Египќаните сакаат да го соборат режимот на владеење

Денес [30 јуни] Египќаните, ја „славаат“ првата година од претседателството на Мохамед Морси со масовни протести низ целата земја, повикувајќи го да ја напушти функцијата. Анти-Морси кампањата Тамарод, чие име се преведува со бунтување, вели дека досега собрала повеќе од 22 милиони потписи од граѓаните, кои повикуваат на предвремени претседателски избори.

Според египетскиот блогер Нермен Едрес:

@NermeenEdrees: Луѓето продолжуваат онаму кај што застанале во февруари 2011 #Egypt

Ваел Калил разјаснува:

الشعب يريد اسقاط النظام… بجد

@wael: Луѓето сакаат да го соборат режимот… сериозно

На 25 јануари, 2011, Египќаните протестираа против 32 годишното владеење на Хосни Мубарак. Осумнаесет дена подоцна, Мубарак поднесе оставка. Во меѓувреме, со Египет управуваше Врховниот совет за вооружени сили [ВСВС]. По изборите, Морси, кандидат од Муслиманското Братство, го зазеде местото на Мубарак и стана претседател на 30 јуни, 2012 година. Денес, Египќаните повторно ги заземаат улиците, повикувајќи го Морси да се откаже од функцијата и да се стави крај на владеењето на Муслиманското Братство во Египет.

Egyptian protesters gather at Tahrir Square. Photograph shared by @LamiaHassan on Twitter

Египетските демонстранти се собираат на плоштадот Тахрир. Фотографијата ја споделува @LamiaHassan на Твитер.

Новинарот Мохамед Абделфата јавува:

@mfatta7: Има протести во села и улички каде луѓето никогаш претходно не протестирале. #Egypt

Демонстрантите уште од вчера започнаа да се собираaт на плоштадод Тахрир, епицентарот на Египетската револуција во центарот на Каиро. Само во Каиро денес, се организираат неколку демонстрациски паради кои се движат и кон плоштадот Тахрир, и кон Претседателската палата. Исто така, про-Морси парадите и протестите се одржаа претходните два дена, а продолжуваат и денес. Многумина се плашат дека ќе дојде до судир, насилство и крвопролевање меѓу про и анти-Морси демонстрантите.

Tents put up at Tahrir Square last night in preparation for today's [June 30] anti-Morsi protests in Egypt. Photograph shared by @JanoCharbel on Twitter

Од вчера вечер поставени шатори на плоштадот Тахрир за подготовка на денешните [30 јуни] анти-Морси протести во Египет. Фотографијата е сподeлена од @JanoCharbel на Твитер.

Египетскиот блогер Зеинобиа е загрижен за нешто друго:

Стејт департменот на САД издаде патничко предупредување за Египет. Верувам дека ова е вообичаено да се направи, посебно по убиството на aмериканскиот граѓанин Ендру Почтер во вчерашниот судир во Александрија. Американските маринци веќе се спремни во Јужна Европа, за она што се случи во Бенгази да не се случи повторно во Каиро.

Потребно е да знаете дека има повици од Ултра радикалните Про-националисти/армијата/Насеристите упатени кон демонстрантите за не само да протестираат, туку и да ја нападнат Американската амбасада. Овие повици се резултат на чувствата против Америка, кои растат меѓу оние кои не се исламисти бидејќи тие веруваат дека администрацијата на Обама е насочена кон МБ. Американската амбасадорка Ен Патерсон толку многу ја мразат и многу Египќани ја сметаат за американската верзија на Лорд Кромер.

Верувам дека МБ би сакало демонстрантите да ја нападната Американската амбасада за нивните политички противници, како и Египетската армија, да ги загубат сите адути со Вашингтон.

Првата година од функцијата на Морси беше лоша година за Египќаните, со недостиг на гориво и струја, меѓу други проблеми. Јасмин Елнадем објаснува:

@Selnadeem: Повеќето луѓе велат дека немаат гориво во автомобилите, не можеле да одат на работа, па одлучиле да се приклучат на протестот во #Tahrir. #Egypt #30_june

Египетскиот активист и блогер Ала Абд Ел Фата ја сподели следнава забелешка на Фејсбук:

حيث ان امي هزقتني على حالة الاكتئاب و اديتني درس في ازاي لما الشعب ينزل يشيل حكامه تبقى هي دي التفصيلة الوحيدة المهمة و كل خطط و مؤامرات الانتهازيين ولا تسوى أو تفرق، قررنا تفعيل خاصية التفاؤل. بكره احلى رغم كل شيئ.

و مساهمة مني في توحيد الصف الثوري هقول نقاط الاتفاق:
* يسقط كل اللي بيعذب و بيقتل و بيهين كرامة الناس
* يسقط كل اللي بيسرق قوت الناس و يدمر مساكنهم و صحتهم و بيئتهم
* يسقط كل اللي بيحرم الناس من فرجتهم او حلمهم او طموحهم، سواء بالقهر او بالافقار او بالوصاية الأخلاقية
* يسقط كل اللي بيتصالح او يتعاون مع الصهاينة
* يسقط كل اللي قراره تابع لأمريكا او غيرها
* يسقط كل اللي له سلطة من غير تفويض من الناس و كل اللي بيمارس سلطته بما يخالف تفويض الناس
* يسقط كل اللي ساهم في ان اللي عمل ايا مما سبق يفلت من المحاسبة

Откако мајка ми ме исмеа поради мојта состојба на депресија во која бев и ми одржа лекција за тоа како, кога луѓето ги заземаат улиците за да ги искоренат своите владетели, би требало само со ова да бидеме засегнати и сите планови и заговори на опортунистите не се важни, одлучив да се префрлам кон оптимизмот. Утре ќе биде подобро без разлика на било што.

Со цел да ги обединам колумните на револуционерите, би сакал да се согласиме за следново:
* Да ги поразиме сите оние кои измачуваат, убиваат и ги понижуваат луѓето
* Да ги поразиме сите оние кои крадат од народот, ги уништуваат нивните домови, здравје и околина
* Да ги поразиме сите оние кои ги спречуваат луѓето да бидат среќни, нивните соништа и цели, без разлика дали преку угнетување, сиромаштија или морално старателство
* Да ги поразиме сите оние кои се смируваат или соработуваат со Ционистите
* Да ги поразиме сите оние кои чии одлуки се донесени врз основа на американско одобрување
* Да ги поразиме сите оние кои имаат авторитет без согласност од народот и сите оние кои владеат против одобрението на народот
* Да ги поразиме сите оние кои им помогнале на било кои од оние кои сториле било какви злодела од погоренаведените

Многумина се склони кон приклучување на протестите:

Донија Искандер објави на Твитер:

كله ياخد دش ، يشرب الشاي أو القهوة ، يفطر ، يعد مع أهله شوية يصلي و يتكل علي الله و ينزل توكلنا علي الله ضد #مرسي و الإخوان

@Donia_Iskandar: Истуширајте се, испијте чај или кафе, поседете си со семејството, помолете се, и испаднете на улиците да протестирате против Морси и Муслиманското братство

Други, им даваат совети на демонстрантите како да останат безбедни кога се вклучуваат на интернет. Лобна Дарвиш објавува на Твитер:

أقفل التحديث الذاتي في برنامج الإيميل على تليفونك على الشبكات المفتوحة حالوين القصر وما تدخلش أي كلمات سر على الشبكة, ولا https مش كفاية.

@lobna: Исклучете ги автоматските ажурирања од вашите електронски пошти на мобилните телефони кога користите отворена компјутеркса мрежа во близина на Палатата и не внесувајте никакви лозинки, па дури и да користите хттп

Додава:

ما تبعتش على شبكة الإنترنت المفتوحة حوالين القصر أي معلومات مش هتبقى مبسوط لو أمن الدولة والجيش ومرسي ووالدتك عرفوها.

@lobna: Кога сте во близина на Палатата, не праќајте било какви информации на интернет за кои не сакате државната безбедност, војската, Морси или вашата мајка да дознаат

А Басем Сабри ги предупредува демонстрантите да не јадат или пијат било што ќе им се понуди од странците, откако демонстрантите во Александрија, наводно се затруле со пиење загадена вода која им била дадена на еден протест:

محدش يأخد مياة أو لكل من أي مصدر غريب. فيه تقارير عن حالات تسمم بين المتظاهرين من زجاجات مياة وزعوها غرباء.

@Bassem_Sabry: Никој не би требало да зема храна и вода од странци. Има извештаи на труење меѓу демонстрантите откако се напиле вода од шишиња кои им биле разделени од странци

Morsi supporters carrying sticks and shields in Cairo today. Photograph shared by Kareem Fahim on Twitter.

Оние кои го подржуваат Морси носат стапови и штитови денес во Каиро. Фотографијата е споделана од Карем Фаим (@kfahim) на Твитер.

Денот само што започна и можеби нема да помине без инциденти.

Новинарот Еван Хил јавува:

@evanchill: Голема колона од 150 луѓе, маршираат низ толпата со стапови и шлемови, можеби пола од нив со исти лимени штитови

Неговиот извештај одговара на оваа фотографија која Карем Фаим ја сподели на Твитер, и која покажува како оние кои го подржуваат Морси носат стапови, штитови и шлемови.

Бидете во тек со она што се случува, со најнови вести од Египет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.