Арапски свет: Прашања и заклучоци за смртта на бин Ладен

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за смртта на Осама бин Ладен.

Саудискиот организатор на терористички напади Осама бин Ладен вчера беше убиен во операцијата на американската ЦИА во Аботабад, Пакистан. Граѓаните од целиот арапски свет реагираа на оваа вест.

На Твитер, реакции течеа цел ден, некои поздравувајќи ја неговата смрт, а други тагувајќи за крајот на 54 годишниот водач на Ал Каеда, кој тие го нарекуваат жртва.

Прашања

Многу прашања се поставија откако веста беше објавена и еве некои од нив:

Од Соединетите Арапски Емирати, Султан Ал Касеми прашува:

Се прашувам дали Арабија и светот ќе му честитаат на Обама и на САД за убиството на ОБЛ…

Египќанецот Раниа Хафез додава:

Дали ќе ни докажат дека тие го извршиле убиството или ние треба да им веруваме на зборот?!!

Специјалистот за социјални медиуми на НПР, Анди Карин, кој активно ги пренесувал случувањата од арапската револуција и вестите, исто така има слично прашање:

Изненаден сум што всушност операцијата била денес. Се прашувам како можат да бидат толку сигурни. Отпечатоци од прсти? Некаков вид на опрема за ДНК?

И либанецот Антоун Иса се прашува:

Треба ли да претпоставиме дека Ал Каеда никогаш не помисли дека Осама бин Ладен треба да умре? Има многу кандидати за неговото место. #notoveryet

Надежи

Назад во Египет, Махмуд Салем, познат и како Sandmonkey, пишува на твитер:

Камо да го земеа Гадафи вчера, а ОБЛ денес, тоа ќе беше супер!

и шеговито ја објавува  изреката од Саудиска Арабија:

Драги Саудијци, се чувствуваме лошо што превземавме контрола врз регионот и врз Ал-Каеда во истата година. Можете да ја земете назад Ал-Каеда! #WeAreSoGenerous

Либиецот Ибн Омар се надева дека смртта на бин Ладен ќе донесе утеха за семејствата на сите негови жртви. Тој пишува:

се надевам дека смртта на Бин Ладен ќе ги зближи сите жртви на неговите терористички напади од целиот свет

И Брајан Конли, кој пишува на Твитер @BaghdadBrian, известува:

Дали ова значи дека треба да ги повлечеме трупите и да заборавиме дека #Авганистан некогаш постоел? Дали е 2011 или 1991? Потребни се уште многу помирувања итн.

Обама

Претседателот на САД, Барак Обама доби и пофалби и исмејување за изјавата во која ја соопштува операцијата, во која е убиен Бин Ладен.

Сара Раслан го пофали говорот, велејќи:

Добар говор, #Обама. Почит за тоа што го кажа, #ОБЛ не беше #муслимански водич и ги убиваше муслиманите, како и не муслиманите.

Додека пак Еман Хасим, од Египет, забележува:

Обама: Америка никогаш не одбира да оди во војна! Дали се шегувате со мене? Дозволете ми да се потсетам на нешто што се вика… хмммм…. ИРАК!!! #Обама #ОБЛ #Ирак

И британскиот премиер, Дејвид Камерон, не беше поштеден од потсмев кога арапско-американската група КАБОБфест на профилот на Твитер боцна:

Всушност, ничии проблеми не се решени. (MT @AJELive) Британскиот премиер Камерон: Смртта на Осама „ќе биде големо олеснување“ за светот  http://aje.me/jlqOzi

Поправање грешки

Во меѓувреме, египетскиот колумнист, Мона Ел Тахави, на убиството на бин Ладен гледа како на грешка на која ѝ требаше 31 година за да се исправи. Таа пишува на Твитер:

Беше огромна грешка за САД што го отстрани #ОБЛ  и неговите пари за да победи во Авганистан. Беа потребни 31 година за да се исправи грешката.

Останете вклучени за повеќе реакции од арапскиот свет за смртта на бин Ладен.

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за смртта на Осама бин Ладен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.