Штрајк на новинари во Кина – редок случај на спротивставување на цензура

6 јануари 2013 година ќе биде запомнет во историјата на кинеското новинарство како денот кога угледниот весник „Јужен Викенд“, кој на времето го водел бранот на медиумски реформи во кина, паднал во немилост.

Околу 21:30 At around 9:30pm the newspaper’s официјалниот микроблог на весникот на социјалната мрежа „Сина веибо“ (на кинески) објави изјава насловена „До читателите“ во која демантираше дека одделот за пропаганда надлежен за таа провинција имал улога во неодмнешното цензуриране и ревидирање на новогодишното обраќање од уредникот (на англиски).

Еден час подоцна, голем дел од редакцијата прогласи штрајк и се дистанцираше од изјавата „До читателите“, преку  заедничка изјава (на кинески) преку профилот на 163.com microblog, објавувајќи дека официјалниот микроблог бил преземен на сила.

Многу влијателни јавни интелектуалци и новинари ги сменија сликите на своите профили на „Сина веибо“ во црно-бела верзија на логото на „Јужен викенд“.

Група кинески студенти по новинарство изразуваат поддршка за „Јужниот викенд“. Сликата е од inmediahk.net, за некомерцијална употреба.

Одвнатре во инцидентот

Наредниот ден, редакцијата на „Јужен викенд“ (анг. Southern Weekend) објави долг микроблог пост на 163.com, објаснувајќи како настанала изјавата „До читателите“. На почетокот, раководството на „Јужен викенд“ и персоналот биле со ист став и се договориле темелно да го истражат инцидентот со ревидирањето. Арно ама, под притисок на министерството за пропаганда на Провинцијата Гуангдонг, Ванг Генгхуи, заменикот уредник на Нанфанг Медиа (чија сопственост е „Јужен викенд“ и Хуанг Цан, член на уредувачкиот одбор на групата и в.д. главен уредник на „Јужен викенд“ побарале од редакцијата да објават изјава „До читателите“ која ги искривувала фактите. Ву Веи (@风端), лицето одговорно за официјалниот блог на „Јужен викенд“, одбил да го стори тоа, но под притисок го предал профилот и лозинката и објавил на неговиот личен микроблог дека од тој момент не презема одговорност за содржините објавени на официјалниот (оваа објава подоцна била избришана).

Редок случај на пркос

Кина е озлогласена по цензура на новинарството. Повеќето новинари во Кина немаат друг избор освен со насмевка да ја поднесуваат цензурата во текот на нивната кариера. Овој инцидент, од друга страна, доведе до редок случај на отворено пркосење според цензурата од горе и до повици за колективна поддршка од јавните интелектуалци. Тоа не само што покажува колкав кредибилитет и видливост имал „Јужен викенд“ во јавноста, туку и ги истакнува новите односи на моќ меѓу властите и јавноста под влијание на новите медиуми.

@五岳散人 влијателен корисник на микроблогот Сина, напиша:

@五岳散人:事件发展至今,明显可以看出已然犯了众怒,而且事情有越演越烈之势,不能釜底抽薪、只会扬汤止沸、最终引火烧身。这就是问题所在:所有狗屁倒灶的行为必须维护而不能切割,切割就证明错了,错了就会被追问,追问就会追到执政手法的根子上。

@五岳散人: Очигледно овој инцидент ја разбесни јавноста и неговото влијаие ќе се интензивира. Ако владата не може да го реши проблемот, на крај ќе се самозапали. Владата, наместо да го блокира јавниот глас, треба да дозволи тој да се шири. Ако се случува цензура, тоа значи дека владата прави лоши работи и потоа ќе бидат соочени со прашања за проблемите со нивното владеење.

Всушност, писателите, драматурзите и режисерите се во улога на заложници во однос на цензурата во Кина. Познатиот блогер и писател, Ханхан, опишува секојдневно сценарио со кое се соочуваат уметниците во Кина на неговиот блог (на кинески) (пост напишан по бришењето на два негови профили на платформи за микроблогирање):

“你可以有那些所谓的自由,因为他们有惩罚你的自由。无论是文学,新闻,影视,你都要花相当的精力用于得到他们的许可。哪怕你想讲讲规则,他们也不明确告诉你规则是什么,以便让每个人都或多或少是违反“规则”的。想要符合他们的规则,只有变成他们。我们自审互审,诚惶诚恐,战战兢兢,不停揣摩。”
„Додека вие уживате во таканаречената слобода, тие уживаат слобода да ве казнат. Не е важно дали работите на книжевност, новинарство, филм или телевизија – во сите случаи мора да вложите огромни напори за да добиете дозвола од нив. Нема однапред поставени правила што треба да се следат, па во секој случај испаѓа дека ќе прекршите некое од правилата [што се поставуваат арбитрарно]. Во суштина, мора да станете еден од нив и да ги следите тие променливи правила. Затоа, самите си ја цензурираме нашата работа и работата на нашите колеги, додека се трудиме да сфатиме кои се важечките правила, ние сме внимателни и преплашени.“

За разлика од редакцијата на „Јужен викенд“, многу други одбиваат компромис на оваа тема и се придружија на пркосењето. Заменикот главен уредник на магазинот „Народ“ (анг. People) го напиша следното на неговиот микроблог:

@林天宏: 这些年,我们这些人,被毙稿,被封口,被噤声,然后开始习惯,开始妥协,开始自我安慰,开始熟悉那些明里暗里的边界和尺度,开始自我审查,就好像温水里煮 着的青蛙。。。我们走得太远了,好像都忘记了当初为什么选择这个行当。为什么要守护Nz同仁?要我就一句话,人生短短数十载,怎能忘掉初心?
@林天宏: Низ сите овие години, се навикнавме на фактот дека нашите нацрт-тектови ќе бидат убиени и дека нашите гласови ќе бидат цензурирани. Почнавме да правиме компромиси и да се лажеме самите себеси. Ги запознавме тие двосмислени ограничувања и почнавме со автоцензура. Веќе не чувствуваме ентузијазам за нашата професија. Премногу сме забегани за да се сетиме зошто воопшто одбравме ваква кариера. Зошто треба да дадеме поддршка за редакцијата на „Јужен викенд“? Само една реченица: животот е краток, како може да ја заборавиме нашата иницијална посветеност да ја одбереме кариерата на новинар?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.