Порторико: „Национален ден на салсата“ во конзерваториумот

Секоја година, третата недела во март, во Порторико се слави како Националниот ден на салсата. Во текот на целиот месец се одржуваат разни настани поврзани со овој важен ден.

Така беше и во неделата, на 11 март, кога во порториканскиот Конзерваториум на музиката се одржа традиционален концерт по повод одбележување на денот на салсата. Љубителите на салсата се собраа во амфитеатарот Рафаел Хернандез во конзерваториумот за да уживаат во оваа културна и музичка појава која стана една од најпопуларните и признатите видови на латинско-американска и карипска музика и танц во светот.

Оваа година пејачот Чео Фелисијано заедно со трубачот Џери Медина кои се најпознатите претставници на салсата во Порторико им се придружија на студентите од конзерваториумот за да го прослават денот на салсата.

Вилма Колон сподели неколку фотографии од настанот. Сите слики се објавени со нејзина согласност.

Љубители на салсата собрани заедно по повод комеморативниот концерт на Националниот ден на салсата.

Студенти по тромбон од конзерваториумот специјализирани по карипска и џез музика.

The singer and trompet player Jerry Medina.

Џери Медина

Студенти по ударни инструменти специјализирани по карипска и џез музика.

Пејачот Чео Фелисијано. Покрај тоа што е салса пејач тој пее и болеро.

Студенти од конзерваториумот кои пеат заедно со гостите и салса пејачите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.