Самозапалувања ги стимулираат бугарските протести

Протестите во Бугарија продолжуваат по повеќе од 20 дена. При последниот голем протест, на 24 февруари, повеќе од 200.000 луѓе излегоа на улиците на најголемите градови – Софија, Пловдив и Варна. Нивните барања против монополите од енергетскиот сектор и за ревизија на политичкиот систем остануваат неисполнети. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, на 28 февруари изјави дека ќе оформи привремена влада оформена со учество на организации од граѓанското општество. Но протестите продолжуваат, со нови собири закажани за 3 март, денот на независност на Бугарија.

Една од причините за продолжување на протестите се самозапалувањата – три случаи за помалку од месец дена, сите во главно занемарени од медиумите.

Еден од самозапалените, 36-годишниот Пламен Горанов, стана симбол на борабата против мафијата и политичкиот систем. Тој е наречен „бугарски Јан Палах“, по чешкиот студент кој се самозапалил во Прага 1969 година, во знак на протест против Советската инвазија на Чехословачка.

Plamen Goranov.

Пламен Горанов.

Горанов е еден од главните критичари на мафијата во неговиот град Варна. Локалниот градоначалник Кирил Јорданов е наводно поврзан со „лигавата и моќна“ ТИМ-група. Јорданов е градоначалник на Варна од 1999. Активистите веруваат дека самозапалувањето на Горанов било во знак на протест против ТИМ.

ТИМ е неформалното име на економска холдинг група од Варна поврзана со „КхимИмпорт“, основан во средината на деведесеттите. Во прво време била поврзувана со криминална активност, а по 2000 г. со економски активности.

Според еден напис во бугарскиот весник „Капитал“

[…] ТИМ бил создаден од десет луѓе. Сите се бивши маринци од одделот „Тихина“ близу до Варна. Се работи за тајна служба на морнарицата, кои со години биле тренирани како специјални единици – командоси, падобранци и нуркачи. Повеќето од основачите биле бивши репрезентативци во карате и освојувале медали на меѓународни турнири. […]

[…] Во раните деведесетти, многу бивши маринци останаа невработени поради реформи во армијата. […] Добрата физичка форма и карате-вештините им овозможија на повеќето од нив да се занимаваат со различни активности поврзани со примена на сила. […]

Бугарскиот блог PsyGlass го објави следното за Пламен Горанов:

[…] Какво име! Пламен што гори. […] Како повеќето луѓе, дознав за него од снимки и приказни. Кој е тој?  Зошто е херој? Зошто се самозапалил?

Пламен е опасен херој, затоа што е жив. Неговото самозапалување не е споредливо со делата на (бугарските национални херои) К’нчев, на Левски и Ботев? Луѓето на кои им се восхитуваме. На чиишто портрети се воодушевуваме. Но Пламен гореше. Тој е реален, неговите слики се во боја, тие може да бидат видени, а позадината и контекстот се видливи. […]

[…] Побезбедно за хероите е да имаат црно-бели портрети. За да може да обожуваме без прашања, да ги земаме нивните одлуки здраво за готово. Тие се бели – идеални, безгрешни, светли. […]

Смелостта да погледнем честно на Пламен, в цялата му човечност, да си задаваме парещи въпроси, да търсим обяснения и да действаме според смисъла, който откриваме – това е позицията на граждани, на човеци. И може би на герои.

[…] Храброста да погледнеме чесно на Пламен, во сета негова човечност, да ги поставиме горливите прашања, да бараме објасненија и да дејствуваме според смислата што ја откриваме – тоа е позицијата на граѓани, на луѓе. И можеби на херои. […]

На бугарскиот веб-сајт за истражувачко новинарство (кој беше хакиран пред неколку недели), текстот за Пламен Горанов и причините за неговиот чин беше објавен на англиски и на бугарски, под наслов „Пламен Горанов – маченикот на ’Бугарската пролет‘“. Напис за Горанов и демократијата во Бугарија има и на веб-сајтот Occupy.com.

Бугарскиот блог за вести, СамокоВест, го објави ова за Горанов:

Пламен Горанов од Варна го изрази својот протест против срамотната ситуација во земјата и неговиот град преку последниот чин на преговори. Се запали и се претвори во жив факел за протестите.

Блогерот Радан Канев пиша за симболизмот на самозапалувањето на Горанов и праша зошто народот не бара владата да дејствува против мафијата:

[…] Нема неприкосновена физичка сила против граѓаните на Варна. Нема советски трупи. Нема дури ни бугарски војски.  Жртвата на Пламен Горанов несомнено е протест против таинствената моќ на групата ТИМ, за која сите зборуваат на кафе или на пиво, на вечера. Но Бугарија има моќ да се спротивстави на таквата влада во сенка. Варна има моќ да ги сопре. Ресурсите на јавната власт се многу поголеми од било која група насилници, од било кој олигарх – па и од сите нив заедно. […]

[…] Единствените тенкови кои го поттикнаа овој протест се тенковите на нашето молчење. Молчењето на политичарите, „општествениците“, медиумите… тишината на инаку гласните протести. […]

Постои една група на Фејсбук за поддршка на Пламен Горанов, со над 1.800 членови. Преку Фејсбук се организира концертен собир за помош на Горанов, кој е во болница и има потреба од донации на крв:

Понекогаш храброста ни предизвикува страв. Понекогаш чин на разбирање нè тера да демонизираме и омаловажуваме. […] Да се обидеме да ја разбереме жртвата во име на идеја, што ќе нè обедини наместо да нè разедини. […] Да донираме крв која му треба на Пламен. Да се обединиме макар околу идејата да му се помогне на овој човек.
Да се молиме за неговото здравје и живот. Иницијативата е дел од серијата настани за поддршка на Пламен Горанов низ целата земја.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.