За кинеската кинематографија, јапонска инвазија која никогаш не завршува

Немилосрдното производство на кинеската индустрија за забава на филмови кои ја прикажуваат инвазијата на Јапонија во Кина за време на втората светска војна привлече внимание кога телевиската ѕвезда Shi Zhongpeng се појави на насловните страници во Кина минатата недела, затоа што наводно до сега тој се појавил во улога на јапонски војник повеќе од 200 пати само изминатата година, и дури осум пати „умрел“ во еден ден за целта на различни проекти на кои работел.

Кина и Јапонија моментално дебатираат околу островите во Источното кинеско море, со тоа јапонската инвазија на Манџурија во 1931 стана безбедна тема и популарен избор на филмсите режисери кои континуирано се справуваат со строга цензура. На пример, во филмското студио Hengdian во кинеската провинција Жејианг, во 2012 година снимени се околу 48 филмови кои обработуваат теми поврзани со јапонската инвазија на Кина.

„Има одреден број на историски драми и шпионски приказни кои смеат да се емитуваат во ударни термини“, вели Zhou Weicheng, генерален менаџер на Greentown Media во бизнис вестите на Chengdu. „Што друго можеме да снимаме освен јапонската инвазија?“

Поради овие причини, кинеските телевизиски канали се преплавени со анти-јапонски филмови чија цел е да ја едуцираат, еуфемистички кажано, кинеската публика. Кинеските медиуми и нетизени се сомневаат во намерите на властите и ја изразуваат својата загриженост за филмската цензура.

Коментаторот Yu Deqing продолжи со објаснувањето: „Кинеската филмска индустрија има два аспекти: од една страна, некои чувствителни теми се подлежни на строга цензура; а од друга страна пак, некои популарни теми се финансирани од владата, како што се оние за јапонската инвазија. Филмовите со револуционерни идеи кои бараат напредна технологија е потешко да поминат низ цензурата или да добијат финансии од државата.“

A screenshot of the report about movie extra who has acted as a Japanese soldier over 200 times last year(from youku)

Слика од екранот од извештај за веб-сајтот за споделување на видео содржини Youku во врска со ТВ ликот Shi Zhongpeng кој глумел како јапонски војник повеќе од 200 пати минатата година.

Едукација или перење на мозок?

Еден корисник на кинеската микро-блогерска веб-страница Wangyi Weibo ја дискутира потребата од продукцијата на толку многу драми:

日军侵华虽然值得我们每一个中国人铭记,但我们是不是真的有必要拍出N*N部出来,并变着法的来丑化日本?让本来是只该对日本法西斯的憎恶,升华成对整个日本民族的憎恶。

Иако инвазијата на Јапонија врз Кина вреди да остане во нашите сеќавања, дали е навистина неопходно да се снимаат и емитуваат толку многу филмови и да се бараат толку различни начини да се демонизира Јапонија? Со тоа само би се зголемила нашата омраза од омраза на Јапонските фашисти во омраза на целата нација.

Корисникот leiyang516789991 се прашува за автентичноста на филмовите за Wangyi Weibo:

别人的电影都是反射战争的残酷性和非人性,让观众对战争有理性的反思。我们的电影反映的是杀戮的正义性和领导人的英明伟大,让观众对那段真实的历史从始至终都稀里糊涂。没办法,历史这个小姑娘我们就是要打扮成这样的,尔等胆敢乱讲真话,拉出去枪 毙!

Во други земји, филмовите со воена тематика се одраз на бруталноста и дехуманизацијата на војните, што ја принудува публиката да ги одрази. Нашите филмови ја прикажуваат праведноста на убивањето и величината на лидерите, што предизвикува публиката да стане збунета околу вистинската историја. Но, што можеме ние да направиме? Тие го дотеруваат ова мало девојче кое сакаме да го нарекуваме историја на било кој начин сакаат, секој кој ќе се осмели да ја зборува вистината ќе биде изваден на улица и застрелан.

Корисникот wangwei1976 го повтори чувството за Wangyi Weibo:

抗日片不真实让我们觉得抗战是场游戏,这会误导我们的人民。这是对历史的背叛,强调历史的真实能让我们更清楚的去面对明天!日本拍得日美之间的战争和德国拍得德苏之间的战争,美国人近几年拍得二战大片中,都真实得让人对战争和人性进行深层次的思考。这才是一个民族自信的源泉!

Нереалниот приказ на јапонската инвазија прави да се чувствувам како сето тоа да е само игра, што може да биде погрешно. Ова е предавство на историјата. Разбирање на вистинската историја ни овозможува да се соочиме со иднината со бистар ум! Јапонските филмови за војната помеѓу Јапонија и САД, германските филмови за германско-советската војна и американските филмови за втората светска војна влијаат на сликата која луѓето ја имаат за војните и човештвото. Тоа е изворот на самодовербата на една нација!

Последиците од филмската цензура

Eкономистот 李子暘 коментира за Weibo околу општата ситуација со цензурата во Кина:

抗日剧泛滥是管制的闹剧。投资影视,不是闹着玩的。万一题材通不过,百万千万甚至上亿的投资就要打水漂。谁也受不了。因此,就只好跟 风,题材政治安全是首要考虑的条件。既然抗日题材政府允许,那就赶紧拍。在中国做影视,创新是最可怕最疯狂的,跟风无可指责。

Изобилството на фимови за јапонската инвазија е резултат на цензурата. Да се инвестира во филм не е шала. Доколку темата не успее да помине низ цензурата, милиони дури милијарди инвестиции би биле залудни. Никој не може да си го дозволи тоа. Затоа луѓето немаат избор, тие мора да го следат примерот. Политичка безбедност е приоритет кога се избира тема. Откако владата одговара со ОК на анти-јапонските теми, тогаш зошто да не се снимаат такви филмови? Во Кина, употребата на иновативност во филм е најстрашната и најлуда работа која некој може да ја направи. Никој не може да се обвини затоа што го следи овој тренд.

Коментаторот 于德清 ја изрази својата загриженост за цензурата, како дел од Бизнис вестите Сhengdu:

问题是,过度的行政管制,只会抑制创新和产业的升级。造成抗日剧的低水平和无聊重复的原因,大抵如此。其一个直接后果是,电视的吸引力下降,人们远离沙 发。近年来,大中城市电视开机率已经明显下降。年轻人都上网看美剧、韩剧了。可是,有些管制者仍然不明白,他们把市场管死了,自己还有什么用呢?

Проблемот е дека прекумерната административна контрола ќе ги потисне иновациите и индустриското надградување, со што се добива ниско ниво на продукција и имитатори кои прават анти-јапонски драми. Директната последица би била пад во привлечноста на телевизиите; луѓето ќе се држат настрана од својата софа. Во изминатите години, во големите и средно-големите градови, гледаноста на телевизиите значително се намали. Младите луѓе го користат интернетот за да гледаат американски и корејски ТВ-драми. Сепак, некои регулатори се уште не разбираат дека самите го потиснуваат својот пазар во ќорсокак. Каква корист имаат од тоа?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.