Kуба: Економско дежа ву?

Неколку кубански блогери ги искажаа своите економски грижи – и се прашаа дали неодамнешните политички реформи на островот, некои од кои вклучуваат повеќе можности на самовработување – ќе се претворат, исто така, во политичките промени.

Блогер од дијаспората, Uncommon Sense, не мисли дека нешто се сменило на економски план, забележувајќи:

Просечната месечна плата во Куба достигнува 19 долари. Да, во 2012.

Генерација Y признава дека „има впечаток на постојано дежа ву“:

Денес на пладне на улица слушнав зборови идентични на оние од минатата недела; Соседството поминува низ слични проблеми на оние од пред дваесет години и редицата кај месарот изгледа според моделот на 1994 или 2002 година. Тешко е да го истресете чувството дека веќе сме го преживеале ова… Една од сцените кои се повторуваат е трката за храна и другите основни производи кои се во мали количини во нашите маркети. Се оди по малку масло, пакетче колбаси или парче сапун за да се исперат алиштата.

Санчез продолжи со објаснување како „долгоочекуваната реформа која дозволи повторно раѓање на самовработување создаде некои проблеми за кои малку се зборува“:

Поради недостатокот на големопродажни пазари каде можат да се снабдат со продукти и сирови материјали за нивните мали бизниси, приватните работници се свртеа кон веќе слабата малопродажна мрежа. Тие рано в зори се редат пред пекарите или одредени продавници за да дојдат до поголем број на залихи кои завршуваат во рестораните и баровите. Без некои попусти поради купувањето на храна во поголема количина, одржувањето на залихата на зеленчук, жито и месо постана стравична задача, тешка и екстремно скапа. Покрај тоа, тие значително ја намалуваат достапноста на продуктите за не-индустриските потрошувачи, индивидуалниот купувач кој има потреба само за домашна употреба. Малопродажното мнозинство.

Слабата државна трговија не е подготвена за побарувачката во тековните месеци… Ако ова несогласување не се реши, ќе дојде времe кога свинското месо, пиперките и компирите ќе се најдат само во чиниите на приватните ресторани. И соседството кое денес се жали, по безброј пати, за недостаток на тоалетна хартија, ќе мора да ги посетува тоалетите на новите ресторани за да се потсети какви биле ролните, колку бели, колку меки.

Bad Handwriting сподели интересна перспектива, присуствувал на организираната средба на весникот Temas (Наслови), поврзанa со прашањата за самовработувањето:

Ги проширив моите хоризонти како домаќинка. Научив дека уметниците и религиозните лица се исто така самовработени и дека оваа категорија наскоро ќе изнесува 20% од работната сила. Исто така најдов приказ на 600 вработени, кои покажаа дека можат да заработат сума шест пати поголема на нивната поранешна државна работа.

Тоа беа тие кои дојдоа да ги одбранат злогласните продавачи и нивните колички, кои добија бебројни обвинувања, како тие да се одговорни недостатокот на разновидност и за високите цени на зеленчукот.

Иако членовите на групата се уште го користат архаичниот јазик, тие генерално зборуваа за позитивното влијание на овој сектор на враќањето на вредноста на работата и потребата да се променат општествените ставови кои гледаат на оваа работа како разбирлива – форма на благо заборавање дека тоа е природна реакција на половина век владина стигма поврзана со приватносо и личното збогатување.

Според неа, „најдобриот дел [од состанокот] дојде со коментарите“:

Имаше повик за чиста регулаторна рамка и јавна статистика во врска со новиот начин на работа…

Писателот Иос објави теоретски проблем: Ако сите економски моќи генерираат политичка моќ, дали државата е свесна за можноста да ја изгуби нејзината моќ? Самовработените за време на панел дискусијата изјавија дека, спротивно од она што не учеа во прирачникот за политичка економија, економските промени нема да донесат политичка промена, а партијата ќе остане единствена и ексклузивно владејачка.

Младите луѓе како и секогаш, гледаат кон светлата трана. Еден зборува за елиминација на стравот од реалноста на промените, друг прашува дали увезуваат и извезуваат, дали услугите на државата како што е SEPSA (безбедност) може да се користат, дали работат кредитните картички. Друг вели дека улогата на унијата е да го брани работникот, а не да ги објавува лошите вести преку медиумскиот орган на партијата. Еден млад професор го објасни неговото искуство како е да си самовработен и настојува дека мерките треба да бидат регулирани пред имплементацијата, а не обратно.

Јас си заминав од таму со подобро расположение. Ние не сме ни глупави ни скотови. Она што ни недостасува е слободата.

Сликата употребена за овој пост е од cheeses, употребена под Криејтив Комонс лиценца (CC BY-NC-SA 2.0). Поетете го профилот на cheeses на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.