Уште еден експеримент со руските сирачиња

Изминатата година беше исклучително лоша за руските сирачиња. Најпрвин тие несвесно станаа пиони на дипломатската препирка на Русија и САД, со што посвојувањето на деца од страна на Американци беше забрането во знак на одмазда за американската „Магнитцки листа“ од декември 2012. Тогаш, на 30 мај оваа година, Павел Аштакхов, рускиот правобранител на детски права, предложи забрана на сите посвојувања од страна на жители од Франција, цитирајќи ги француските закони на истополови бракови. Можеби желен да спречи сугестии тој скоро и да ги скратуваше шансите на сирачињата да бидат посвоени, наместо да ги сголемува. На 7 јуни, Aштаков предложи нова, експериментална програма во која руските сирачиња може да бидат ставени за посвојување во различни региони во земјата.

“Странно, что итальянец, француз, немец приезжают в Россию и могут взять ребенка, а житель Северо-Кавказского или Дальневосточного федерального округа не может взять ребенка в Москве или Нижнем Новгороде. Это возможно.”

Чудно е дека некој од Италија, Франција или Германија може да дојде во Русија и да земе дете, додека некој кој живее во Северен Кавказ или на далечниот исток од Федералниот округ не може да земе дете од Москва или од Нижни Новгород. Ова е една можност.

"Explaining Dipping Sticks to Russian Orphans" Kaluga, Russia. Photo by Robert Dann CC 2.0

„Сирачиња од Русија“ Kалуга, Русија. Фотографија на Роберт Дан CC 2.0

Астакхов продолжи со тврдењето дека „Доколку збориме за експеримент, тогаш јас не сум против експеримент“. Најверојатно требаше да внимава повеќе во изборот на зборови, затоа што идејата за испраќање на руските високо-политизирани сирачиња во немирните Северно Кавкаски Републики, во знак на социјален „експеримент“, беше на широко осудена од нетизените од сите политички редови.

Руските националисти, се разбира, беа бесни. Еден блогер, fotograf_1 (чиј блог се вика „Slav“), не се воздржи, а да не нападне.

Мои глаза меня обманывают?! Да этим детям сломают психику, их будут насиловать, их будут учить убивать, их будут воспитывать в ненависти к русским. А если нет, то что? они будут овец пасти в горах?! да к этим детям будут относиться как к рабам, если не хуже!

Дали очите ме лажат?! Психата на овие деца е скршена, тие ќе бидат силувани, учени да убиваат, ќе бидат воспитани да ги мразат етничките Руси. И ако не се, тогаш што? Ќе одгледуваат овци во планините?! Овие деца ќе бидат третирани како робови, ако не и полошо!

Темата „ропство“ беше наметната од еден друг блогер-националист, belyaev, кој напиша:

К примеру, не так давно в СМИ просочилась информация, что прямо на автобусной остановке в Махачкале был организован рынок рабов, который «крышевали» полицейские. Местный блогер Закир Магомедов, который и привлёк внимание к этому ужасу, даже приводил цены на живой товар – 15 тысяч рублей за мужчину и за 150 тысяч за девушку. Ну а сколько приходит сообщений про рабов, освобождённых с кирпичных заводов Кавказа, лучше вообще промолчать.

Погледнете го неодамнешниот пример објавен од медиумите, каде бил организиран пазар на робови на автобуската станица во Макхачкала, кој бил „под заштита“ од полицијата. Локалниот блогер Закир Магомедов, кој ја донесе оваа приказна на вниманието на јавноста, дури ги објави и цените на „стоката“ – 15,000 рубљи (450 американски долари) за маж, и 150,000 рубљи (4,600 американски долари) за девојка. Нема ни да почнам да зборувам колку многу робови беа ослободени од фабриките за тули во Каукасус.

Белјаев мислеше на случајот каде Aндреј Попов, војник кој тврди дека бил киднапиран и принуден на работа во фабрика за тули во Дагестан. Вестите за ова предизвикаа повеќе од 300 коментари на популарниот опозициски блог на Андреј Малгинo, поголемиот дел од кои во негативен контекст, а голем дел од нив ксенофобични или исламофобични.

Дури и Русите кои вообичаено важат за либерални не беа импресионирани. Блогерот yttytt саркастично на Твитер напиша:

А меня Астахов порадовал свежестью мысли: отдадим сирот на Северный Кавказ, обратим в мусульманство и дадим в руки по автомату “Борз”. Ура!

Задоволен сум со оригиналното размислување на Астакхов: дади ги сирачињата на Северен Кавказ, префрлете ги на Ислам и ставете „Borz“ машина во нивните раце. Ура!

Соопштението беше дискутирано и на популарната опозициска Фејсбук група „We Were On Bolotnaya Square and We'll Come Again“ („Ние сме на плоштат Блотнаја и ќе дојдеме повторно“), каде реакцијата беше целосно негативна:

Diallo Marina: У них девочка считается женщиной лет с 12 . Об этом он подумал?

Diallo Marina: Тие мислат дека девојка станува жена кога ќе наполни 12 години. Дали (Астакхов) помисли на тоа?

Olga Leonova: А что? И вырастят…боевиков

Olga Leonova. И што? Ќе ги израснат… да бидат борци против тероризмот?

Leonid Jerschow: Похоже, Астахов нашел способ подготовки террористов с европейской внешностью

Leonid Jerschow: Изгледа како Астакхов да најде начин на создавање на терористи со европски изглед

Кремљ потроши голема количина крв и богатство последните 20 години за да се осигура дека Северен Кавказ ќе остане дел од Руската Федерација и успеа во тоа. Додека заканата за одделување сега изгледа далечна, за големиот дел од русите Северен Кавказ и неговите луѓе важат за туѓи и непријатели. Опозициски активисти од идеолошкиот спектар го споредуваат овој регион со најлошите случаи на корупција и безредие, ги споредуваат масивните субвенции кои одат кај локалните деспоти, како што е лидерот на Република Чешка Рамзан Кадиров. Можеби предлогот на Астакхов беше дизајниран така да ја спои оваа поделба и да ги донесе поблизу етничките Руси и луѓето од Северен Кавказ. Доколку тоа е случајот, тогаш јавното негодување покажува дека потребно е многу повеќе од неколку посвојувања за да се промени кснофобичниот став.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.