Јужна Кореја: Плашејќи се од кравјо лудило, нови протести против говедското месо од САД

Илјадници жители на Јужна Кореја протестираа со палење на свеќи, протестирајќи против продолжениот увоз на говедско месо од САД по откривањето на кравјо лудило во април на територијата на Калифорнија. Во 2008 година, илјадници луѓе излегоа на протест и заедно запалија свеќи во знак на протест против планираниот увоз, кога владата вети дека дека ќе го стопира увозот штом се открие присуство на оваа болест.

Неодржаното ветување предизвика бес во меѓу луѓето и ја врати во живот 4-годишната традиција на бдеење со свеќи.

Protest Against US Beef Import

Слика на Твитер од @notable1980

Корисникот на Твитер @notable1980 објави слика од протестот:

[촛불시즌2][2012년5월2일7시청계광장][…]”작은 실천이 세상을 바꿉니다.”

[Втора сезона на палење свеќи] [19 ч., 2 мај, 2012, плоштад Чеонги] […] „Со мали активности до голема промена во светот“
Protest Against US Beef Import

Слика на Твитер од @opentree20

Уште еден корисник @opentree20 ја објави сликата погоре и кажа:

2009년 광우병 촛불이 처음 밝혀진지 딱 4년만입니다. 4년 전 그날처럼 국민들이 같은 마음으로 한 자리에 모여 촛불을 높이 들고 있네요. 미국산 소 수입 즉각 중단하십시오!

Точно четири години поминаа откако запаливме свеќи во знак на протест против увозот на месо заразено со кравјо лудило. Со истата идеја Корејците се собраа повторно да ги подигнат своите свеќи. Ве молам, итно запрете го увозот на говедско месо од САД!
Protest Against US Beef Import

Слика на Твитер од @hyojinlovelove.

Ким Хио-џин (@hyojinlovelove) објави слика од атмосферата на протестот кој продолжи до доцна вечерта.

이 시간 청계광장. 미국산 광우병 소고기 수입 반대 집회. 어김없이 촛불을 들다. 시간이 지날수록 더 많은 사람들이 모이고 있어요.

Од плоштадот Чеонги – протест против увозот на говедско месо од САД заразено со кравјо лудило. Ги кренавме нашите свеќи. Се повеќе луѓе се собираат како што одминува времето.
Protest Against US Beef Import

Слика на Твитер од @sisyphus79

Твит од корисникот @sisyphus79 вели:

촛불 4주년 광우병 쇠고기 반대 촛불집회 현장입니다. 4년 전 그때의 공기가 이곳에서 느껴집니다. http://twitpic.com/9gcd4i

Ова е атмосферата на протестот со свеќи против говедското месо заразено со кравјо лудило — иста како и онаа пред 4 години. Можам да го почуствувам истиот воздух во местово.
Protest Against US Beef Import

Слика на Твитер од @gree

@gree ја објави на Твитер фотографијата погоре и рече:

다시 모이고, 다시 밝힌 촛불들이 외칩니다. “거짓말 정부 못 믿겠다. 광우병 쇠고기 수입 중단하라!”

Светлината од свеќите повторно се обедини и ни ја разгори желбата да викнеме, „Ние повеќе не можеме да веруваме во оваа лажлива влада. Престанете да увезувате говедско месо заразено со кравјо лудило.“

Демонстрантите мавтаа со свеќи и знамиња, пееја песни и држеа транспаренти на кои пишуваше „Заштитете го суверенитетот на луѓето“ и „Стоп за увозот на говедско од САД“ како што може да се види погоре на сликите. Околу 4.000 полицајци го надгледуваа протестот, а некои демонстранти беа и уапсени.

Protest Against US Beef Import

Слика од @ytnmania

Од YTN (Синдикат на вработените во јужнокорејскиот национален кабелски канал за вести @ytnmania) објавија слика на Твитер на која полицијата ги блокира демонстрантите (горе):

4년만에 다시 모인 청계광장 광우병 규탄 촛불집회에 앵그리 YTN 조합원들도 참석! 경찰 청계광장을 미리 점거해서 자리가 비좁네요!

Поминаа четири години и повторно демонстрантите се собраа и запалија свеќи против заразеното месо од САД на плоштадот Чеонги. Ние, ЛУТИТЕ членови на YTN бевме присутни, иако местото беше преполно откако полицијата го окупираше плоштадот.

Назад во 2008-та, масовните протести избувнаа и траеа повеќе од еден месец. Откако владата ја укина забраната за увоз, Јужна Кореја сега е четвртиот најголем увозник на говедско место од САД во светот.
@wjsfree објави видео во кое појаснува зошто луѓето се толку загрижени за увозот:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=0OpLlKpXhk8

Масовниот протест кој започна на 2 мај 2012 продолжи уште еден ден, а се претпоставува дека ќе продолжи до крајот на неделата. Неколку илјадници луѓе се собраа на првиот ден од протестот и околу илјада продолжија да протестираат во текот на следниот ден.

Медиумското лице кое е навистина влијателно во Јужна Кореја, Медиа Монгу, објави фотографија од мало девојче кое учествуваше на протестот со својата мајка и баба. Тие држат плакати на кои може да се прочита „Стоп за увозот“ (двете десно) и „Заштитете го нашиот суверенитет“ (лево).

Protest photo

Слика на Твитер од Медиа Монгу

@jhohmylaw ги објави причините за протестите во вториот ден:

(내가 오늘도 청계광장을 가는 이유) 1.촛불시위는 이제 시작일 뿐이다 2. 어제는 국민의 힘을 제대로 보여 주지 못했다. 3. MB정부, 쇠고기 수입중단 안하고 있다 4.자식의 안전을 걱정해야 하는 아버지다 5. 그곳에 가면 기분이 좋다.

(Зошто пак одам на плоштадот Чеонги) 1. Ова е само почеток на бдеењето со свеќи. 2. Вчерашниот протест не беше доволно силен за да ја покаже силата на народот. 3. Владата на Ли Мјанг-бак се уште не го сопрела увозот. 4. Јас сум родител, кој се грижи за здравјето на своето дете. 5. Едноставно се чувствувам убаво што сум таму.

Дури и националниот десничарски весник кој ја поддржува владата во речиси се, објави статистика според која 72,5 % од Корејците сакаат да се сопре увозот на говедско од САД. Во меѓувреме, еден уште попознат весник „Pressian“, откри фотографија од една владина реклама во постар весник. Рекламата, платена од министерството за здравство, вели „Нема ништо поважно од општото здравје. Сметајте на нас, ќе ве заштитиме“ и „Доколку се забележи говедско заразено од кравјо лудило, веднаш ќе го сопреме увозот“.
Второто ветување на владата беше дека ќе изврши проверка на целото увезено говедско месо и изворот на оваа болест, но кај многу корисници на Твитер како @yoji0802 побуди сомнеж, тој се сомнева во точноста на резултатите уште пред да почне инспекцијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.