Иранската новинска агенција го „подобрила“ оскаровскиот говор на Асгар Фархади

Иранците ги воодушеви веста дека филмот на Асгар Фархади „Едно одвојување“ (“A Separation”) доби Оскар за најдобар филм на странски јазик на доделувањето на Наградите на Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд на 26 февруари, 2012 година. Ова е прв ирански филм што добил Оскар.

Иранските блогери учествуваа во избликот на прославување, а некои обожаватели исто така  креираа постери за „Едно раздвојување“ наменети за различни вкусови.

Неколку блогери како Фарјад Зиер Аб и Разе Голе Соркх објавија преводи на говорот на Фархади (или извадоци) на персиски. Овој говор популарниот американски веб-сајт Слејт го опиша како „најдоброто од вечерта“.

Говорот на Фархади привлече уште повеќе внимание откако Фарс Њуз, полудржавна новинска агенција на Иран додаде свои зборови во транскриптот.

Во неговиот говор, Фархади рече:

Во овој момент, многу Иранци низ целиот свет нè гледаат и претпоставувам дека се многу среќни. Среќни се не само поради важната награда или филм или филмаџија, туку поради тоа што во време кога политичарите зборуваат за војна, заплашување и агресија, името на нивната земја Иран овде се споменува заради нејзината славна култура, богата и стара култура која била скриена под тешкиот прав на политиката. Со гордост му ја нудам оваа награда на народот на мојата земја, луѓе кои ги почитуваат сите култури и цивилизации и презираат непријателства и злоба.

Тавалоде Сабз вели (на прерсиски) дека Фарс Њуз го разубавила говорот на Фархади и ги сменила зборовите во:

Иранците ги почитуваат сите култури наспроти западното непријателство во врска со иранската нуклеарна програма.

Во меѓувреме, Иранците ја прославуваат победата на сите страни на светот, како овие членови на Филмскиот клуб на ирански студенти при Универзитетот Тексас А и М, кои навиваат во овој видео-клип:

Блогерот Банд пишува (на персиски) дека иранската филмска индустрија доживеала „незаборавна ноќ“ што била незамислива пред помалку од една година.

„Едно одвојување“ освои низа награди по неговото објавување во 2011 година, меѓу кои и Златната Мечка и Златниот Глобус. Насловот на персиски е „Одвојувањето на Надер од Симин“, а приказната е за тешкиот развој на средовечна двојка во Техеран.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.