Етиопија: Муслиманите спроведуваат онлајн кампања за верска независност

Се повеќе се видливи знаци на етиопскиот муслимански онлајн активизам, со протестите против мешањето на владата во нивните верски прашања.

Етиопските муслимани повеќе од три месеци протестираат онлајн и офлајн против наводното вмешување на владата во нивните верски прашања. Сепак, протестите добија многу малку внимание од меѓународните медиуми.

Даниел Беране на Фејсбук објасни зошто протестите се здобиле со помалку внимание од меѓународните медиуми:

Прашувам: Зошто странските медиуми и невладини организации ги игнорираа долгите  протести/вознемирувања во муслиманското училиште Авелија, а даваа опширна покриеност на мали настани во десничарскиот камп?

Одговарам: Тоа е затоа што, западните медиуми и невладини организации вмешани во етиопските работи, се настроени кон специфична идеолошка агенда.

Етиопски муслиманки. Извор на фотографија: Фликр страница на Boyznberry (CC BY-NC 2.0)

Сепак, во последниве 2 недели протестите привлекоа значајно внимание во меѓународните медиуми откако владата се изјасни дека нема да толерира никакви активности од страна на субверзивни групи кои го користат Исламот како маска за да создадат нестабилност во земјата.

Етиопската влада протера двајца Арапи кои долетале од Средниот Исток откако биле во Големата Анвар џамија и наводно се обиделе да поттикнат насилство во државата. Само една недела пред депортацијата на двајцата Арапи, беше известено дека безбедносните сили уапсиле муслимански религиски лидер во регионалната држава Оромија зашто повикувал на Џихад. Група муслимани кои се обидоа да го ослободат се судрија со полицијата. Четворица демонстранти беа убиени, а 10 полицајци повредени.

На Фејсбук кружеа гласини дека владата се согласила на едно од нивните барања. Џавар Мохамед, почитуван политички коментатор, напиша:

Има гласини дека Мелес се согласил со едно од барањата составени од муслиманските активисти – отстранување на моменталните неизбрани лидери на Мејлис. Но, се уште нема официјални вести. Возможни се две сценарија: a) Владата не се согласила, но шири гласини со цел да создаде дебата и конфузија меѓу активистите. Тоа би им го одвлекло вниманието на активистите од планирање и координирање на нивните акции и би создало поделба..

б)  Владата прави ваков лажен потфат со цел да го спречи петочниот протест, кој што треба да биде најголем, затоа што, повеќе од 700 странци треба да се соберат во главниот град за Светскиот економски форум. Голем протест во присуство на странски високи функционери ќе му овозможи на движењето повеќе видливост. Видливост која не само што ќе ја попречи способноста на владата да преземе остри мерки против демонстраторите овој петок, туку ќе направи во иднина ваквите мерки да завршат лошо.

в) Владата навистина ќе ги отстрани лидерите на Мејлис(искористи и фрли е добро позната игра на Мелес) со надеж дека ќе го извлече моментумот од демонстраторите и на крај ќе го замени Мејлиссо друг сет марионети.

По овие настани, етиопските муслимани се свртија кон Фејсбук и Твитер за нивниот глас да биде слушнат. На една од Фејсбук страниците создадена со цел да се координираат протестите се вели:

ጠቃሚ መሳሰቢያ!!! አንዳንድ ወንድሞች በነገዉ ጁምአ ተቃዉሞን በዝምታ መገለፅ አለበት የሚለዉን መልዕክት ወይም ማሳሰቢያ የግለሰቦች ሀሳብ እየመሰላቸዉ ተክቢራዉ መቀጠል አለበት ይላሉ:: ሁሉም ሰዉ በተክቢራ ተቃዉሞን መግለፁ ጠቃሚ እንደሆነ ይስማማል::ነገር ግን የነገዉን ጁምአ በተመለከተ በሁሉም መስጂዶች ሙስሊሙ በዝምታ ተቃዉሞዉን መግለፅ እንዳለበት ሹራ ተደርጎ እና ከብዙ አቅጣጫ ታይቶ የተወሰነ መሆኑን በመረዳት ይህንን መልዕክት በየመስጂዳችን ተግባራዊ እንድናደርገዉ እናሳስባለን …….አሁንም ይህን የተለመደዉን ታዛዥነታችንን በማስቀጠል በየመስጂዶቻችን በዝምታ ተቃዉሞአችንን እንድንገልፅ በአላህ ስም እናሳስባለን::

Важно! Утре (петок) нашиот мирен протест ќе продолжи во тишина! Некои браќа ќе ја сметаат оваа порака како идеја на некои индивидуалци. Можеби ќе инсистираат да ги продолжиме протестите со „текбир“ (интонирање), иако е согласно дека може да се протестира со пароли сепак одлучено е дека низ сите џамии утре (петок) нашиот мирен  протест да продолжи во тишина! Во името на Алах ве поттикнуваме утре да го искажете својот протест во тишина.

Друга Фејсбук група која се залага за нивната цел е Етиопски Муслимани:

Целокупниот развој, просперитет и процесот на демократизација на државата може никогаш да не биде остварен со маргинално учество на само дел од нејзиното население.  Минувајќи низ векови на систематски и нефер политики, заедницата на етиопските муслимани се бореше да го утврди своето постоење.

И конечно, тука е Нур-Етио:

Целта на оваа група е целосно да ги зајакне етиопските муслимани социјално, економски и политички врз основа на етиопскиот устав и меѓународното право..

Исламот, кој пристигнал во Етиопија во 615 година, е втора по големина религија во Етиопија по христијанството.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.