Сирија: Протестирање за иднината на децата

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија во 2011 година.

Најмладите жртви на Сирија зборуваат во неколку болни видеа кои се наоѓаат на Јутјуб, раскажувајќи за хоророт со кој тие и членовите на нивните фамилии се соочиле во деновите и ноќите за време на револуцијата во нивната земја против режимот на Башар Ал Асад. Денешните петочни протести се посветени на сириските деца и нивната иднина.

На Твитер, @СирискаРеволуција пишува:

Дури ни децата во #Сирија не се плашат#од тенковите на Башар. Потребно е повеќе од храброст или смелост за да се направи такво нешто… http://fb.me/12T47y0Ml

Линкот од видеото, од fnnsyria, прикажува како деца во Банијас стојат пред вооружени возила, а во позадина се слушаат пукотници:

http://www.youtube.com/watch?v=taeS_UX_PsY

Ова видео, закачено од Syriaandsyria, прикажува деца како зборуваат за нивните трагедии и страдања за време на револуцијата. Достапни се преводи на англиски:

Во ова видео, од kurdishsyrian, се гледаат многу деца како во протести извикуваат: “Сирија! Слобода!”  Тие исто така бараат од Сиријците да застанат зад нив и да протестираат против режимот на Асад:

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.