Иран: затворени кучиња (повторно)!

Иранските безбедносни сили се наоѓаат повторно назад на улиците поради последицата од нивната неславна борба во 2007 година: притворање на кучиња. Последното преземање на најостри мерки билo за краток временски период, а кучињата подоцна биле ослободени. Според весниците во Иран, неколку кучиња неодамна биле одземени и „привремено затворени“.
Иранската влада смета дека самото чување на домашни миленичиња, не е во ред и не е исламски, но сепак го толерира сето тоа. Најверојатно поради урбаната и образована младина на Иран, луѓето сакаат да чуваат кучиња, а тие пак се причина за повторно официјализирање на непријателството кон нив од нечија страна.

Персиски блог за животни со смеа и иронија пишува за тоа дека љубителите на тешкиот криминал врз животни во Иран ќе се соочат со прогонување за истото во блиска иднина:

Персиец објави исмејувачка фотографија на една „криминална сцена“, каде што сопственикот е еден „криминалец“ и кучето претставува негов „експеримент“.

1- Цело време чување на кучето во стан/ куќа (дома)

2- Засолнување на две кучиња

3- Делење летоци во корист на сопствениците на кучиња

4- Креирање на блог со име на куче и пишување статии во врска со кучиња

5- Прошетка на кучиња на улица

6- Испраќање на 15 текстуални пораки за поддршка на животните, посебно на кучињата

7- Поседување барем три книги за кучиња

8- Редовни посети во ветеринарна болница

9- Имитирање на кучешки глас на студентска забава

10- Откривање на две кучешки чинии за храна во вашиот дом.

Блогот на Анти Хантер пишува околу тоа дека 39 членови на иранскиот парламент предложија забрана за кучиња и други „опасни животни“ од улиците. Сопствениците на миленици претставуваат „имитација на оние од запад и еден социо-културен проблем“.

Блогерот рече дека ако парламентот го одобри овој предлог, сопствениците што чуваат домашни миленичиња ќе бидат казнети и именувани како нечисти според исламот. Анти Хантер исто така вели:

Кој ќе пресуди и според кои критериуми, дали едно животно создадено од Бог, е опасно? Дали можеме да ги игнорираме сите оние работи што кучињата ги прават за луѓето? Дали овие здруженија за медицинска заштита побарале експертско мислење од социолози, психолози или ветеринарни доктори?

Дардесараје јек Дампезеш (Проблеми на еден ветеринарен доктор) пишува: Ние можеме да најдеме позитивни карактеристики за кучињата во зборовите на Имам Али, првиот шиитски Имам, кој што рече дека оние кои веруваат во ова, заслужуваат и да ги имаат нив.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.