Украина: Чајот „Сталин“ предизвика контраверзност

Според последната анкета, 46 проценти од Украинците чувствуваат носталгија кон СССР, повеќето од нив се пензионери, како и жители на источните и јужните делови на земјата. Во исто време, само 18 проценти од жителите од западна Украина и 19 проценти млади луѓе го делат ова мислење.

Такви нејасни ставови кон последните комунисти се експлоатираат многу од произвoдителите кои ги користат симболите на Советскиот сојуз за нивните производи. И покрај тоа, неодамнешната промоција на домашниот чај именуван по озогласениот советски диктатор Jозеф Сталин предизвика бурна дискусија помеѓу украинските нетизени каде многу од нив мислат дека овој пат трговците ја поминале линијата.

Во февруари, корисникот на Днипропетровск интернет форумот, Vtoroy, сподели неколку фотографии од билбордите на кои се рекламира чајот Сталин. Тој го напиша следново [руски]:

Впервые вживую вижу наружную полиграфию с изображением Сталина.

За првпат гледам [надворешна реклама] со слика од реалниот живот на Сталин.

Некои блогери, сепак, посочија дека овој бренд беше во и надвор од пазарот во последните три години. Кога го видов за првпат во 2008 година, ЛЈ корисникот sparrow_hawk го напиша следново [украински]:

спосіб заварювання: на крові. і поміцніше

Начинот на кој се подготвува: на крв. И јако.

ЛЈ корисникот bulavec објави фотографија од чајот Сталин на полица во продавница во Доњекс заедницата и забележа дека бил продаван во Доњекс и Днипропетровск во 2009 година. Во тоа време, ЛЈ корисникот Тамила Ташева (tamila_tasheva) од Кримеа напиша [украински] дека и таа го видела чајот  во нејзиниот регион.

Изгледа, оваа година чајот Сталин се врати на украинскиот пазар. Пред неколку денови, Фејсбук корисникот Никанор Скипин, сподели друга фотографија од билборд на кој се рекламира чајот Сталин во Днипропетровск:

Рекламирање на Сталин чајот во Днипропетровск, Украина. Фотографија на Никанор Скипин

Под фотографијата, тој го објави следново прашање:

ЯК ВАМ ПОДОБАЄТЬСЯ ТАКА ОСЬ ДУРНЯ ???

Како ти се допаѓа оваа глупост???

Корисникот Тиколаз Игор се согласи:

дурня…

глупост…

Корисникот Влад Пупич напиша [украински]:

боюсь, отруюсь.

Јас се плашам дека можам да бидам отруен.

Корисникот Алина Лукашевич напиша [руски]:

хорошее чувство юмора у производителя))))))))))

Продуцентот има смисла за хумор ))))

Корисникот  Сергеј Бача исто така коментираше [руски]:

Этот чай судя по всему рассчитан на пожилых и очень пожилых людей, вот поэтому портрет Сталина взяли а основу. […]

Овој чај, во секоја смисла е наменет за постарите, затоа го зеле портретот на Сталин како основа. […]

Корисникот Валериј Колосук одговори [украински]:

Моїй бабці 89-ий рік. Не помічав у неї прихильності до Сталіна.

Баба ми има скоро 89 години. Немам забележано нејзино сочуство кон Сталин.

Корисник на Фејсбук од Белорусија, Алес Резников, напиша [белоруски]:

беларусау гэтым ня здзiвiш

Ова нема да ги изненади Белорусите

Споделувајќи пример од тоа како Сталин е употребен за маркетиншки цели во друга поранешна советска земја, фотографот boga4 објави фотографија од шише вино во продавница за  сувенири во Грузија  [родната земја на Јозеф Сталин].

Шише вино со Сталин во продавници за сувенири во Грузија. Фотографија на корисникот boga4

Иако во 2007 година поранешниот украински претседател Виктор Јушченко издаде декрет со кој се забрануваат сите симболи и споменици за оние одговорни за Холодоморот  (кои ги вклучи советските лидери), речиси и да не беше почитуван. Ставовите на моменталните власти се создадени очигледно од фактот дека младите активисти се одговорни за уништувањето на споменикот на Сталин во Запорижја во 2010 година и беа гонети за тероризам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.