Шпанија: Поддржувајќи ги рударите: „Да, да, тие не претставуваат нас!“

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја изразат својата подршка на шпанските рудари и им се придружија кога пристигнаа во Мадрид по 400 километри пешачење од северниот дел на Шпанија. Протестот почна во 22:00, во вторник на 10 јуни 2012, во Ла Монклоа, седиштето на владата и заврши на плоштадот Пуерта дел Сол во Мадрид околу 02:00 часот. Рударите протестираат против мерките за штедење и намалувањата на субвенциите наметнати од страна на владата на Маријано Рахој.

Собирот со цел да се поздрави т.н. „Црн марш“ се одржа во емотивна атмосфера, полна со солидарност. Граѓаните кои се собраа таму ги поздравија рударите со аплауз, зборови на восхит, сочувствителни слогани и со нивната химна, која се пееше во текот на целиот марш низ центарот на главниот град. Рударите го изразија своето изненадување од нивото на мобилизација, која додаде на интензитетот на она што е познато во социјалните мрежи како #nocheminera (ноќ на рударите).

Црниот марш поминува низ центарот на Мадрид. Фотографија од Исмаел Нарањо

Меѓу најчестите пароли беа „Да, ние можеме!“, „Да, да, тие не претставуваат нас!“ и „Ова е нашиот состав“, алудирајќи на неодамнешната победа на Шпанија на Европското фудбалско првенство. Едно е јасно: оние кои ги поддржуваат работниците се чувствуваат погорди и се идентификуваат повеќе со работничката класа отколку со политичарите или фудбалерите.

Рударите не само што ги осветлија улиците со своите светла на кацигите: тие, исто така, претставуваа светло за демонстрантите во поширока смисла на зборот. Многу други сектори се идентификуваа со нивната кауза, вклучувајќи ги и анархистите, indignados од движењето 15-М и луѓе од сите возрасти и од различни региони низ цела Шпанија. Заради тоа што е силно бунтовен протест, повеќе отколку другите протести во Шпанија, борбата на рударите стана срцето на работничкото протестно движење и најрадикално отфрлање на владините рестрикции.

Видеото подолу ги прикажува демонстрантите како ја изразуваат својата солидарност со рударите (видео од Хуан Луис Санчез):

Преку социјалните мрежи, многу луѓе ги охрабрија рударите да ја продолжат борбата против рестрикциите што можат да доведат до исчезнување на нивниот сектор. Голем број на корисници на Твитер изјавија дека се чувствуваат горди на шпанските рудари преку своите пораки и хаштагот #yosoyminero (јас сум рудар). Како што беше случај со претходните протести, социјалните мрежи беа оние кои ги проширија информациите, соочени со она што корисниците го осудија како #silenciomediático (медиумска тишина).

Историскиот протест на рударите продолжи утрото во среда, на 11 јули. Сепак, испадна дека тоа е многу пострашен ден од претходниот, заради насилните конфронтации помеѓу полицијата и демонстрантите. Повеќе од 76 лица беа повредени во конфликтите, а околу десет беа уапсени.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.