Павел Дуров, рускиот Зукерберг, се бори за контрола над својата креација

Нешто чудно се случува со Вконтакте, руската домашна верзија на Фејсбук. Во последните неколку месеци, основачот на компанијата и моментален директор, Павел Дуров, претрпе три јавни „удари во забите“, од кои еден можно е да доведе и до криминални обвинувања.

Местенка

Најпрвин, на 27ми март, 2013 година, Андреј Колешников од Новаја Газета објави пробиени е-пораки наводно напишани од страна на Дуров и Владислав Циплукин, поранешниот прес-секретар, адресирани до Владислав Сурков, поранешниот главен идеолог на Кремљ. Во овие пораки, Дуров и Циплукин укажуваат на тајна соработка со федералната полиција со цел потиснување на напорите за онлајн организирање на државната политичка опозиција во декември 2011.

Pavel Durov of Vkontakte speaks during the Digital Life Design conference, 24 January 2012, photo by Hubert Burda Media, CC 2.0.

Павел Дуров на Вконтакте зборува за време на конференцијата Digital Life Design, на 24ти јануари 2012, фотографија од Hubert Burda Media, CC 2.0.

Второ, на 5ти април, 2013, некој возач на бел Мерцедес регистриран на потпретседателот на Вконтакте – Илија Перекопски се спротивставил на полицаец на улиците на Санкт Петерсбург, удирајќи го сообраќајниот полицаец со предниот дел од колата, во фрустрирачки обид да смени лента. (Тука може да ги погледнете видео снимките.) Кога полицаецот тргнал по возачот, тој избегал трчајќи, благодарение на неговиот приватен телохранител кој се погрижил да не се случи потера. Една недела подоцна, полицаецот го идентификувал Дуров како човекот кој бил позади воланот. За неколку дена полицијата ја посетила канцеларијата на Вконтакте во Петерсбург и станот на Дуров (иако тој не беше присутен на ниту едно од местата). Набргу потоа, инспектори од Петерсбург го повикаа Дуров на сослушување на 19ти април. Кога тој не се појави на сослушувањето, тие закажаа ново на 22ри април. Повторно, креаторот на Вконтакте не се појави.

Трето, на 21ви април 2013, Леонид Парфенов од телевизија Дожд изјави дека Дуров се преселил во Бафало, Њујорк, каде тој работи преку нова компанија наречена „Дигитална тврдина“, на нова социјална мрежа која ќе се натпреварува директно со Вконтакте. Тој исто така додаде: „Јасно е дека Дуров нема никакви намери да се врати во Русија.“ Изненадувачката изјава на Парфенов се случи четири дена по големо преструктурирање на сопственичката структура на Вконтакте, кога инвестициската група United Capital Partners ги откупи акциите на основачите Лев Левиев и Виачеслав Мирилашвили (оригиналните почетни пари позади оригиналната визија на Дуров), преземајќи со тоа 48% од компанијата. Претседателот на United Capital Partners, Илија Шчербович, е човек за кој се вели дека има силни врски со московскиот Кремљ, покрај неговото место на бордот на директори во државните индустриски гиганти Роснефт и Транснефт. На телевизиски пренос на 21ви април, Парфенов го интервјуираше Шчербович и пренесе изјава од Левиев и Мирилашвили, во која секој од нив негира било какви непријателски намери против Дуров. (Всушност, Шчербович вели дека UCP би сакала Дуров да остане шеф на Вконтакте.) По емисијата, Дуров веднаш ја негираше изјавата на Парфенов за негова емиграција и објасни дека Дигитална тврдина работи на проект за облак за складирање кој на било кој начин не се натпреварува со Вконтакте.

Руските силни, независни медиуми 

Да се читаат описите на Вестернер за руските медиуми е многу слично искуство со тоа на барање на значењето на зборот „лошо“ во лексикон. Критичарите често од своите обвинувања ослободуваат одредени „почитувани“ весници кои се фокусираат на бизнис, како што се Комерсант и Ведомости. Новаја Газета е друга публикација која често поминува некритикувано, благодарејќи на своите истражувачки новинари, од кои многумина изразија огромна храброст во последните 20 години. Минати репортери од Новаја како Aна Политковскаја (убиена во атентат во 2006) се клучни за денешната репутација на весникот на кој денес многумина гледаат како беспрекорен. Со други зборови, кога Новаја Газета ги објави е-пораките кои инсинуираат на тоа дека Павел Дуров и Вконтакте се во тајна соработка со Кремљ, тие беа во духот на Политковскаја и две декади на говорење на „вистината за моќта“.

Не сите гледаат така на ситуацијата. Антон Носик, еден од највлијателните и најпознати фигури на рускиот интернет, на 28ми март на LiveJournal напиша дека откритието на Новаја е лага – пример за платено новинарство. Во истиот напис, Носик наведува серија на статии на Новаја Газета објавени во 2002, кои биле всушност дел од координирана медиумска кампања на завојувани бизнис интереси.

Leonid Parfenov reports that Pavel Durov isn't likely returning to Russia, 21 April 2013, screen capture from YouTube.

Леонид Парфенов изјавува дека се многу мали шансите Павел Дуров да се врати во Русија, 21 април 2013, фотографирано од Јутјуб.

На 5ти април (истиот ден на несреќата со белиот Мерцедес), Новаја објави продолжение на својот напис од 27ми март, овој пат фокусирајќи се на Кремљ – соработката од Циплукин и „Твитер дневникот“, веб базиран проект кој за почеток доби 25.000 американски долари од „Start Fellows“— програма за грантови спроведена од Дуров и инвеститорот Јури Милнер. (Подоцна истиот ден, Циплукин се извини и призна дека втората серија на е-пошта е вистинска.) На 6ти април, водителката на радио програма Јулија Латинина ги критикуваше коментарите на Носик од 28ми март, нарекувајќи го „пријател“ на Дуров и нагласи дека примерот кој тој го наведува од 2002 е стар 11 години. На 9ти април, Носик повторно одговори, објавувајќи огромна статија од 2500 збора на својот блог, обраќајќи се на неодамнешното минато на Новаја и деталите на нејзиното сомнително анти-Дуров известување.

Носик ја секцира Новаја 

„Доколку стануваше збор за било кој друг весник“, пишува Носик, „статија како оваа која тие ја објавија би била проверена од страна на колеги со некакво (техничко) искуство“. Навистина, статијата од 27ми март на Новаја не кажува ништо за како Колесников ги добил овие хакирани е-пораки, а весникот не нуди никаков начин да се провери нивната автентичност. Чудно, Новаја деликатната содржина ја наведе како слики од преглед на текстот за принтање, без никаков дигитален потпис. (Содржината обајвена на 5ти април, која содржеше е-пораки напишани од Циплукин, не од Дуров, содржеа дигитален потпис.)

А потоа тука е и самата електронска порака на Дуров, чиј вовед е прилично смешен:

Как вы знаете, мы уже несколько лет сотрудничаем с ФСБ и отделом «К» МВД, оперативно выдавая информацию о тысячах пользователей нашей сети в виде IP-адресов, номеров мобильных телефонов и другой информации, необходимой для их идентификации.

Како што знаете, веќе неколку години работиме со специјалниот оддел „К“ на ФСБ и МВД, навремено обезбедувајќи информации поврзани со илјадници корисници на мрежата во форма на IP-адреси, броеви од мобилни телефони, и други информации неопходни за нивно идентификување.

Доколку Дуров – кој честопати е опишуван како генијалец, не различно од Марк Зукерберг на Фејсбук – навистина соработувал со Кремљ, дали би го опишал сето ова толку сликовито во писмо адресирано до Владислав Сурков? Поради истата љубопитност, Марија Сергејева се шегуваше на Фејсбук дека „само лоботомизирани“ би напишале фраза како „Ние соработуваме со ФСБ“ во официјален документ. (Сергејева исто така споменува дека Сурков е познат по одбивањето на секакви пораки подолги од еден А4 формат лист, додека пораката наводно напишана од Дуров се протега на неверојатни четири страници.)

Носик исто така го разгледува прашањето по чудната презентација на Новаја. На пример, написот од 5ти април наведува 18 е-пораки напишани од Циплукин поврзани со „Твитер дневникот“, во кои насловот на пораката нишани кон компанијата на Дуров („Микро-богови [претстава на „микроблог“ на руски] се Вконтакте [во контакт] со плоштад Страја [претседателската администрација]”), како Циплукин да алудира на Дуров. Слабата импликација на Новаја се чини дека Start Fellows програмата го инкриминира Вконтакте во нечистите игри на Циплукин со Кремљ.

Носик го затвора својот напис со сликовит напад на Новаја Газета нарекувајќи ја посмртни остатоци од руското новинарство од 1990те, шпекулирајќи дека одредени личности се одлучиле конечно да ја отрујат интернет културата на земјата:

А сейчас какие-то люди, для которых ведение чёрных PR-войн является привычным занятием, решили влезть с этой дубиной в Интернет. И мне не очень важно, кто эти негодяи: володинские они, сурковские, малофеевские, или чьи-то ещё. Мне в любом случае не хочется, чтобы они тащили это своё говно в Рунет. Мне хватает Единого реестра и уголовных дел против блоггеров.

Но, сега одредени личности, за кои водењето на војни на црн публицитет е секојдневна работа, одлучија да се вмешаат на интернет. За мене не е важно кои се овие личности: луѓето на Володин, на Сурков, на Молофеев, или пак нечии други. Кои и да се, не сакам тие да се мешаат во РуНет. Доволно ми е од црни листи на интернет корисници и криминални случаи покренати против блогери.

Не толку директен заговор? 

На 19ти април, по откривањето дека UCP сега поседува речиси половина од Вконтакте, Носик повторно се повикува на скандалите околу компанијата, најавувајќи малку неочекувано дека тој не мисли дека акционерското преструктурирање (кое се шпекулира дека UCP го чинело од прилика 700 милиони американски долари) е причината за медиумската кампања против Дуров. (Иако, Носик поседува одредени сомнежи за самостојно-пријавените 3.5 милијарди под управа на менаџментот на UCP, прашувајќи сомнително чии пари се тие, кога ниту еден од петте инвестициски фонда не вреди ни најмал дел од тоа.)

Носик нагласува дека партнерите на Дуров, Левиев и Мирилашвили, не ја држеа во тајна нивната желба да се одвојат од Вконтакте. Всушност, оваа тензија е видливо истакната во книгата на Николај Кононов од 2012 година „Кодот на Дуров: Вистинската приказна позади социјалната мрежа ‘Вконтакте’ и нејзиниот креатор.“

Само неколку дена подоцна, на 22ри април, самиот Кононов го искажа својот став за актуелната криза на Дуров, нудејќи пет можни заклучоци од приказната. Во најверојатното сценарио (на кое Кононов му препишува веројатност од 95%), големиот дел од акционерите на Вконтакте го тужат Дуров за неговиот проект Дигитална тврдина (кој и покрај се испадна дека е апликација за инстантно допишување), по што Дуров ќе мора да ги продаде своите преостанати акции од Вконтакте по амортизирани цени за да ги плати своите судски услуги.

Енигмата на Дуров

За време на неговиот мандат во Вконтакте, Павел Дуров не избегнуваше контроверзии. Во јули 2011, откако групата Mail.ru на милијардерот Алишер Усманов ја прошири својата сопственост врз Вконтакте на 39.99%, Дуров водеше жестоки борби за да ја задржи контролата врз компанијата, одбивајќи да се помири со изразената желба на Усманов да ги откупи акциите на Левиев и Мирилашвили. На 22ри јули, Дуров објави на Инстаграм фотографија од себе покажувајќи одредени гестови кон камерата, насловена „Мојот официјален одговор на обидот на Mail.ru да го преземе Вконтакте.“ Шокирачки, Усманов се повлече, наводно импресиониран од потегот на Дуров (или можеби по инструкции на Кремљ да се повлече). На 22ри април, групацијата Mail.ru му додели на Дуров целосно повереништво врз своите акции, со што тој доби мнозинска контрола врз Вконтакте, зависна секако од континуираниот добар гест на Усманов.

http://instagram.com/p/IO0Kd/

Пораката на дуров до ФСБ, 8ми декември 2011. Фотографијата е објавена на Твитер-профилот на Дуров.

На почетокот од декември 2011 (точно кога статијата на Новаја не убеди дека тој пишува љубовни пораки за Сурков), Дуров се испреплете со Санкт Петербуршката ФСБ, што бараше од Дуров тој да избрише седум групи на неговата мрежа чија цел беше организирање на Русите против Обединета Русија. Повторувајќи го својот трик против Mail.ru групацијата, Дуров го објави барањето на ФСБ, објавувајќи скенирана верзија на официјалната полициска петиција, заедно со хумористична слика од куче кое носи качулка (кое потсетува на заштитниот знак на Дуров од нацртано куче).

Наместо бришење на опозициските групи, Вконтакте всушност ги крена рестрикциите на мрежата на нејзините групи, дозволувајќи им да објавуваат повеќе од предвидениот лимит од 16.384 написи на ден. Подоцна истата вечер, владините инспектори и камуфлирани полициски специјални сили тропнаа на неговата врата, барајќи пристап во неговиот дом. Дуров не дозволи да влезат, со што властите си отидоа и никогаш повторно не се вратија. (Телохранителите на Дуров подоцна на Николај Кононов му кажале дека речиси започнале огнена престелка со полицијата, плашејќи се дека тие може да се обидат да ја срушат насилно вратата.)

Неколку дена по инцидентот, Дуров објави oтворено писмо објаснувајќи го својот инает како чин на чувство за бизнис, аргументирајќи дека ФСБ се труделе да го хендикепираат Вконтакте во истото поле во кое другите социјални мрежи слободно оперираат. Очигледно чувствувајќи се непријатно со својот нов статус на херој во движењето на организирање на протести, Дуров се обиде да го врати својот идентитет како посериозна, бизнис-фокусирана индивидуа:

Те, кто бросились благодарить нас за содействие политическим протестантам, теряют из вида простое обстоятельство. Если бы в те же дни мы стали проигрывать в конкурентной борьбе из-за отсутствия какого-нибудь сервиса виртуальных массовых репрессий, нам бы пришлось ввести и его. И будьте уверены – наши репрессии были бы самыми массовыми и самыми кровавыми на рынке.

Оние кои ја избрзаа шансата да ни се заблагодарат за помагањето на политичките протести не успеаа да го согледаат едноставниот факт. Ако во истиот период почнавме да ја губиме својата компетитивна предност поради недостаток од некаков вид сервис за репресија на виртуелна маса, тогаш и ние ќе станевме сервис од таков вид. Нашите репресии ќе беа најмасивни и најкрвави на пазарот.

Во уште еден акционерски скандал, Дуров во ноември 2012 откри дека Константин Малофеев (тогаш претседател на Marshall Capital Partners и повереник на лигата за безбеден интернет) порачал медиумски напад врз Вконтакте во август истата година, експлотирајќи ја неговата позиција во лигата да го обвини Вконтакте за објавување на големи количини на детска порнографија. Малофеев, се чини, се обидел и не му успеало во тоа што Усманов го имал една година пред да ги откупи Левиев и Мирилашвили. Дуров вели дека медиумската кампања против Вконтакте престана истиот момент кога тој се обрати на Малофеев за преговори, и продолжи моментот кога овие преговори завршија.

Денешната мистерија

Западното покривање на моменталните неприлики на Дуров верува дека сили лојални на Кремљ извеле рација врз Вконтакте, кои јасно ги изразиле своите интереси во контролирање на капацитетите на веб-страницата со цел мобилизација на опозицијата. Мириам Елдер од британскиот Гардијан пишува дека неодамнешните настани се случиле од „стравот дека Кремљ се обидува да ја зацврсти својата контрола врз интернетот“, додавајќи дека „стравот на Кремљ од интернет пораснал откако Владимир Путин се вратил во Кремљ минатата година во услови на невиден бран од протести.“

Сепак, речиси половина од Вконтакте припаѓаше на Mail.ru групацијата веќе подолго од две години, и сопственоста на Усманов изнесувала повеќе од 30% од 2010. За сите овие години, владеењето на Дуров врз компанијата, шарено и бунтовно, целосно зависело од поддршката на рускиот најбогат олигарх. Со ситуацијата како таква, каква добивка има Кремљ од спроведувањето на напади со „црн публицитет“ кон Дуров? Како клеветите на Вконтакте за ФСБ ја „засилија контролата на Кремљ врз интернетот”?

Веќе здодевна стилска фигура во руската политика е извлекувањето на остри генерациски линии кога се разговара на тема развојот на земјата. Елексеј Навални тоа го направи кога заврши со служењето на дво-неделен притвор во декември 2011 и изјави дека влегол во затвор во една земја, а излегол во сосема друга. Антон Носик го прави истото кога ја етикетира Новаја Газета како антиквитет од 90ите. Моменталните ставови поврзани со Павел Дуров и Вконтакте не се многу поразлични. Луѓето сакаат да веруваат дека „рускиот Фејсбук“ претставува нешто ново што може да придонесе кон прекин на минатото.

Запаметете дека сепак, Телевизија Дожд — опозициската основна сила помеѓу телевизиските медиуми — беше исто така соучесник во кампањата против Дуров. Многу нетизени беа спремни да веруваат во анти-Дуров публикациите на Новаја, и покрај тоа што новинарството во стилот на 90ите повеќе не е модерно во ова интернет-доба. Олег Кашин, на пример, на 5ти април шпекулираше дека членови од тимот кој работи на заменување на Сурков забележале инкриминирачки електронски пораки и истите ги испратиле до Новаја Газета како како акт на забава.

Кој и да стои зад медиумската кампања и кое и да е значењето за руското општество, легалната стратегија на Дуров за сообраќајниот инцидент во Санкт Петерсбург се чини дека го одразува неговиот став во декември 2011, кога полицијата за прв пат се појави на неговата врата: тој едноставно не одговара. Според Известија, дневен весник близок на Кремљ, планот на Дуров може да успее. Весникот објави напис минатата недела на 26ти април, во кој алудира дека инспекторите од Санкт Петербург можеби ќе го затворат случајот со белиот Мерцедес, доколку не успеат да дојдат до Дуров до почетокот на јуни. Дали станува збор за шпекулации или е можеби порака до Дуров да се држи настрана? Дали ќе го направи тоа?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.