Остатоци од напуштено јеменско-еврејско село

Јеменската блогерка Роој Алвазир (@Rooj129) објавува неверојатни фотографии од нејзиното патување до напуштено еврејско село, Беит Баус, качено на карпеста планина кое е на 15 минути од Сана.

Во слајдшоу, Алвазир покажува сегменти од нејзината екскурзија.

Собрани заедно во бело комбе, четиринаесет од нас решивме да заминеме на патување и да го посетиме напуштеното еврејско село, Беит Баус, кое е сместено на карпеста планина 15 минути од Сана.

Еве две од фотографиите што таа ги сподели:

Beit Baws - Perched on the Mountains

Беит Баус – Качено на планините. Фотографија на Роој Алвазир

Homes chiseled into the mountain side in Beit Baws

Домови издлабени во планината во Беит Баус. Фотографија на Роој Алвазир

Многу јеменски Евреи мигрирале во Израел за време на „Операција магичен тепих“ во доцните 40ти, првите години од постоењето на еврејската држава. Некои одбраа да останат во Јемен, но нивниот број за жал се намалува и многумина се иселуваат од државата заради закани од радикалните исламисти. Јеменско-еврејската заедница ја зачува својата култура најмногу во северниот дел на Јемен и добро се познати по нивното занаетчиство и сe најдобри кујунџии.

Ова видео дава слика на нивниот живот во Јемен, а песните во видеото се од познатата пејачка Офра Хаза која има јеменско-еврејско потекло.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.