Три можности за Кипар да ја избегне финансиската криза

Малиот остров Кипар ја продолжува трката против банкрот. По европската одлука за оданочување на сите депоненти, медитеранската република се соочува со критична ситуација. Се појавија 3 можности за островот: да постигне спогодба со Европа, да и се обрати на Русија, или да прогласи банкрот и да ја напушти Еврозоната.

Потекло на кризата

Оваа криза се појави по значајната загуба на средства на Народната банка на Кипар и Централната банка на Кипар, од планот за реструктуирање на долгот во Грција од март 2012. Потоа, двете кипарски банки се најдоа принудени да побараат обнова на капиталот во главниот град Никозија.

Решение за приватниот сектор?

Грчките банки се тесно поврзани со Кипар. Банката за меѓународни порамнувања, проценува дека инвестициите на грчките банки во Кипар се над 12.6 милијарди евра. Овој износ е околу 28% од вкупните инвестиции на кипарските банки. Земајќи ја предвид оваа висока партиципација на грчките банки во кипарскиот приватен сектор, се отстранува можноста за понатамошно учество на приватниот сектор во планот за јакнење на островот.

Les bureaux de Bank of Cyprus à Aglandjia via wikipédia CC-BY-2;0

Канцелариите на Централната банка на Кипар во Агландјиа, виа Wikipedia CC-BY-2;0

Па, ако Кипар може да придонесе од своите банки сума од 7 милијарди евра, кои им се одбиени од Европа, од 17 милиони евра кои ги должи, Eвропа ќе биде приморана уште еднаш да и даде на Грција, понатаму ослабувајќи ја земјата. Повторни преговори, особено за планот на тројката, би биле ризични. Ова исто така е делумно зошто грчката економија е засегната од данокот на депозити.

Понатаму, организирањето на интервенција од приватниот сектор во Кипар може да не биде отпоздравено од инвеститорите. Не треба да се заборави дека „грчкиот случај“ се очекува да остане единствен. Инаку, би било искушение за другите земји кои сега се соочуваат со комплексна економска ситуација, како што се Шпанија, Италија или Португалија, да побараат помош од приватниот сектор.

Последиците од тоа би биле неотповикливи. За финансискиот пазар ранливите состојби ќе постанат комплексни, дури невозможни, и реструктуирањето на јавниот долг за други земји, и за Европската централна банка, би се наѕирало опасно на хоризонтот. Всушност, во однос на депозитите, ова е уште еден „уникатен случај“ кој Европа се надева дека ќе го создаде.

Социјалдемократската партија на Германија, или СДП, сака да даде пример преку Кипар, со цел да го запре гласањето во корист на европска помош во Бундестагот, кое е клучно за канцеларката Aнгела Меркел. Па така, помошта за Кипар, веројатно нема да се случи без поддршка на Бундестагот. СДП гледа резерва на пари за кои се забележува дека се од руско потекло, и се сомнева дека припаѓаат на „мафијата“. Интервенцијата на приватниот сектор не го погоди навистина паричникот на Русија, па така европското решение треба да се фокусира на депозитите. Бидејќи Кипар одби да прифати испуштање на повеќе од 10% од депозитите, за да не ја уништи репутацијата на својот економски систем, беше неопходно да се прошири даночната основа, и да се прошири влијанието врз сите депоненти вклучително и резидентите. Но, ова се уште може да биде доволно за да се бутне Кипар во амбисот. Тоа е причината зошто го одби европскиот план.

Во овој момент, Кипар се соочува со неколку можности. Земајќи ги предвид реакциите во Европа, а особено во Кипар, во последните денови некои од европските носители на одлуки се чини дека сакаат да се откажат, зажалувајќи ги нивните првични избори. Гледаме обиди да се намали учеството на Кипар во сопственото извлекување. Сепак, Европа може да не го прифати обидот за повторно преговарање. Дебатата за целосното учество на ЕМС (Европскиот механизам за стабилност), кој контролира 5.8 милијарди евра помош, продолжува.

Алијанса со Русија

Второто решение би било Кипар да се здружи со Русија. Навистина, Путин сака да ги заштити руските средства на островот, барајќи за возврат, големи концесии за гас, руски воени олеснувања, да не го споменуваме неодамнешното откритие на нафтени резерви на островот. Русија може да ги откупи кипарските банки, особено Лаика Банка, втората најголема банка на островот, со цел да зачува 2.5 милијарди евра во обнова на капиталот. Руската помош веројатно ќе биде комплементарна на европската помош, и несомнено нема да има вистинска пукнатина меѓу Кипар и Еврозоната. За нејзиниот дел, Русија ќе стекне значително влијание во стратешки важниот Кипар. Островот ќе ги зачува интересите на Москва во Европа, но ќе ризикува да создаде некакви проблеми во иднина.

Но, на Русија очигледно не и се брза да донесе одлука. Андреи Костин, директор на ВТБ Банката (поранешна Внешторгбанк), на 21 март најави дека неговата институција воопшто не е заинтересирана да купи банкарски средства на островот:

Sur place, il y a deux banques dans une situation critique qui ont besoin d'être assainies. Il serait absurde de prétendre que nous aurions un intérêt là-dedans. Notre seul intérêt, c'est de retrouver au plus vite la faculté d'effectuer les paiements et de gérer les comptes de nos clients.

Прво, постојат две банки во критична состојба кои треба да се средат. Би било апсурдно да кажеме дека имаме интерес од тие. Нашиот единствен интерес е да ја повратиме способноста за исплати колку што е можно побрзо, и да ги менаџираме сметките на нашите клиенти.

Тој додаде дека неговата банка би требало:

arrêter son activité et quitter purement et simplement le marché chypriote” en cas de “décisions violant le droit, dictées par la politique.

 целосно да ги прекине своите активности, и едноставно да го остави кипарскиот пазар на „евентуалните“ одлуки кои го прекршуваат законот, диктирани од политиката.

Последен излез – Банкрот

Конечно, Кипар може да се осврне кон екстремната но неизбежна одлука, доколку Русија и Европа не ја пружат соодветната поддршка – банкрот. Тогаш, обновата на капиталот во Кипар ќе биде придружен со издавање пари од банките.

Тоа би значело напуштање на Еврозоната, воспоставување строги контроли на паричниот тек, и блокирање на тековните сметки за време на периодот на конверзија во новата кипарска валута. Островот би бил уништен, а неговиот финансиски углед трајно оштетен. Ова би било проследено со период на економска реконструкција под комплексни околности. Што се однесува за Еврозоната, тоа ќе биде неуспех и вознемирувачки преседан.

Финалниот договор постигнат во Брисел, со намера да се растури најголемата банка во земјата, и да се оданочат банкарските депозити поголеми од 100.000 евра, е неефективно хибридно решение, според американскиот економист Тајлер Ковен:

 Која ќе биде цената на кипарското евро, во однос на германското евро? 50%? Јас го нарекувам ова, Кипар го напушта еврото, но го задржува зборот „евро“ за да го зачува образот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.