Претседателските кандидати на Иран вооружени со социјалните медиуми

The Presidential Election. Shared by the International Campaign for Human Rights in Iran

Карикатуристот Touka Neyestani ја прикажува реалноста на изборите во Иран преку карикатура нацртана во рамките на Меѓународната кампања за човекови права во Иран.

Иранските претседателски кандидати се натпреваруваат меѓу себе преку употребата на социјалните медиуми како Фејсбук и Твитер, иако овие веб – страници се филтрираат и претежно се непристапни за интернет корисниците. Мохамед Багхер Галибаф (Mohammad Bagher Ghalibaf), еден од претседателските кандидати, а воедно и градоначалник на Техеран, застана во одбрана на филтрирањето на интернетот во една од неговите кампањи.

Иран ги исполни условите за повеќе неверојатни случувања во текот на претходните неколку години, а претседателските избори не се исклучок. На 14 јуни 2013 година, граѓаните на Иран ќе можат слободно да избираат претседател од внимателно избрана листа со кандидати, сите блиски и драги на Врховниот лидер на Иран.

Празни блогови

Претседателската кампања на Саид Џалили (Saeed Jalili), одговорниот преговарач за нуклеарната програма на Иран во Обединетите нации, тврди дека постојат повеќе од 1,800 блогови кои го поддржуваат. Блоговите се достапни на интерактивна мапа на Иран само со еден клик, но, занимливо е што некои од нив, како на пример блогот на Шахид [маченик] Забуни (Shahid [martyr] Zabuni), подолго време е неактивен, освен една објавена фотографија без придружен текст за поддршка на Џалили. Се чини дека некои од блоговите се создадени единствено за потребите на кампањата, без ниту еден збор објавен на нив.

Џалили користи и Твитер, при што твитовите на англиски јазик помагаат за промоција на неговите политики пред меѓународна публика:

@DrSaeedJalili: Меѓународната политика на Иран е една од најпозитивните пристапи на Исламската Република. Останатите мораат да се приспособат кон овој чекор.

Фејсбук е одличен за прибирање гласови, но лош за луѓето

Д-р Али Акбар Велјати (Dr. Ali Akbar Velyati), поранешен министер за надворешни работи и советник на Врховниот лидер Али Каменеј (Ali Khamenei), прибира најмногу лајкови во споредба со останатите кандидати. Како што прикажа и графикон за споредба изработен од институцијата Брукингс (The Brookings Institution), тој има повеќе од 40,000 лајкови. Неговиот соперник, Мохамед Багхер Галибаф е најблиску до него, со само околу 19,000 лајкови.

На Фејсбук страницата на Велјати коментираат поддржувачи, но и оние кои ја користат можноста да го критикуваат системот за филтрирање на интернетот. Колан Нистам (Kollan Nistam) вели [фарси]:

[Исламската Република] вели дека Фејсбук е забранет и залажува. Зошто одненадеж се приклучувате на Фејсбук за прибирање на гласови? Дали сметате дека станувањето шеф [претседател] Ви дозволува да бидете контрадикторни? Не извикувајте слогани. Дури и Вие сакате да одлучувате каква долна облека треба да носиме. Не вознемирувајте нѐ во виртуелниот свет, заминете си.

Инстаграм, новото лице на сцената

Четворицата кандидати на претходните избори одржани 2009 година, вклучувајќи го и претседателот Махмуд Ахмадинеџад (Mahmoud Ahamdinejad), како и двајцата лидери на опозицијата, Мир Хуесин Мусави (Mir Hussein Mousavi) и Мехди Каруби (Mehdi Karroubi), користеа Фејсбук и Твитер за потребите на нивните кампањи.

Овојпат, двајцата кандидати, Саид Џалили и Мохамед Багхер Галибаф додаваат нова алатка во приказната: Инстаграм. Саид Џалили неодамна објави 33 фотографии од себеси на разни средби, како и на некој универзитет. Галибаф го користи Инстаграм повеќе за објавување на пишан текст отколку за фотографии.

Цензуриран кандидат

За време на претходната претседателска трка, поранешниот лидер на револуционерната гарда Мохзен Резај (Mohsen Rezai) речиси и да не користеше интернет за потребите на својата кампања. Овојпат, Резај се враќа со пософистицирана стратегија за користење на социјалните медиуми Твитер и Фејсбук. Неговата Фејсбук страница тврди дека филмот снимен за потребите на неговата кампања бил делумно цензуриран. Во филмот, Резај говори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Иран.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.