Кенија: Дигиталните активисти во онлајн борба против корупцијата

Јас платив мито e иницијатива од кениските антикорупциски активисти кои се борат против корупцијата во Кенија со помош на новите технологии за да приберат искуства со корупцијата од останатите. Јас дадов мито, која е направена по моделот на индискиот антикорупциски портал (IPAB), е партнерство помеѓу IPAB и Wamani Trust од Кенија за да се донесе IPAB во источна и централна Африка.

Јас платив мито е:

www.ipaidabribe.or.ke е уникатна иницијатива на Wamani Trust со цел да се справи со корупцијата употребувајќи ја колективната енергија на граѓаните. На овој веб-сајт може да ја пријавите природата, бројот, патеката, видовите, локацијата, колку често се случило и вредностите на корумпираните постапки. Вашиот извештај, можеби за прв пат, ќе обезбеди слика подмитувањето кое се случува во вашиот град. Ние ќе ги користиме за аргументирање за подобрување на процедурите и системите на владеење, затегнување на законот и регулативите и намалување на корупцијата при добивање на услуги од владата.

Ве покануваме да ги регистрирате сите сегашни или стари подмитувања што ги имате платено. Ве молиме да не известите ако сте одбиле понуда за мито или ако не сте морале да платите, поради новата процедура или чесно службено лице кое ви помогнало. Не ве прашуваме за вашето име или телефон, затоа чувствувајте се слободни да пријавите според веќе постоечките формати.

Иницијативата го лансираше интегрираниот СМС систем „Платив мито Кенија“ во мај оваа година, со цел да им се овозможи на 25 милиони луѓе од Кенија кои имаат пристап до мобилен телефон да известат и да ги споделат нивните искуства со митото на сајтот:

За да го споделат нивното искуство со митото, со употреба на краткиот код за СМС пораки на кениската група Јас платив мито, треба да испратите порака на бројот 2025 посочувајќи ја државата, одделот, износот.

Постојат три начини како Кенијците можат да ги споделат своите искуства со мито на овој сајт:

Кенијците може да известат за нивните искуства со корупцијата користејќи го вебсајтот (ipaidabribe.or.ke), верзијата за мобилен телефон (m.ipaidabribe.or.ke) или краткиот СМС код 2025. Праќањето СМС на 2025 ќе биде наплатен KES 5.

На кој начин онлајн споделувањето искуства со корупцијата придонесува во борбата против корупцијата? Колин Басвони објаснува:

Факт2: „Ситната“ корупција е најчесто непријавена во Кенија

9 од 10 испитаници кои биле опфатени во истражувањето во источниот африкански индекс за подмитување во 2011, рекле дека немале пријавено корупција. Да 9 од 10.

Додека случаите за „ситна“ корупција минуваат непријавено, јавните службеници ќе ги искористат нивните канцеларии за приватна заработка.

Факт 3: Корупцијата го спречува социо-економскиот развој на Кенија

Комбинираната цена на сите скандали поврзани со корупцијата во Кенија: Голденберг во 90-тите, Англо-лизинг, скандалите со пченка и со масло во 2000 и кенискиот скандал со шилингот/доларот во 2011 година без сомнение се значајни во економијата на Кенија. Замислете како би изгледало доколку сите овие пари би биле вложени во развој на инфраструктурата, во здрава исхрана, образование итн.

Како што Кенија се движи напред во иднината со визија за 2030 како нацрт за економскиот, социјален и политички развој на земјата, корупцијата останува еден од најважните предизвици кон таа цел. Визијата за Кенија 2030 ќе остане фатаморгана во хоризонтот на иднината, ако Кенијците колективно не зборуваат за тоа и не се заложат во борба против корупцијата.

Анонимен посетител на сајтот додава:

Да не се зборува за тоа само прави полошо и станува прифатливо затоа што никој не се жали. Како Кенијци имаме тенденција само да го прифатиме статусот кво и да не прашуваме зошто работите не можат да бидат поинакви, а можат да бидат.

Во оваа нова доба во која живееме, каде технологијата и социјалните медиуми постанаа начин на живот, информациите можат брзо да се собираат, шират и постават во центарот на вниманието.

Колку повеќе зборуваме за тоа, толку повеќе привлекува внимание и лидерите и кретаторите на политиката се принудени да го решат проблемот. Ве молиме не престанувајте да зборувате за корупцијата и данокот која таа го зема од нашето општество и прави тоа да скапува одвнатре.

Друг забележува:

Кенијците страдат од сериозна амнезија! Дискутираме за корупцијата само кога се соочуваме со некој поголем скандал, а се уште „ситната“ корупција одзема 30% од нашиот домашен приход, ги осиромашува нашите ресурси и ги еродира нашите морални вредности. Ќе биде многу тешко, ако не и невозможно, да се пресретнат нашите цели за визијата за 2030 година доколку не и кажеме не на ситната корупција.

Ситната корупција ги засега луѓето од средната класа и сиромашните. Додека пак супербогатите ги погодува големата корупција!

Иницијативата е на Фејсбук и Твитер.

Корупцијата помеѓу полититичарите и владините службеници во Кенија е широко распространета. Скандалот Голденберг е најдолгиот корупциски скандал во Кенија во кој владата на Кенија го субвенционираше извозот на злато. Овој скандал ја чинеше Кенија повеќе од 10% од годишниот бруто домашен производ на државата.

*Сликичката е од Канцеларијата за дрога и криминал при Обединетите нации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.