По 160 години во служба, Индија го укинува телеграмскиот сервис

Индиската телекомуникациска компанија во државна сопственост Бхарат Санкар Нигам Лимитед (Bharat Sanchar Nigam Limited BSNL) најави дека по 160 години во служба, телеграмскиот сервис заминува во пензија.

Иако илјадници телеграми сѐ уште секојдневно се испраќаат, телеграфскиот сервис на индискиот телеком работеше со огромни загуби. Минатата година безуспешно беа намалени трошоците за испраќање телеграми со цел решавање на намалените приходи.

Сервисот, кој воедно е последниот масовен телеграмски сервис во светот, престанува со работа на 15 јули 2013 година.

Историјата на телеграмата во земјата датира од 1850 година кога била испратена првата телеграфска порака помеѓу Калкута (денешна Колката) и пристаништето Дајмонд Харбур, на далечина од речиси 50 километри.

Блогерот и новинар Shivam VJ ја опиша очајната ситуација на службата:

На врвот на работата во 1985 година, 60 милиони телеграми беа испраќани и примани годишно во Индија, од 45,000 канцеларии. Денес постојат само 75 канцеларии, покрај фактот што тие се распоредени во секоја од 671 област во Индија преку филијали. Индустријата, која некогаш имаше 12,500 вработени, денес брои само 998 работници.

Indian Telegraph receipt dated somewhere around 1900-1904. Image from public domain via Wikimedia Commons.

Сметка од индискиот телеграфски сервис (Indian Telegraph) датирана во периодот помеѓу 1900-1904. Сликата е преземена од јавен домен преку Wikimedia Commons.

Sidin Vadukut, блогер и новинар, на конференцијата Live Mint ја предвиде мрачната иднина на индустријата. Како што новите технологии ги направија телеграмите излишни, сервисот се соочува со очекувана смрт.

Многумина на социјалните медиуми се сеќаваа на богатата историја на телеграмскиот сервис.

Asha Perinchery на нејзиниот блог се сеќава на златните денови:

Дури и за мојата свадба во 1983 година, се сеќавам дека добивав телеграми со искрени желби од блиските и драгите луѓе кои не можеа да присуствуваат на чино.

Michael од агенцијата Mobile Marketing Watch тврдеше дека СМС и мобилните телефони официјално ја убија телеграмата. Повеќе од 900,000 Индијци сега поседуваат мобилни телефони, додека 120 милиони.

Медиумската компанија MXM India изјави:

Напредокот на технологијата доведе до крај на т.н. „двојник“ во телефонските повици. Телепринтер и телекс сервисите следеа, за конечно да изумре и телеграфот.

Повеќе реакции имаше на Твитер. Твитер корисникот @TeeKay_Inc твитна:

@TeeKay_Inc: Крај на една ера. Стоп. Индија се откажува од телеграмата. Стоп.

Новинарот на Хиндустан тајмс (Hindustan Times) Мадхаван Нарајан (Madhavan Narayan) (@madversity) ја спореди цената на телеграмите со паметните телефони:

@madversity: За време на 60тите и 70тите години на минатиот век, телеграма сочинета од два збора која ќе патува од северот до југот на Индијат чинеше 10 рупии. Денес, имаме речиси бесплатни видео повици во две насоки.

Технологот ManasRM (@ManasRM) напиша некролог за сервисот:

@ManasRM: Почивај во мир, телеграмски сервис – гласник на лоши или добри вести за време на моите факултетски денови.

Состојбата на телеграмските сервиси ширум светот е достапна овде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.