Арапски свет: Година во слики – избор на нашите автори

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа:

Откако Мохамед Буазизи, млад туниски продавач на овошје се самозапали во малиот град Сиди Бузид во декември 2010, бран на невидени популарни протести зема замав во Арапскиот свет. Регионот виде невидени настани кои никој не би можел да замисли дека ќе ги посведочи во својот живот.

Три арапски диктатори паднаа, некои други беа принудени да спроведат реформи, додека на други места конфронтацијата се покажа болна и крвава.

Како и да е, 2011 веројатно ќе остане врежана во историјата на Арапскиот свет како година кога луѓето почнаа да се креваат против угнетувачкиот режим.

Бидејќи ја испраќаме 2011, а се приближува 2012 ги прашавме нашите автори да споделат со вас слики кои во нивните очи ја одбележаа изминатата година во нивните земји. Следната збирка го претставува нивниот избор.

Тунис 

Фотографија на Талел Нацер, искористена со дозвола

На 14 јануари 2011, илјадници протестанти се собраа во близина на зградата на Министерството за внатрешни работи во Тунис повикувајќи на пад на режимот на диктаторот Зајне Ел Абидине Бен Али. Подоцна истиот ден Бен Али одлета во Саудиска Арабија.

Afef Abroughi

Сирија

Непознат автор

Моќна порака од  „окупираниот град Кафар Набел“, Сирија.

Leila Nachawati

Либан

Фотографија на Крикориан. Искористена со дозвола

Иако во Либан немаше револуција во 2011, земјата на кедри беше опфатена со развојот и бунтот во регионот. Но, народот во Либан најмногу беше прогонуван од високите трошоци на живот. Секое зголемување на платата од владата, пред планот да биде одобрен во парламентот, цените вртоглаво раснеа.

Thalia Rahme

Палестина

Фотографија на Џилијан Ц. Јорк, искористена со Криејтив Комонс лиценца (CC BY-NC-SA 2.0)

Палестина: „Обединети маршираме кон слобода“

Jillian C. York

Јемен

Авторски права Шонди Ал-Софи, искористена со дозвола

Масовните мирни маршови во Јемен кои не престанаа во текот на целата година се сведоштво на безрезервноста и издржливоста на јеменскиот народ, и на крајот го докажуваат она што е напишано на билбордот, а тоа е „победата е на луѓето“.

Noon Arabia

Бахреин

Сликата е објавена на Твитер од @almakna

Горенаведената фотографија објавена на Твитер од @almakna, го покажува бројот на области во кои наводно властите од Бахреин пуштиле солзавец во една ноќ. На тој ден и јас се гушев во солзавец, поминувајќи ја ноќта и наредниот ден болна и внимателно следејќи објави и жалби на корисници на Твитер од целата земја.

Amira Al Hussaini

Слика објавена на Твитер од @SanabisVoice

Оваа фотографија од Sanabis Voice, покажува празни канистри од солзавец, собрани од мала област во еден ден. Такви слики може да се најдат во изобилство он-лајн, споделени од корисници на социјалните мрежи и кажуваат приказна која се повторуваше 11 месеци – приказна за која на поголемиот дел од светот не му е грижа.

Amira Al Hussaini

Египет

Слика на rouelshimi, искористена со Криејтив Комонс лиценца (CC BY-NC-SA 2.0)

25 јануари, првиот бран на протестанти одат на плоштадот Тахрир. Зора на револуцијата.

Tarek Amr

Мароко

Авторски права Амине Хачимото. Искористена со дозвола.

Се чини дека малечкото девојче кое гледа во мароканскиот Супермен кој паузира пред парламентот се прашува дали тој може да лета. Можеби тој е ултра-националист кој се обидува да докаже нешто? Или можеби е поддржувач на про-реформската група Февруари 20? Всушност не важно. Бидејќи зад прекрансата фотографија на Амине Хачимото лежи новата реалност на Мароко: 2011 е годината кога улицата стана театар на ненасилно политичко изразување. Нешто што ќе продолжи во наредните години.

Hisham Almiraat

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа:


Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.