Јужна Азија во 2011: Година полна со контраверзни настани и протести

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа  2011 година на Глобал Војсис.

2011 беше година на настани за социјлните медиуми, бидејќи луѓето користеа многу алатки за да организираат протести, споделуваат новости и вести кои влијаеа врз нашите животи. Знаеме дека луѓето интензивно ги користат Фејсбук, Твитер, блоговите и.т.н. за да зборуваат за смртта на светските фигури – од иноватори до диктатори и терористи. Протестите Арапска пролет и Окупирај го Вол Стрит станаа вирални и како светот да се залепи за настаните од Блискиот Исток или било каде во светот.

Јужноазиските земји исто така ги искористија социјалните медиуми за дискутирање за многубројни контроверзни настани и протести. Оваа година видовме многу луѓе кои користат микроблогирање за да го споделат своето мислење.

Контраверзни настани

Во јануари, познатата пакистанка Вина Малик беше обвинета од верски радикали за неморално однесување, кога зема учество во индијското реално шоу Биг Бос. Ставовите на пакистанските нетизени беа поделени на контроверзни и либерални.

Veena Malik at Lux Style Awards. Image by Arun Reginald. CC-BY-SA-3.0

Вина Малик на доделувањето на наградите за луксузен стајлинг. Слика од Арун Реџиналд. CC-BY-SA-3.0

На крајот од годината Вина Малик предизвика уште еден контраверзен настан, кога ФХМ Индија, машкиот месечен магазин објави една нејзина гола фотографија на насловната страница. Фотосесијата на Вина со ИСИ тетоважа на нејзината рака предизвика силни реакции од десницата, левицата и центарот на Пакистан и Индија.

Од друга страна пакистанскиот исламски телевангелист беше во центарот на контоверзиите. Снимки од позади сцената го покажуваат д-р Амир Ликат Хусеин, виден религиозен следбеник, како изустува злоупотреба и вулгарности како и верско богохулење.

Во април, владата на Шри Ланка го осуди 196 страниот извештај за цивилните жртви од советодавниот панел на Обединетите Нации (ОН), велејќи дека има пропусти и е необјективен. Интензивна дебата се водеше на Твитер и Фејсбук.

Во мај, неочекуваната смрт на истражувачот од Керала, Индија предизвика контроверзии околу приватноста на жените, приватноста на мртва личност и генерално за одржување на машкиот шовинизам во опшеството на Кералан.

Неколку индијски министри беа вовлечени во контроверзии поради нивните изјави. Министерот за здравство во Индија, Гулам Наби Азад, ги разлути хомосексуалците и активистите за геј права со неговите коментари на конференцијата за ХИВ/СИДА во Њу Делхи. Нетизените го осудија неговото гледиште на хомосексуалноста како „неприродна“ и „болест“ која е дојдена од Западот.

Во декември индијската Унија за комуникации и министерот на информатичкатехнологија, Капил Сибал, побараа од интернет гигантите како Фејсбук, Гугл и Јаху да ги проверуваат навредливите, клеветнички и разгорувачки содржини поврзани со политички лидери, религија и да ги филтрираат доколку се спорни. Неговите зборови наидоа на ненадејни реакции од граѓаните.

Wordle Image of the banned word list. Click on the image to enlarge.

Зборовна слика од забранета зборовна листа. Кликнете на сликата за да ја зголемите.

Во ноември, пакистанската Телекомуникациска  Организација (ПТО), стана центар на контраверзни настани кога испрати листа од 586 урди и 1,109 англиски забранети зборови и фрази на мобилните телефонски оператоти во земјата со цел да ги изменат.

Бремената боливудска актерка Аишварја Рај Баччан и раѓањето на нејзиното дете испровоцира медиумска врева во Индија. Бангладешката азилантка Таслима Насрин беше вовлечена во контроверзијата откако твитна дека посакува Аишварја да роди женско дете.

Преземени беа дејства од судот во Бангладеш против наставник кој живее надвор од земјата, како резултат на неговиот статус на Фејсбук.

Протести

Anna Hazare addressing the people and media at Jantar Mantar, Delhi. Image by Sarika Gulati, copyright Demotix (08/04/2011).

Ана Хазар им се обраќа на луѓето и медиумите во Џантар Мантар, Делхи. Слика од Сарика Гулати, авторски права Демотикс (08/04/2011).

Во Индија, социјалните медиуми се користеа за кревање на цивилното општество околу законот за антикорупција. Движењето претежно е водено на чело со гандиската социјална активистка, Ана Хазаре, која продолжува да прима огромен степен на подршка дома и од целиот свет, онлајн и офлајн.

Во ноември, индијскиот министер за земјоделство, г-дин Шарад Павар, доби шлаканица од младината на која и е здосадено од растечката инфлација, митото и корупцијата во земјата и одлучија да протестираат против Унијата на министерот. Нетизените дискутираа за заслуките од овој насилен протест.

Во Бангладеш, граѓанските медиуми беа витална алатка за домородното население во Читагонг Хил Трактс во Бангладеш кои споделија вести за етничките судири меѓу бенгалските доселеници и домородното население. Овие малцинства најдоа глас преку блоговите и Фејсбук кога традиционалните медиуми беа обвинети за игнорирање на криците на локалниот абориџински народ. Подоцна во годината многу бангладешки жители започнаа да се состануваат на улиците и да одржуваат состаноци, човечки синџири и протести, барајќи уставно признавање на нивниот идентитет. Блогерите учествуваа во дебата за овој проблем.

Farzana Yasmin. Image courtesy Kowshik

Во овој регион некои од протестите беа непредвидени и единствени. Во некои земји во Јужна Азија миразот е забранет со закон, но сеуште е нелегално се практикува. Протест против мираз беше доста дискутиран и озборуван на социјалните мрежи во Бангладеш. Фарзана Јасмин испрати бранувања низ земјата со разводот од младоженецот веднаш по свадбата, поради телевизор, фрижидер, моторцикл и неколку други нешта кои родителите на момчето ги побарале како подароци од семејството на младата невеста во присуство на гости.

Во главниот град на Бангладеш, Дака по три кампањи преку блогови, Фејсбук и улични протести, властите на училиштето Виќаруниса и колеџот (ВНК) беа присилени да тепаат и уапсат наставник обвинет за сексуално малтретирање на студент.

Во јули блогерите и он-лајн активистите покрај други протестанти беа уапсени додека штрајкуваа против Договорот за ширење на производство (ДШП), склучен меѓу владата на Бангладеш и енергетскиот гигант од САД Коноко Филипс за длабоко ископување на гас.

A placard of the Occupy Dhaka Movement

Плакат од Движењето Окупирај во Дака.

Оваа година во октомври, 8 бангладешки мигрантски работници беа јавно обезглавени во Саудиска Арабија поради вмешаност во грабеж на магацин и убиство на чувар. Нетизените беа разбеснети поради оваа немилосрдна казна и се прашуваат за транспарентноста на судењето.

Движењето Окупирај го Вол Стрит спроведе сличен протест и во Дака каде луѓето протестираа за да се ослободат од двете феудални движења, од корупцијата и окупирачките политички алијанси.

Неодамнешниот потфат на владата на Бангладеш за да земе 25000 акри од плодна почва (Ариал Бил) 60 км јужно од главниот град Дака, наменети за меѓународен аеродром и сателитски град доведе до протести и насилство во тој крај. Граѓаните, исто така, силно реагираа против владиното дебатирање на потребата од нов аеродром и владата беше присилена да се повлече од проектот.

Во Пакистан, смртта на 24 пакистански трупи од пријателски оган од хеликоптери на НАТО и борбени авиони во Пакистан испровоцира протести низ земјата.

Рајмонд Дејвис, американски дипломат е под истрага за двојно убиство на двајца пакистнски моторциклисти во Карачи, Пакистан. По барањето на САД за ослободување на Дејвис, протестантите ги заземаа улиците во земја каде веќе се зголемуваат анти-американски чувства.

Во Шри Ланка судирите во Катунајаке Слободна Трговска Зона (СТЗ) меѓу револтираните работници и полицијата, го одзедоа животот на еден млад работник и повредија многу работници и полицајци. Дебатата на социјалните медиуми за овој проблем испрати силен сигнал до владата на Шри Ланка.

Protesting increase of commodity prices in Maldives. Image from Twitpic by Ahmed Nazim (@GraveBone).

Растат протестите за поволни цени на Малдивите. Слика од Твитер на Ахмед Назим (@GraveBone).

Седум дена по ред, илјадници жители на Мале, главниот град на Малдиви, протестираа на прометните улици и на јавните места, покажувајќи го своето незадоволство од превисоките цени на потрошувачките добра и економската неорганизираност од страна на владата. Малдивскиот гграѓански новинари споделија вести од протестите.

Непалските корисници на Интернет беа фатени во разбојништво откако Асоцијацијата на интернет провајдери од Непал (СПЗИН), ја изгаси својата интернет услуга како знак на протест против владиното гаснење на „нелегални ВОИП наречени бај пас“.

Тимот на автори од Јужна Азија ќе продолжи со расчистување и преведување на повеќе граѓански гласови од целиот регион во 2012. Можете да се придружите кон заедницата на Глобал Војсис на неколку начини. Ве молиме праќајте ни ги вашите сугестии и препораки. Ви посакуваме среќна 2012 година.

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа  2011 година на Глобал Војсис.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.