Венецуела: Суштината на африканската музика во видео спотови

Африканските корени на Венецуела можат силно да се почувствуваат во музиката и културата на крајбрежните региони во земјата. Традицијата е голема и е изразена во неколку форми. Како таква, со секој удар на венецуелските тапани се чувствува поврзаноста со брегот, со плажата, со сантеријата и нивните прослави и танци. Различните форми на изразување варираат, а секоја од нив има свои особености.

Веб-сајтовите за социјално вмрежување играат важна улога со тоа што им помагаат на луѓето подобро да се запознаат со тапанарските фестивали. Сајтовите на граѓанските медиуми, а посебно Јутјуб, вклучуваат снимки со музика и танци изведувани за време на разни настани како што се семејни забави, државни празници или викенди на плажа. Еве неколку примери:

Во оваа видео снимка насловена како ‘Aфро-Венецуелци’, unique5589 го објаснува потеклото на африканските влијанија во Латинска Америка, која е една од главните теми на овој канал на Јутјуб.

Во текот на годината, на повеќе пригоди може да слушнете како на различни начини се свири овој вид музика. Инструментите и стилот на танцување се различни во различни региони. Ако сакате да се запознаете со раскошниот свет на африканско-венецуелската музика би било добро да погледнете неколку видео записи на Јутјуб. Видео записите ќе ви овозможат да ги почувствувате длабоките корени и древните обичаи на културата на мелезите во Венецуела.

Понатамошното пребарување низ веб-сајтовите на граѓанските медиуми ќе ви овозможат да видите огромен број видео записи од различни форми на музичко изразување. Следните видео снимки ги покажуваат регионалните разлики во танцувањето, ритамот и видовите на тапани кои се користени:

Тапани од централниот северен регион на Арагуа, споделено од malajunta:

7 Chimbagueles; одреден вид на тапани кои се користат во седечка положба додека се слави празникот Св. Бенедикт, споделено од Aдријан Херера

Тапани од Наигуата, северно крајбрежно село, споделено од Genuinos Venezolanos:

Калипсо тапани од Антилите. Видео записот го објави Jameg556, а го објаснува потеклото на овие инструменти и покажува примери од ритамот кој може да се произведе:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=tbeIORHIXmw

На крај, венецуелската божиќна традиција: бас тапан–звукот кој најверојатно ќе го слушнете за време на декемвриските празници. Звукот потекнува од западот на државата, а ритмите може да се слушнат низ земјата околу Божиќ. На видео записот поставен од Fools942, јасно може да видите како се употребува овој вид бас тапан.

Сликата „Tambores de Curiepe“ на Фликр корисникот danielito311 е користена под лиценца на Криејтив Комонс наведи извор-некомерцијално 2.0 (CC BY-NC 2.0)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.