Арапски свет: Каде дури и Денот на вљубените е поинаков

Денес е Денот на вљубените! Приликата не е заборавена и покрај годината на протести во поголемиот дел од Арапскиот свет.

Од Обединетите Арапски Емирати, Јасер Хареб твитна:

@YasserHareb:  Не верувам во Денот на вљубените. Вистинската љубов нема прилика. Вистинската љубов е приликата. #Valentine

Абдул Ал Рашид, од Саудиска Арабија, која ги забранува сите форми на прославување на Денот на вљубените, пишува:

لا أريد أن احتفل بهذا اليوم .. أحرقوا كل أعيادهم وأعطوني مجتمعاً لا يشوه الحب .. لا يحاصر القلب ! ‎#valentine‏
@ALRrsheed: Не сакам да го славам овој ден. Запалете ги сите нивни фестивали и дајте ми општество кое не ја одзема љубовта… и не го заробува срцето.

А Раму Саламе се шегува:

@ramisalame: Еј Саудиски твитерџии, имам прашање: Дали утре за Денот на вљубените не треба да јадеме црвено месо?

Ејад Јоудех објаснува зошто ова прашање е прифатливо во Саудиска Арабија. Тој објави на Твитер:

@EyadJ: Денот на вљубените е единствениот ден од годината кога луѓето во Саудиска Арабија можат да одат во затвор поради носење одредена боја.

Додека Султан Ангари не потсетува:

سوف نضحك يوماً ما..بأنه كان بيننا أُناس يمنعون إهداء الوردة الحمراء أو حتى بيعها وشراءها في يوم محدد من ايام الله! ‎#Saudi‏ ‎#Valentine‏
@AngariSultan: Еден ден ќе се смееме на тоа што имаше луѓе меѓу нас кои им забрануваа на другите да даваат, продаваат или купуваат црвени рози на одреден ден од годината.

Саудиска Арабија ги забранува сите форми на славење на Денот на вљубените. Комисијата за заштита од моќта и заштита од пороци ги претресува дуќаните во трката до Денот на вљубените, принудувајќи ги сопствениците да ги отстранат сите симболи за Денот на вљубените вклучувајќи ги розите, срцињата, балоните и црвена хартија за пакување.

Egyptian Nermeen Edrees finds a heart drawn on her red car

Египќанката Нермин Едрис најде нацртано срце на нејзиниот црвен автомобил. Слика споделена на Твитер од Нермин Едрис

Понатаму, Египќанката Нермин Едрис беше пречекана од работа со прекрасно изненадување. Таа твитна:

@NermeenEdrees: Убаво изненадување… Некој реши да нацрта срце на мојот автомобил 😀

Во меѓувреме, Бахреин денес ја одбележува годишнината од почетокот на масивните протести, во стилот на т.н. Арапска пролет, кои ги погодија и Тунис, Египет, Либија, Сирија и Јемен.

Таму блогерот Махмуд Ал Јусиф го коментира краткиот притвор на активистот за човекови права Набил Рајаб велејќи:

@mahmood: #FreeNabeel уште еден посебен хаштаг во #Bahrain на овој раздвижен Ден на вљубените @NABEELRAJAB

Анонимните, лабаво формирана интернационална група хакери, исто така ги награди граѓаните на Бахреин со подарок за Денот на вљубените. Активистот за човекови права Маријам Ал Каваја твитна за тоа:


@maryamalkhawaja
: “#Анонимни до луѓето од #Бахреин: Среќен #Ден на вљубените” Анонимните уништуваат веб-сајтови на добавувачите кои продаваат на режимот на Бахреин #feb14

И конечно, во Египет Мохамед Ел Дахшан можеби е во невоља. Тој извика:

@eldahshan: Ха! Успеав да поминам цел ден без да зборувам за Денот на вљубените и … о не.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.