Јужна Кореја: Дипломатите кои што не знаат англиски

На 13 септември 2011г. беше откриено дека на четворица од десет јужнокорејски дипломати им е речиси невозможно да користат соодветен дипломатски англиски јазик. Ова откритие ја испровоцира јавноста да го покрене прашањето за компетентноста на претставниците од Министерството за надворешни работи.

Ова не е прв пат Министерството да се посрамоти: во февруари 2011г. беа најдени стотици преведувачки грешки во официјалните трговски договори. Во септември 2010г. поранешниот министер за надворешни работи си даде оставка по обвинувањата дека неговата ќерка била специјално вработена во Министерството, без да се преземат соодветните чекори при вработување. Во март 2011г., многу прељубнички афери ја потресоа нацијата, скандали во кои беше вклучен поранешниот шеф на Генералниот конзулат во Шангај. Последниот инцидент, на Министерството за надворешни работи, му донесе нов засрамувачки прекар-„Министерство за љубовни афери“,а истотака предизвика разоткривање на некои доверливи документи и информации за владини контакти.

Image of Korean National Assembly Building. Photo by author (CC - BY - 2.0).

Фотографија од корејското Национално собрание. Фотографија од автор (CC – BY – 2.0).

Скандал во министерството

Последното откритие само ги зацврсти сомневањата на јавноста дека за да се вработиш таму, ти требаат врски, а не знаење.

Според документацијата на Министерството (објавена од кабинетот на Министерството) само 1,6% од дипломатите можат течно да зборуваат англиски, додека 26% биле евалуирани како: „од читачот е потребен дополнителен напор за да разбере документ напишан од него/неа, а неговите /нејзините граматички грешки и лошиот избор на зборови се понекогаш од критична важност за разбирање на текстот.“

Околу 12% го добија најпонижувачкиот резултат: „ постојат сериозни маани во неговата/нејзината структура на реченица и изборот на зборови. Премногу грешки можат да се најдат во документите, како на пример грешни зборови и печатни грешки.“

Освен ова, ниту еден од 26-те јужнокорејски дипломати, кои се испратени во странски земји, каде не се говори англиски, не го говори мајчиниот јазик на таа земја.

Интернет реакции

Јавните интернет форуми, блоговите и Твитер беа преполни со гневни реакции. Ентони Г. Ким (@AnthonyGKim) [корејски] твитна саркастично:

외교관들 영어 못하는게 문제될 이유가 없다 그 사람들 해외나오면 주업무가 골프인데 영어 쓸 일이 뭐가있나

Ужасниот англиски на дипломатите нема да биде проблем. Тие кога се во посета на странска земја , главна задача им е да играат голф. Немаат потреба од англиски.

Но, Џин (@Nonohnoh) твитна [корејски]:

이러니 FTA에서 번역 오류 몇백개 있어도 문제인식 못하고. (태만에 의한) 과실로 매국할 수도 있겠음

Затоа тие не можеле да ги препознаат стотиците преведувачки грешки во Договорот за слободна трговија.(FTA) Незнајеќи што всушност прават (заради слабите јазични познавања) по грешка ќе извршеле предавство.

Џон Ким (@forlegacy) твитна [корејски]:

외교관도 유창한 영어는 1%대인데, 영어 잘 하는 사람은 다 회사에 취직한거죠?

Само 1% од дипломатите зборуваат течно англиски. (А што е со другите луѓе кои зборуваат течно англиски?) Тие најверојатно се вработени во компании (наместо во јавната служба).
Еден од највлијателните политички блогери во Јужна Кореја, Јас сум Петар ( I am Peter) [корејски] ја образложува љубовта на дипломатите кон голфот и задачите на кои тие се фокусираат, покрај нивните вообичаени должности.

해외 주재 외교관을 어디에서 가장 쉽게 볼 수 있는지 아십니까? 바로 한인회 주최 XX 골프 대회가 열리는 골프장에서 제일 많이 모습을 나타냅니다. 이들에게 골프는 말 그대로 한인사회와 끈끈한 (?) 정을 나누며 한인 사회 발전에 이바지한다는 허울 좋은 명분이 있습니다. 경기고 동창회 주회 골프대회, 서울대 동문 골프대회, 한인회장배 골프대회,해병 전우회 골프대회 등 등 헤아릴 수 없는 많은 골프대회에 빠짐없이 참가를 합니다.

Каде можеме лесно да ги најдеме овие дипломати? Само на голф терен. Вообичаено, овие голф турнири се организирани од Корејци кои живеат во странство. Тие ја оправдуваат својата љубов кон голфот со тврдењето дека голфот им помага да се дружат и запознаат со другарите од Кореја и со тоа да ја негуваат корејската заедница во странство. Но, има безброј вакви голф турнири – еден организиран од поранешните стипендисти на Гимназијата Кјунги, друг организиран од поранешните стипендисти на Националниот Универзитет во Сеул, трет организиран од Заедницата на поранешни маринци итн. И тие никогаш не пропуштаат ваков настан.

대한민국 정치인, 특히 여권 실세가 해외에 나가면 가관입니다. 영사관 직원이 총출동해서 여행코스, 식사 코스, 도시락 메뉴, 술 자리 등 사신단을 맞이하듯 극진한 대접을 합니다. 이들이 정치인을 잘 모시는 이유는 더 좋은 자리로 가기 위한 아부가 가장 큰 목적이고, 대접을 소홀히 받고 간 국회의원들이 외교통상부 국감에서 딴지를 걸까 봐 미연에 방지하는 차원입니다.

Кога корејските политичари, особено оние моќни фигури од владејачката партија, ќе посетат некоја странска држава, дипломатите во таа држава прават таква сцена што е дури болно да се гледа. Секој од амбасадата излегува да ги пречека овие моќни фигури и им нудат тура на амбасадата и мени за јадење. Тие дури можат да одберат што ќе се служи за ручек и кој бар најмногу им одговара, како да пречекуваат гласници. Тие го прават ова од умилкување за да добијат унапредување до подобра позиција и исто така за да спречат некој од кабинетот да се чувствува запоставен. Затоа што тие од кабинетот (ако им се лути) може да ги нападнат при сослушување на вработените.

Блогерот Мујиге саркастично искоментира [корејски] дека тоа е како лоша комедија:

정말 한국엔 그렇게 인재가 없는걸까? 가장 중요한 외교를 책임지는 사람들을 일반인들보다 영어실력이 떨어지는 사람들로 대부분 채용해야만 하는 어떤 숨은 사정이 있는걸까? 국가안에서는 초등학생,심지어 유치원생들까지 영어교육으로 몰아대 영어광풍에 휩쌓이게 하면서 정작 영어가 필요한 외국에 나갈땐 자랑스러운 한국말을 널리 알리겠다는 깊은 뜻의 정책일까? 영어가 정작 쓰여야 할 국가적인 외교에는 쓰이지 못하고 엄한 국민들만 들볶아 대는듯.

Зарем навистина немаме таленти? (ако имаме компетентни луѓе) Тогаш, има ли скриена причина за Министерството да вработи некој, чиј англиски е многу полош од оној на обичниот Кореец? Владата ја внесе целава земја во едно „Англиско лудило“ , со тоа што го наметна притисокот врз децата во основно училиште, па дури и оние во јасли да учат англиски. Но, кога се соочуваат со ситуација, во која течното говорење англиски е од круцијална важност, дали тие одеднаш ја менуваат нивната политика од „учете англиски“ во „распространете ги Корејците во странство“? Навистина? Зошто вршат притисок врз незасегнатите граѓани кога тие не можат да го употребат англискиот во дипломатските кругови?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.