Пакистан: Образованието – последна надеж

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Глобален развој 2011.

Бидејќи социо-политичката криза во Пакистан излегува од контрола, граѓанското општество го нагласи значењето на образованието. Оваа идеја е поради фактот и надежта дека можеби, само можеби, образованието е клучот за стабилноста во средина на несмирливата внатрешна граѓанска војна со која Пакистанците секојденвно се соочуваат.

Али Насер од Пакистан напиша:

@alynaseer: Образовниот ситем во #Pakistan мора да биде преуреден веднаш со соодветни мерки за стипендиски програми за средната класа.

Блог за вести од образованието (од Флорида, САД) ја објави оваа шокантна, но неизненадувачка информација:

@educationblog: Пакистанскиот образовен систем е во криза, стапката на писменост е под педесет проценти. pcrschool.org/news/?p=30782

Ученици држат транспаренти и постери за време на собирот за кревање на свеста за образованието на жените, организирана од директорот на Приватните институции во Хајдербад. Фотографија на PPI Images. Авторски права Демотикс, 4 мај 2011.

Во искрено напишан блог во Експрес Трибјун од Асад Али, насловен „Риаз сакаше да научи англиски“  авторот зборува за момче кое разнесува весници и неговата одлучност да чита и пишува англиски. Тој пробал да му помогне на ова момче најдобро што може и му ја дал неговата неговата имејл адреса да му пише штом ќе може да чита и пишува англиски. Еве што Асад Али имаше да каже по 11 години:

Скоро единаесет години подоцна (пред три дена) за прв пат добив имејл од Риаз. Неговата одлучност да научи да го зборува јазикот е навистина извонредна.

Приказната на Раиз е сведоштво за фактот дека нашите млади се жедни за образование. За жал политичките лидери не ја обезбедиле потребната инфраструктура – но тоа е веќе стара приказна.

Веќе немаме оправдувања за да ги оставиме работите да бидат такви какви што се. Ако само еден процент од нас ја преземеа одговорноста да земат еден 10-годишник од улиците под нивна закрила за десет години ќе имавме 1,8 милиони повеќе образовани луѓе отколку ако беше поинаку. Десет години поминуваат. Замислете ако два проценти од нас се мобилизираа.

За жал не сите мислења се толку мотивирачки и поттикнувачки. Многу блогови говорат како нивото на образование во Пакистан не е само екстремно предизвикувачко туку и многу заостанато.

Како што Др. М. Паша изјавува во неговиот блог:

Посакувам нашите политичари и бирократијта да разберат дека образувањето млади луѓе во денешниот глобализиран свет е посложена и трудољубива задача од било што друго. Тоа вклучува грижа за развојот на интелектот на учениците, емоционалниот, социјалниот и физичкиот раст. Едноставно напорна работа, посветеност и ангажирање не се доволни. Ова бара и професионалност. Квалитетно образование може да се постигне само преку непрекинато изведување на образовниот процес кој е интелигентно обликувани од неколку добро обучени професионалци опремени со соодветно образование, вештини и ставови кои работат во технолошки подобрена средина на предавање и учење уредена со соодветни одредби. Мал број на правилно образовани ученици се повредни за сигурен и просперитетен Пакистан отколку армија непродуктивни, заведени фрустрирани млади матуранти.  Заменик канацеларот е секогаш водач на неговиот/нејзиниот универзитет. Тој/ Таа е одговорен/а за менаџирање на квалитетот. Што може да очекуваме од универзитет кој нема заменик канцелар? Посакувам луѓето во Пакистан да можеа да го сфатат значењето на последниот концепт на образованието во 21-от век.

Калсом Лакхани во Менувајќи го Пакистан нагласува нова иницијатива наречена „Подучувајте за Пакистан“, која е дел од глобалната мрежа Подучувајте за сите (која ја вклучува и Подучувајте за Америка). Еве што вели таа во напис насловен „Подучувајте за Пакистан: Внесување иновација во образованието“:

Предизвиците во Пакистан се огромни и сложени. Повеќето деца не можат да си дозволат пристап до добро образование. Тие се невини набљудувачи на скршениот образовен систем, каде критичкото размислување е ретко, тешко е да се сретнат добри учители, а отпишувањата се чести. Статистиката можеби нема драматично да се промени за време на нашиот живот. Но, напорите како Подучувајте за Пакистан преземаат иновативни чекори за да не однесат до таму побрзо притоа ангажирајќи ја младината на нашата земја.

Пакистан, без сомнение има да помине долг пат до подобрување на стапката на писменост. Имајќи предвид дека образованието и писменоста се две сосема различни форми на усогласеност ако не функционираат заедно и самото „читање и пишување“ може да биде бескорисно.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Глобален развој 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.