Соединети Држави: Уште еден напад на имигрантската култура

Одлуката да се елиминира Мексиканско-Американската студиска програма од наставниот план на државните училишта, која што беше имплементирана во Тусон, Аризона  во 1998, предизвика скандал. За многумина, укинувањето на програмата и конфискацијата на голем број книги е жив пример за ултра конзервативната агенда што го загрозува културното и историското пространство на овој регион.

Одлуката, одобрена во јануари од страна на управникот на Независната училишна област во Тусон, Џон Хупетал, е базирана на ARS-15-112 статутот од законот HB 2281. Како што објасни Јасмин Вила за LatinitasMagazine, овој закон ги забранува часовите или предмети кои:

  • Промовираат државен преврат на владата на Соединетите Држави.
  • Промовираат омраза кон раса или класа луѓе.
  • Се дизајнирани првенствено за ученици од специфична етничка група.
  • Промовирааат етничка солидарност наместо третирање на учениците како индивидуи.

Ова е листа на некои од конфискуваните книги:

  • „Преиспитувајќи го Колумбо: Следните  500 години“ од Лесли Силко
  • „Бура“ од Вилијам Шекспир
  • „Педагогија на поттиснатите“ од Паоло Фреире
  • „Окупирана Америка: Историја на Чиканосите“ од Родолфо Акуна
  • „Чикано: Историја на Мексиканско-Американското движење за граѓански права“ од Артуро Росалес
  • „500 години Чикано историја во слики“ од Исабел Мартинез

Кликни овде за да ја видиш целосната листа.

Во следново видео се гледаат протестите на студентите и професорите против забраната на етничките студии во Тусон:

Како и што беше очекувано, солидарноста  што државата сакаше да ја контролира се почуствува не само во Тусон, туку и во неколку други региони низ Соединетите Држави. Јунот Диаз, Лаура Ескивел, Ана Кастиљо и многу други писатели како и различни организации посветени на образованието, литературата и слободата на изразувањето јавно го отфрлија ова неуставно дело.

Беа создадени онлајн петиции како и блогови за поддршка на повторното внесување на наставната програма за Мексиканско-Американски студии. Забрана на историјата, на пример, прифаќа видео материјали на кои луѓето читаат, пеат или покажуваат делови од цензурираните книги.

"You can't censor books", street art from Tucson, AZ. Photo by Flickr user crjp. Published under CC BY-NC-2.0 Licence.

„Не можеш да цензирираш книги“,улична уметност во Тусон, Аризона. Фотографија на Фликр корисникот crjp. Објавена со Криејтив Комонс лиценца BY-NC-2.0.

Професорската група на активисти, TAG  во соработка со Преиспитување на училиштата, исто така лансираше кампања за подигање на свеста наречена „Немањето историја е нелегално: кампања да се спасат нашите приказни“. Тие, исто така, создадоа проширена наставна програма која се основа на лекциите од забранетата програма, дополнета со лекции за борбата за слобода на говор и културна разновидност.

Дефинитивно, бранот на солидарноста ќе добие на сила бидејќи е корисен противотров на злоупотребата на моќ, страв и расизам. Во март, караванот Librotraficante (Криумчерење на книги) ќе пристигне од Хјустон, Тексас во Тусон, Аризона за да ги подели цензурираните книги.

Следново видео е за караван проектот организиран од писателот Тони Диаз.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.