Кина, Македонија: Кинеските нет-граѓани навредени од донацијата на училишни автобуси

Веста за донацијата  на училишни автобуси од кинеската влада за Република Македонија, објавена на 25 ноември 2011год., ги навреди кинеските нет-граѓани, кои жалат за смртта на 19 деца во автомобилска несреќа во провинцијата Гансу која се случи на 16 ноември, 2011год.

Несреќата на училишниот автобус во Гансу

Таканаречениот „училишен автобус“ од несреќата во Гансу е всушност комбе кое има 9 седишта, но е модифицирано за да собира 64 деца. Во несреќата комбето се судри со камион, предизвикувајќи смрт на 2 возрасни и 19 деца од градинка.

Ова не е случајна несреќа, бидејќи пренатовареноста на училишните атобуси веќе долго време е проблем во Кина. Подолу има музички спот, „Училишни автобуси со крвава дамка“, поставен набрзо по несреќата во Гансу, на Јутјуб од корисникот Angelcat1921:

Реакциите на кинеските нет-граѓани за несреќата беа снимени и преведени од Јинг Гао од Министерството на Тофу:

畅游山海间:Во Кина 99,9% од децата кои одат на училиште со училишен автобус се деца на обичните граѓани. Децата на политичарите и на партиските кадри секогаш се возат со автомобилите на владата или со други специјални автомобили и се многу безбедни. Ова е „величественоста, славата и праведноста“ на нашата партија. И предностите на социјализмот со кинески карактеристики.

晚霞中的骊歌: Обезбедувањето на безбедноста на малите деца е најважниот аспект на една држава, едно општество и една влада кои го штитат својот народ. Ако овој аспект не може да се пресретне, не сум сигурен дека оваа земја, ова општество и оваа влада сѐ уште треба да постојат. Ху ху!

高劲涛: Земја која има пари за трошење, не може да ги заштити сосптвените деца. Која и е поентата кога лансира човечки вселенски летала? Детските седишта за автомобил, како и училишните автобуси сѐ уште не се регулирани. Нашата земја е првак во светот по производство на автомобили! Овој напис на микроблог веќе станува вознемирувачки.

China donates 23 school buses to Macedonia. Image from Macedonia Government Website

Кина донира 23 училишни автобуски во Македонија. Фотографија од веб-сајтот на македонската влада.

Училишни автобуси донирани за Македонија

 

Додека луѓето се сѐ уште гневни на владината неспособност да ги заштити идните генерации на земјата, пропагандата на силното средно кралство за давање на 23 добро опремени училишни автобуси на Македонија, додаде само повеќе масло на огинот.

Веибо корисникот Ву Шупинг се бори против цензурата на Сина и продолжува повторно да ја објавува неговата гневна порака:

吴淑平:删后再发:不给自己国家的孩子买校车,甘肃20个孩子的尸骨未寒,居然一口气给马其顿共和国捐赠23辆校车。中国大使说:“这些校车为35座,符合所有安全标准,自动车门、灭火器,每个座位都配有安全带。”//这里,老朽忍无可忍,只送你一个排比句:去你妈!操你妈!滚你妈!

吴淑平:Повторно објавување на избришана порака: Додека одбива да купи училишни автобуси за нашите деца, владата донира 23 училишни автобуси на Македонија, додека телата на 20-те деца сѐ уште се топли. Кинескиот амбасадор рече: автобусите имаат 35 седишта и ги исполнуваат сите потребни критериуми – заштитни автоматски врати, противпожарен апарат и сигурносни појаси за секое седиште. Не можам веќе да го поднесам ова, еве ти: Ехх ја мајка ти!

Кристофер Јинг понатаму ја објаснува владината логика за ваквата постапка:

克里斯托夫-金:宁赠友邦,勿与家奴,惊闻中国昨天向欧洲富国马其顿捐赠2百辆豪华校车,要改善其学习环境,崔大使送车上门,奴颜卑膝啊,自己裸露还要赠衣,贫富巨差还要慷慨解囊,不可理喻,有这么多金色校车,为何不接济自己的穷学校苦孩子?为何眼睁睁中国孩子在运牲口的破校车里担惊受怕?Shame on you!奇耻大辱!

克里斯托夫-金: Подобро дај го подарокот на соседната земја, отколку на робовите дома. Толку сум изненаден што слушам дека Кина и донирала 200 (точната бројка е 23) луксузни автобуси на Македонија за да ја подобри нејзината образовна средина. Го пратија амбасадорот да го презентира подарокот на скромен начин, онака како што гол човек дава облека на друг или сиромашен човек ги дава своите пари. Тоа е толку нелогично. Ако имаш толку златно офарбани училишни автобуси, зошто не им помагаш на сопствените ученици. Наместо тоа ти ги гледаш кинеските деца како се возат во „училишни автобуси“ наменети за превоз на стока. Срам да ти е! Каква навреда.

Дури и водителот на една владина телевизија, Жао Пу, укажа на тоа дека владата одбрала погрешно време за давањето на донацијата:

赵普:马其顿是一个欧洲小国,并不算富裕,但老百姓享受的福利和手中的财富,比我国人民还是好很多。向其捐校车以示友好,本来也没什么,咱干过的出力不讨好的事多了去了。但,能不能考虑下时机?能不能照顾下国人的情绪?能不能别让泉下的孩子咒骂我们?他们可还没来得及学脏话呢!

赵普:Македонија е мала земја во Европа, не е богата. Но, сепак Македонците имаат подобри социјални бенефиции отколку Кинезите. Во ред е да се изрази пријателство преку донација на училишни автобуси, веќе долго време правиме вакви неефективни работи. Но, ве молам земето го во предвид моментот и грижете се за чувствата на граѓаните. Не дозволувајте починатите деца да не колнат. Премногу се мали за да го научаат лошиот збор.

За да го смири гневот на луѓето, Одделот за пропаганда ги замоли медиумите  да ја повлечат веста, но веќе беше доцна. Хан Жигуо посочува:

韩志国:【 处理公共事件不能掩盖真相 】 向马其顿无偿赠送23辆校车,不在数量,而在取向:中国政府对外国中小学生的关爱超过本国孩子。甘肃校车事件灼痛国人之心,赠车事件此时发布,其愚蠢显而易见。面对公众不满,"有关部门"又故伎重演:所有的赠车新闻一瞬间在网站上消失。微博时代,民众岂能如此被骗?

韩志国:[Вистината не може да се заташка кога се работи за јавен инцидент] Не се работи за тоа колку училишни автобуси се донирани за Македонија, но импликацииите од инцидентот: Кинеската влада покажува поголема грижа за учениците во странство отколку за своите. Додека луѓето сѐ уште тагуваат, глупаво е да се направи ваква донација. Кога се соочи со гневот на јавноста, владата повторно ја вежбаше својата моќ и ги тргна сите вести од интернетот. Со подемот на социјалните медиуми, како може таа (владата) сѐ уште да верува дека може вака да ги лаже луѓето?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.