Шпанија: Уметноста процвета заедно со глобалната пролет

Овој напис е дел од специјалната репортажа Eвропа во криза.

Од 12 (12М) до 15 мај (15М), Шпанија искуси социјално движење на улиците како протест против контролата на банките и побара систем кој е подемократски, партиципативен и поправеден. Со ширењето на протестите и општото незадоволство, последниот ден од протестите, движењето 15М ја постигна целта.

Граѓаните продолжуваат да дејствуваат преку народни собири, комисии и работни групи кои овозможуваат дебати на теми кои им влијаат на луѓето и извршуваат акти на соработка. Многу држави беа инспирирани од случувањата во Шпанија, и протестите достигнаа глобален карактер на 15 октомври минатата година, со протести во повеќе од 900 градови и 82 држави. На 12 мај 2012, повторно беа организирани протести насекаде низ Шпанија и низ светот.

Уметностите исто така процветаа на 15 мај. Блогот Voces con Futura (Гласови со иднина) објавува голем број на анонимни постери кои ги исполнуваа плоштадите за време на протестите. Авторот на блогот е шпанска дизајнерка која живее во странство и сака да ја задржи анонимноста. Таа го посветува своето внимание на креативниот талент кој се појави како резултат на ова движење.

За да се одбележи првата годишнина од протестите и случувањата 12-15М, блогот# Acampadasol објави прекрасни креативни постери кои откриваат многу од причините за протестите. Тука споделуваме некои од убавите и креативни постери:

„Возможен е и друг свет“

Ocupa toda la calle

„Остануваме на плоштадите“

Cartel anti-corrupción

„Ако крадеш, нема да владееш“

Primavera Global

Parodia para anunciar el despertar de la ciudadanía

„Не сакаме реформи… Сакаме поинаков систем“

Сите слики се објавени со Криејтив Комонс лиценца CC BY 3.0.

Овој напис е дел од специјалната репортажа Eвропа во криза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.