Етиопија: Злоупотреба на дете снимена со мобилен телефон

Корисниците на Фејсбук во Етиопија реагираат на телефонска снимка ставена на Јутјуб на кој е прикажано како една мајка постојано го малтретира своето мало девојче. Кратко по објавувањето на видео снимката корисниците на Фејсбук организираа онлајн кампања за правда, со тоа што основаа Фејсбук група наречена „Етиопијци против злоупотреба на деца“:

За се она што му се случи на малото девојче, тоа ни ги отвори очите на сите нас. Да заштитиме и други деца, и да ја кренеме свеста за да го прекинеме насилството врз децата во ЕТИОПИЈА. Ние сме наредната генерација која може да ја промени нашата земја, да започнеме уште денес

Опис

Додека одблиску го набљудуваме случајот со малото девојче, исто така сакаме да размислиме како може да продолжиме да правиме вакви големи разлики со мали гестови како што направивме во изминатите два дена. (Етиопијците против злоупотреба на деца) е група посветена за подигање на свеста во врска со злоупотребата на деца во Етиопија. Ги покануваме сите кои веќе работат во добротворни цели, луѓе кои се заинтересирани да работат во добротворни цели и индивидуалци кои се подготврни да направат промени и да се придружат на нашето движење.

Следниот видео запис е од вознемирувачки карактер:

Оваа новост беше објавена на групата:

НАЈНОВИ ВЕСТИ: разговаравме по телефон со Саифу Фантахун и дознавме дека: 1. Откако известувачите ја напуштиле куќата детето повторно било тепано, доказ за тоа се белезите на телото кои ги немало претходно:( 2. Жената не му е мајка на девојчето, туку баба. 3. Детето има 4 години, а тие тврдат дека тоа се случило пред 3 години, што очигледно е лага. Затоа што детето на снимката е постаро од една година. 4. И мајката и девојката кои го снимале случајот се во притвор. 4. Детето сега престојува кај својата тетка. 5. Бабата тврди дека понекогаш е под влијание на ѓавол и затоа прави такви работи.

Друга група на Фејсбук е наречена „Стоп за насилството врз деца во Етиопија“:

Групата е посветена на децата жртви на физички напади, ментална тортура, сексуално вознемирување, обљуба или преран брак. Главната причина за основање на групата е бруталното физичко малтретирање извршено врз девојчето од страна на родителите.
Групата се залага информацијата да се прошири што е можно подалеку за да може да стигне до одговорните тела.
Затоа, да се обидеме да ја смениме ситуацијата и да поканиме пријатели да се приклучат на групата. Ве молите повикајте најмалку двајца пријатели.

Тседи Лема, еден од најактивните активисти на социјалните медиуми во Етиопија, на својот Фејсбук профил напиша:

Гледајте ја оваа видео снимка и плачете. Немам што да кажам…. ова ми оневозможи да зборувам како мајка и жена. Не знаев дека толку беше мојата граница… останав без зборови!!

Уште еден корисник на Фесбук од Етиопија, Мусон Абдо, сподели порака на страната „Стоп за насилството врз деца во Етиопија“:

Да го направиме најмалиот можен напор за да престане бруталното насилство врз децата во нашата земја со тоа што ќе ја прошириме оваа порака која ќе стане проблем на нашите лидери. Има многу слични случаи кои го попречуваат природниот и здравиот раст и развој на идните генерации. Вие можете да ја спречите оваа катастрофа. Не го игнорирајте ова, тоа е и наша одговорност. Ние можеме да ставиме крај на ова. Доволно беше. Ние страдавме/тие страдаа/ нашата земја многу страдаше од оваа епидемија. Споделете го ова што е можно подалеку.

Ethiopians Against Child Abuse logo. Image source: Group's Facebook page.

Лого на Етиопијците против насилство врз децата. Извор: страницата на Фејсбук.

Давит Нида изјави на Фејсбук:

ለዚህ ምን ይባላል!!! እያንዳንዱ ጥፊ በስለት የተወጋሁ ያህል ነው የተስማኝ:: የቀራጯ ሳቅ ደግሞ…..ውይ ያሰቃያል!!! СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ДЕЦАТА!!

Што може да се каже за ова!! Чувствував болка во телото по секој удар. Што ќе кажете за смеењето на снимателот? …
A woman wearing a t-shirt with the message "በአዲሱ ሚሊኒየም የሕፃናት ደህንነት የሁላችን ኃላፊነት ነው" (In the new millennium, the safety of children is our common responsibility). Photo courtesy of ethiopianreporter.com.

Жена со порака на мајцата"በአዲሱ ሚሊኒየም የሕፃናት ደህንነት የሁላችን ኃላፊነት ነው" (Во новиот милениум сигурноста на нашите деца е заеднична одговорност). Фотографија од ethiopianreporter.com.

Нашата локална радио станица понуди 10,000 етиописки бири (околу 600 американски долари) како награда за било каква информација која ќе помогне да се најде и уапси насилната „мајка“. Девојката која го снимила видео записот смеејќи се во позадина ја кажа својата страна на приказната.

Локален онлајн весник тврди дека мајката сега е идентификувана.

Социјалните медиуми им овозможија на корисниците во Етиопија да го најдат и споделат видео записот. Употребата на Фејсбук во Етиопија изнесува 111.19%. Земјата е рангирана на 93 место на статистичките ранг листи на Фејсбук по земја. Според Светската статистика за Интернет на 31 декември 2011 година во Етиопија имало 622,122 интернет корисници.

Пред некое време излезе снимка од мобилен телефон која предизвика лути реакции меѓу корисниците на интернет од Етиопија, а на на која е прикажано како работник од Етиопија е претепан и на сила одвлечен во автомобил, надвор од конзулатот на Етиопија во Бејрут, Либан.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.