Иран: „Треба ли повторно да гласаме?“

Исламската Република се подготвува за парламентарни (Мајлис) избори во петок, на 2 март, 2012. Ова се првите национални избори по контроверзните претседателски избори во 2009 и последователните масовни демонстрациии. Додека неколку опозициски групи повикаа на бојкотирање на изборите, иранската држава вработува анти-западна пропаганда за да ги привлече граѓаните да гласаат.

Сетаре Иран објави постер со ликот на Неда, млада жена убиена за време на протестите, со слоганот „Јас не гласам.“

Блогерот вели:

Над прашањето дали учествувањето на избори е корисно или не, е тоа како може некој да оди на гласачкото место со сите овие маченици и со илјадници невини затворени? Овој избор во петок нема да ги заслужи нашите гласови. Тоа е тест за режимот кој смета дека интелегенцијата на луѓето е непостоечка. Невиниот поглед на Неда нема да ни дозволи да си ја продадеме честа на диктаторството.

Neda: I do not vote

Неда: Јас не гласам

Азаракан вели:

Спротивно на пропагандата на режимот која вели дека западните земји ќе го нападнат Иран ако луѓето не гласаат, бојкотирањето на изборите го тера режимот да сфати дека нема никаква легитимност. Ги принудува да престанат да ја предизвикуваат меѓународната заедница со својата нуклеарна програма.

Едноминутен филм потсетува на тоа дека членовите на парламентот ги подржаа последните измамнички избори и донесоа економска мизерија во земјата.

Крајната порака на видеото е „Треба ли повторно да гласаме?“

Се разбира, не сите ирански блогери го делат истото мислење за изборите. Ахестан смета дека проблемите не се решаваат со неизлегување на избори затоа што политичкото учество на луѓето може да биде силен одговор кон непријателите („тупаница во уста“). „Ако тие [непријателите] ги охрабруваат луѓето да не гласаат, зошто тогаш треба Исламската Република да не ги охрабрува да гласаат?“ – вели тој.

Да се гласа или да не се гласа, на крај може тоа и не е прашањето, бидејќи некои аналитичари предвидуваат дека владата ќе објави 6о проценти излезност или повеќе, без разлика што ќе се случи во петок.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.