Мексико: Снимки од земјотресот со интензитет од 7.8 степени почувствуван во Мексико

На 20 март, 2012 година, брегот на Акапулко во Мексико го погоди земјотрес, наводно помеѓу 7.6 и 7.8 степени според Рихтеровата скала. Досега, нема извештаи за штети. Следат некои снимки кои прикажуваат како земјотресот беше почувствуван во различни региони во земјата. Сите аудио подлоги се на шпански јазик.

Во Пуебла:

El temblor del 20 de marzo del 2012. Intensidad de 7.9 grados en la escala de richter (en el epicentro). Epicentro:Ometepec,estado de Guerrero, Mexico. Hora 12:06 PM, lugar de grabacion: Ciudad de Puebla…

Земјотрес на 20 март, 2012 година. Интензитет од 7.9 степени според Рихтеровата скала (во епицентарот). Епицентар: Ометепек, државата Гуереро, Мексико. Време 12:06 часот попладне, снимено во: градот Пуебла…

Во Мексико Сити:

El sismo duro alrededor de 2 minutos y medio. Ya todos en la calle aun nos seguíamos movie do de un lado a otro.

Земјотресот траеше околу 2 ипол минути. Дури и кога сите бевме на улиците сè уште се нишавме од една страна на друга.

Во една зграда со деловен простор во Мексико Сити:

Пред Плоштадот Тлателолко во центарот на градот:

Повеќе снимки од земјотресот се споделуваат преку Твитер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.