Меѓународен ден на мајчиниот јазик во франкофонските земји

Оригиналната статија на француски беше напишана заеднички од страна на Сами Бутајеб, Клер Улрик, и Сузан Лен.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше прославен ширум светот на 21 февруари, 2012. [Забелешка: оригиналната статија на француски беше објавена на 21 февруари] Станува збор за официјално признат фестивал или прослава која ги изложува јазиците и напорите кои се направени за тие да се зачуваат.

Факт за кој малку се знае е дека прославата за Денот на мајчиниот јазик потекнала од Бангладеш како оддавање почит на патриотски чин:

Датумот, 21 февруари, беше избран за Меѓународен ден на мајчиниот јазик како сеќавање на мачениците кои ги жртвувале нивните животи за да го задржат достоинството на нивниот мајчин јазик Бангла, на истиот овој ден во 1952-та. Ова беше еден од ретките примери во светската историја каде луѓето бестрашно ги давале своите животи за доброто на нивниот мајчин јазик.

Дваесет и први февруари е празник во Бангладеш, иако се прославува глобално, тој не е официјален празник на ниедно друго место во светот. Овој ден беше прогласен за Меѓународен ден од страна на УНЕСКО во 1999-та.

Оваа прилика е толку значајна во регионот што поттикнала заедничка прослава на границата на Индија и Бангладеш за да се зацврстат меѓусебните врски помеѓу двете држави.

Индија и Бангладеш заеднички ќе го прослават Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во тампон зоната покрај нивната граница, како иницијатива за да се охрабрат индивидуалните односи помеѓу двете нации.

Африка: подемот на африканските јазици

Темата на овогодинешниот Ден е претставувањето на мајчиниот јазик во училишната настава. Со повторното будење на локалните идентитети и култури во франкофона Африка и на други места, може да се забележи оживување и обновен обид да се промовираат африканските јазици.

На Брегот на Слоновата коска, акцијата на нивната Академија за мајчини јазици резултираше со подготовка на декрет, кој што се однесува на наставата на мајчините јазици.

На островот Маурициус, социјалните работници ги опишуваат нивните надежи и грижи за влијанието на изборните курсеви по креолски јазик врз долгорочниот успех и фундаменталниот развој на децата:

L’introduction du kreol prévient donc les torts qu’on peut causer à un enfant en lui niant sa langue maternelle… Ces méfaits sont connus : baisse de la confiance en soi et impact négatif sur l’apprentissage des autres langues.

Претставувањето на креолот ја спречува потенцијалната штета која што може да му биде нанесена на дете со негирањето на неговиот или нејзиниот мајчин јазик. Овие влијанија се добро познати: губење на самопочитта, како и негативно влијание во изучувањето на други јазици.

Во Гвинеја, авторот на Глобал Војсис Абдулаје Бах, на неговиот личен блог Конакри Експрес пишува:

Depuis quelques jours, le bruit courait que le gouvernement du Président Condé allait bientôt introduire l’enseignement des langues nationales dans le système d’enseignement dans le pays. C’est bien étrange que dans le monde entier, il n’y a rien de nouveau dans cette initiative. Mais le 25 avril, j’ai reçu un message d’une amie me disant:

“Le décret vient d’être signé pour créer un ministère des langues nationales et de l’alphabétisation.”

Во последно време беа ширени гласини дека владата на Претседателот Condé набрзо ќе ги претстави насоките за националните јазици во образовниот систем на нашата држава. Ова е прилично чудно бидејќи ширум светот во поглед на таа иницијатива нема ништо ново. Но, на 25 април, примив порака од пријател, која вели:

„Само што беше потпишана одлука за формирање на Министерство за национални јазици и писменост.“

Интернетот во служба на загрозените јазици

Интернетот е местото каде што напредуваат мајчините јазици кои што се ретки, загрозени или малку користени како последица на недостигот на компјутерски тастатури приспособени на нивната калиграфија. На пример, проектот „Истрајни гласови“ отпочнат од страна на Националното географско друштво во Америка, коешто поставува „говорни речници“ онлајн:

им даваме шанса на слушателите ширум светот да слушнат звуци кои што се меѓу најмалку познатите во човековиот говор.

Има осум речници досега: Tuvan, Ho, Siletz Dee-Ni, Matukar Panau, Chamacoco, Remo, Muniche и Saura.

Благодарение на подкастите се роди нов сојуз помеѓу африканските јазици и технологијата. Преку нив, една многу стара форма на поп-култура, народната приказна, е повторно родена во продавниците Ејпл како и во останатите аудио-библиотеки. На пример, оваа приказна на јазикот Бамбара (од Мали)  „L'écureuil et le serpent (Верверичката и змијата)“ снимена од страна на Букари Конат, уште еден член на Франкофонската заедница на Глобал Војсис:


“L”écureuil et le serpent “Conte en langue bambara (mp3)
Верзијата на француски јазик можете да ја најдете тука.

Други знаци на нов сојуз помеѓу технологијата и африканските мајчини јазици, претходно малку вреднувани во бизнисот и во општеството: растечкиот тренд на појава на ајфон апликации напишани на африкански јазици, како на пример на Јоруба.

Young girls in Bretagne, France. By ghislainedarmor on Flickr (Creative Commons license)

Млади девојки во Бретања, Франција. Од ghislainedarmor на Фликр (лиценца Криејтив Комонс)

Во метрополата Франција, лингвистичките региони исто така имаат обновен интерес за нивните мајчини јазици, а градот Quimper ја обележа приликата со тура на јазикот Бретон околу селските знаменитости. Во меѓувреме, градот Партене го прославува „Parlanjhe“, неговиот локален јазик, или langue d'oïl.

Можеби и како обележје на времето, албумот Bretonne на францускиот пејач Нолвен Лерој, испеан на бретонски, беше продаден во повеќе од еден милион примероци, без да предизвика изненадување кај Французите. Денес, во ерата на мешани фамилии и јазици можно дури и да се има и повеќе од еден мајчин јазик без да се предизвика љубомора. И сето тоа оди на подобро.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.