Грузија: Шерон Стоун ја маѓепса нацијата

Овој викенд, најпопуларната тема за дискусија на социјалните мрежи, како и на он-лајн и традиционалните медиуми беше премиерата на филмот на Рени Харлин за војната помеѓу Грузија и Русија во 2008 год, наречен  ,,Пет денови во август”.

За овој настан, освен режисерот, во градот беа и актерите од филмот: Енди Гарсија, Дин Кејн и други. Сепак, најважниот гостин кој беше поканет на премиерата беше холивудската актерка Шерон Стоун.

Пристигна од Москва, каде што присуствуваше на Muz.TV Awards, еден ден пред филмската екипа која доаѓаше дури од Лос Анџелес. Деновите за подготовка и медиумска покриеност пред нејзиното пристигнување ги хранеа он-лајн коментарите:

უკვე რამდენიმე დღეა, რაც თბილისი შერონის ქალაქად ან “შერონსთაუნად” (“Градот на Шерон“) არის ქცეული. ჩვენ შერონით ვსუნთქავთ, შერონით ვხედავთ, შერონით გვესმის და შერონით განვიცდით.

За неколку дена градот Тбилиси се претвори во Градот на Шерон. Дишеме со Шерон, гледаме со Шерон, слушаме  и чувствуваме со Шерон.

Претседателот на Грузија,  Микеил Сакашвили,  првата вечер беше дури и домаќин на актерката и ја запозна со ноќниот поглед на градот Тбилиси од претседателската палата. Турата во неговата официјална резиденција излезе забавна и за домаќинот, како и за гостинката. Репортажата беше широко емитувана на грузиската телевизија и објавувана на социјалните мрежи.

Денес, пред да присуствува на премиерата на филмот на Харлин, Стоун се сретнала и со духовниот водич на земјата, Патријархот на Грузија, а многумина ја виделе и на улиците на стариот град на Тбилиси.

@bicyclemark: Денес два пати налетав на Шерон Стоун на улиците на Тбилиси. Се гледавме две секунди, а потоа продолживме со улогата на туристи.

@bicyclemark: Откако помина покрај мене, еден стар американски пар ја поздрави, се ракуваа, па се збогуваа. Хмм, можев и јас да го направам тоа.

@lakobukia: Ќе ја видам Шерон Стоун вечерва! Ох, Боже колку сум возбудена!!!

@mziakupunia: Толпа луѓе се собраа пред киното Руставели поздравувајќи ги Шерон Стоун и Енди Гарсија со гласни аплаузи.

Во меѓувреме, група студенти се собраа пред хотелот Радисон Блу, каде што престојуваа холивудските ѕвезди, и протестираа против подготовките за премиерата кои според нив се помпезни, со плакати на кои пишува „Основни инстинкти против основни вредности”, „Доста е, дајте им пари на бегалците” и „Евтината пропаганда не е уметност”, со нескриено обраќање кон критиката на филмот на Харлин од страна на некои филмски критичари.  Агенциите известија за тоа, а Forum.ge ја продолжија дискусијата на оваа тема.

Doin.ge, кој во своето проширено известување го критикува локалното медиумско покривање, исто така предвидува дека ќе биде полошо откако холивудската актерка ќе го напушти Тбилиси:

“შერონის პირველი დღე თბილისში”, “შერონის მეორე დღე თბილისში”, “შერონი ქართულ რესტორანში”, “შერონმა წაუცეკვა”, “ჰოლივუდის ვარსკვლავს მშვიდობის ხიდი მოეწონა”, “შერონი მხარს უჭერს საქართველოს სუვერენიტეტს და ტერიტორიულ მთლიანობას”, “შერონი გმობს პუტინის ოკუპანტურ რეჟიმს”, “შერონი ჩაფრინდა და იწერება – კარგად ვარო”, “შერონს ქართული სუფრა ენატრება” და მრავალი.

,,Првиот ден на Шерон во Тбилиси”, ,,Вториот ден на Шерон во Тбилиси”, ,,Шерон во грузиски ресторан”, ,,Шерон како танцува”, ,,На холивудската ѕвезда и се допаднал новиот мост на мирот”, ,,Шерон го поддржува суверенитетот на Грузија и територијалниот интегритет”, ,,Шерон го осудува окупацискиот режим на Путин”, ,,Шерон се врати и се чувствува добро”, ,,На Шерон и недостасува грузиската супра” и многу други.

Шерон стоун ја напушта Грузија во понеделник.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.