звучи како совршен законски протест -нетолеранцијата на НРМ и покрај големата победа на изборите личи на параноја и слабост

@Ethnicsupplies:

@gaetanokagwa лудост #пешачење до работа, со сигурност пешачењето на работа е здраво и го намалува сообраќајот


@gaetanokagwa
:

Значи во #Уганда доколку немаш пари и решиш утре да #пешачиш до работа, претпоставувам дека треба да знаеш дека ќе поминеш некое време во притвор. Мора да ја сакаш оваа #демократија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.